Ваљда за секого различно значи Некој ако не сака да каже „Те сакам“, а те сака ќе го искористи тоа „Те обожавам“ Јас лично, „Те обожавам“ го користам кога некој премногу сакам, а „Те сакам“ не опишува доволно колку всушност сакам некого
И јас сакав да го прашам истово. Единствена разлика е тоа што мене не ми е дечко, само муватор скоро еден месец веќе и многу често милува да ми каже “Те обожавам“ наместо само чисто “Те сакам“. Мене ми е доста чудно, иако знам дека не значи ништо лошо, ама ете, ме копка за да видам што мислат останатите во однос на тоа.
Истото мислење го делам, многу почесто му викам на маж ми дека го обожавам, отколку дека го сакам, што знам... некако тоа "те обожавам" за мене значи -те сакам, луда сум по тебе, ти си луд, откачен - ме правиш многу среќна итн.итн. Еден збор, а во себе содржи повеќе зборчиња.
Hmm bi sakala da go prasam gospodin zajko zosto maskite sakaat da gi sokrijat nekoi custva zosto ne pokazuvat dovolno sto custvuvat?kako da imat strav od nesto da ne zagubat?
Едно прашање до Зајко.. Ако некое машко постојано се закача со тебе,те зеза,ти дофрлува и сл. но тоа да не е на некој подбивен начин туку онака,на шала би значело дека те свиѓа или е нешто сосема друго ? исто така да правите муабет на мсн и најбитно од се постојано да те гледа во очи додека ти збори.. Па го очекувам твојот одговор. Позз
ако те гледа во очи, сигурно не те лаже! а штом си правите муабет и ви оди муабетот, има шанси и за нешто повеќе!
здраво на сите машки членови нова сум на форумов мислам дека имам еден проблем значи вака: почнав да се допишувам со еден тип на ф.б, општи разговори(типов женкар невиден) со мажени жени се плеткал и тоа со 3 во исто време-биолошки потреби ама човеков бил заљубен во жена и биле заедно, арно ама испаднало дека таа е мажена има две дечиња. јас глумев недостижна, и кога ми го кажуваше својот број за да му се јавам, се правев на будала, и дури измислив дека сум верена(го лажев и секогаш беше еее тебе лесно ти е ти си верена), а го лажев оти не сакав да се плеткам со него оти е женкар но не сакав да му кажам ) преднекој ден ми кажа дека са 1 недела си оди за Герамнија, и ми беше некако чудно и завчера му кажав дека сме ја раскинале веридбата завршило се, и се договоривме вчера да се видиме (постојано ми го споменуваше тоа ЗОШТО се раскина веридбата, и мислев дека ке побегнам) инаку беше мил, фин, се смеевме се зезавме, дури и не сликаше заедно со мобилниот-некако многу се соживеа со запознавањето ПРАШАЊЕТО МИ Е : ДАЛИ ДА ПРИЗНААМ ДЕКА ГО ЛАЖЕВ ОТИ СУМ ВЕРЕНА ИЛИ НЕ совет од машки членови ми треба
хејјј ...здраво на сите,особено ма машкиве овде едно големо БРАВО за ова што ви текнало вака да давате совети и ве поддржувам целосно во ова ...инаку имам вака само едно прашање ..Како да му докажеш на машкото дека ти значи ... ? поз...
Не, доколку по неговото заминување во Германија не продолжите со контакт и работите оладат. Остави ги да бидат онака како што биле досега, нема што да навлегува во твојата приватност. Но доколку продолжите со контакти и гледања, размисли добро накај се движиш со дечково, за кого си свесна дека е женкар невиден (самата рече) и дека се плетка со кого стигне... Сакаш да си уште една цртичка во неговиот тефтер? Сепак, ако делуваат неговите намери сериозни, и дотуркате до сериозно, кажи му, зашто кога-тогаш ќе почне и она разменување детали за приватните животи, цели, минато, иднина... Исто како што се докажува на женско. Преку слатки мали гестови, заеднички излегувања, желба да се биде заедно, заинтересираност за разговор (а не да си отсутна), текстуални пораки... Едноставно, тоа што сакаш да си со него и ти значи искажувај го на што е можно „поживи“ начини, не биди пасивна, од пасивност никој ќар не видел. ))
Честите восклици ,,те сакам'' или ,,те обожувам'' се сепак само зборови и употребата за жал денес им е пречеста.Понекогаш кога ги слушам тие зборови ми се чини дека ние умееме да се претвориме во гумичка која треба да брише по сите лоши работи кои им ги правиме на нашите сакани или можеби тие се оловото ставено на нивните нозе со кои сакаме да ги врземе за себе засекогаш...а нема потреба од тоа.... Доколку нема вистинска наклонетост помеѓу вас, не постојат зборови кои ќе ве остават заедно. И запрашајте се дали навистина некој што ве сака и што мисли за вас, има потреба постојано тоа да ви го повторува...ќе видите дека нема...доволна е мала шашлива насмевка,поглед со мало трепкање,допир или бакнеж во образ за да ви стави до знаење дека ве сака и дека се грижи за вас...за моја среќа јас тоа го имам дома веќе 23 години и не би можел и да сакам да ги заменам тие ситни вниманија и нежности за сите ,,те сакам" на овој свет....а можеби мене така ми се чини поради годините...
Како да му вратам на еден женскар што во исто време не вртеше неколку девојчиња Како да направам да го заболи (ако воопшто е можно) Највеќе мразам такви машки што вртат повеќе девојчиња.
nightwalker изгледа дека нема да замине за Германија, изