Ја последниве неколку страни наназад совет не видов. И не знам што е проблемот со спонзорушите? Ако ти нејќеш спонзоруши, има многу мужи кои сакаат. А има и многу девојки кои не се спонзоруши. Така да, не гледам овде никаков проблем. Секој си бара некој сличен на себе. „Добри“ и „лоши“ девојки и дечки нема, секој си е таков каков што си е. Ако ја лично не сакам женски у тигрести хеланки, не можам да кажам дека таквите се лоши, само дека не се мој тип.
На 102 нема ни едно твое мислење. Совети последниве страни нема. Карање само на некои “лоши“ девојки...
@Marick14 кој си пак ти да кажуваш кој дечко е паметен, а кој не? Гледај си за себе, прави како што ти одговара, само внимавај, да не случајно на девојката и се пријаде палачинка, а ти си решил на нешто друго да ги потрошиш парите. @Priroden ако останат имуни, тогаш има некоја причина
@CharmedGirl го следев твојот совет и некни во саботата кога искачавме го видов во еден кафич .Како и секогаш тој ме гледаше цело време па отидов и се поздравив со него и др.школски . Еден другар беше цело време со мене заедно играаме се.И секогаш кога ке погледнев накај него судираа ни се погледите дека он веке ме гледал.А масите ни беа една спроти друга. После кога си отидовме дома една другарка ми пиша и ме пита дали другаро ми бил дечко. Па може ли да се повлече школскио ако слушне такви маабети??
Браво за потегот - ете не било страшно да се направи муабет За другата ситуација, мислам ако стварно му се свиѓаш, нема да се повлече од одма. Ама гледам дека е срамежлив и нема намера да направи конкретен чекор, значи најдобро е кога ќе зборувате нареден пат, да му ставиш до знаење дека другарот не ти е дечко и дека му е слободен патот. Ова исклучиво кажи го кога ќе имате подолг разговор, значи на школо или на кафе или каде и да се гледате, никако на журка. Не е овој муабет за таква атмосфера. Од друга страна, има луѓе што ги пали ситуација во која треба да се борат. Интересно им е да имаат конкуренција и да се докажуваат дека се најдобри. Се зависи од карактерот. Најдобро ќе разбереш откако ќе помине малку време. Сигурно ќе има некаква реакција. Со среќа и се надевам се ќе биде како што сакаш
Машко за помош! Излегов 3 пати со еден дечко, ми има кажано дека нејќе заебанции, така и беше. Ми има кажано дека му се свиѓам и се тоа. Се дешава нешто што ме вади од такт, кажувам дека ни е последно видување, и толку. Не се потресе посебно, ми рече како сакаш ти, така. Како да го толкувам ова, да го побарам пак или ептен да се откажам?
Што се случи толку? Те допре ама ти не сакаше? Не се нервирал пошо е воспитан, да те моли и да се извинува со саати очекуваше? Ако ти значи јави се, ако не откажи се. На недефинирано што се случило, толку можам да кажам.
Машки, помош! досега вашите совети ми помогнале па реков ајде да си прашам пак. Е сега... Пред да почнам со мастерот бев во факсот со еден другар и сретнав еден тип што учи таму исто, одамна го гледам низ школото ама никогаш ништо де немаше случено. Тој ден почна да ми се насмевнува таму ваму и така почнав да мислам на него. Кога го видев тој ден, бев таму пошто завршував дипломската, а другарот ми помагаше пошто ја пишував на англиски па тој котролираше да не имам некои грешки. Овој слушна дека се работи за тоа, и по мое, сигурно помислил дека завршувам и никогаш повеќе нема да ме види. Почнав со мастерот, минаа едно 2-3 недели и го немав видено никаде, така да помислив дека и тој завршил па го нема повеќе. Еден ден го сретнав сосем случајно и пак, насмевки, вртење околу мене бла бла. Од тој ден па до пред неколку дена, тој почна да ги минува деновите во мензата, буквално! Пошто р на докторат може да седи таму по цел ден, не мора да биде во канцеларија. Деновите си минуваа, тој некако се повеќе се доближуваше до мене, откривме исто чисто случајно дека имаме заеднички пријатели и се ок. Минатата недела исто беше в менза... Кога останав сама за секунда дојде и се запознавме, ама не зборувавме многу пошто другарка ми се врати а и тој беше таму со една колешка, работеа нешто. Наредниот ден пак бевме таму, само јас пак не бев сама и го гледв дека сакаше да дојде да седне кај мене ама кога виде дека другарка ми не си оди, тој излезе. Јас тогаш, за да му помогнам малку му пуштив покана за пријателство на фб. Ја прифти одма утрото после тоа. Е сега, од тогаш го гледам само на кратко, ме поздравува обавезно, значи се однесува најнормално, ама го нема в менза. По мое е зафатен пошто завршува докторатот, ама може и грешам. Дали мислите дека го нема веќе пошто изгубил интерест од кога му пуштив покана? Друго, да чекам да го видам и да видам дали тој ќе дојде кај мене, јас да одам кај него да почнаѓ разговор или? Проблемот е исто тоа што кога ќе заврши ќе оди во израел пошто таму учел и му се допаѓало таму. Што да правам? Има ли простор за паника поради фб или?
@Unica, еве ти мислење од машка страна за ситуацијава. Прво, одма да ти кажам, не мислам дека си направила нешто лошо со тоа што си му пуштила покана за пријателство на фб. Што има страшно у тоа? Башка и не знам за машко на кое му се свиѓало некое девојче да изгуби интерес за неа откако таа ќе го адне на фб. Значи, за паника дефинитивно нема ни простор, ни потреба. Проблемов најверојатно е у него. Е сега, што е проблемот, тука можам само да нагаѓам. Не знам за колкав дечко се работи – у мое време, докторати се правеа од 30 год. у најдобар случај, па нагоре, и дефинитивно не се правеа по мензи – како и да е, чим догурал до докторат, би требало више да е сериозна и зрела личност, па не верувам дека ќе ти прави некои детски, топло-ладно игри. Може е стварно зафатен периодов па затоа не ти пишува или не превзема ништо; можда едноставно само е срамежлив. А можно е (пошто не кажа колку си сигурна дека е сингл) тие насмевки и флертувања со тебе и да му биле само тоа – безопасни флертувања и правење бајрам на паметот на човек кој веќе си е у врска. Па сеа кога си го аднала на фб, може малце се сепнал и од страв работава да не отиде предалеку ги намалил контактите со тебе. Што да правиш ти? Па, можеш да почекаш некое време и да пробаш да дознаеш што е работата. А можеш и ти прва да му пријдеш, нема ништо лошо у тоа – и самата кажа, и двајцата сте академски граѓани, со мастери, докторати и други салтанати, па ваљда сте доволно зрели да направите муабет као возрасни и ако симпатиите се обострани, да бидне работава. Поздрав!
Хеееј фала ти за одговорот! инаку сингл е, тоа 100% а и плус јадниот цел факс го врти последниве денови за само едно здраво да ми кажи... Сега ќе чекам да го видам пак и ќе одам јас кај него на муабет. Инаку има 31 година а целото дејство се одвива во менза пошто јас живеам далеку од градот кај што ми е факсот, патувам секој ден и само таму се гледаме. А тој на фб не ни седи, еднаш на ден се оклучува на 3 мин хаха. Мислам дека не сака да комуницира преку фб и се надевам дека кога ќе се видиме конечно ќе може муабет да си изнаправиме
А зошто се плашиш да му пишеш порака на фб.... немора да комуницира, чисто една провокативна порака - не сме се виделе одамна, ми треба совет за магистерската кога ке се видиме на факс те молам дојди да ми помогнеш - нешто во тој стил.. не сте биле тинс веќе....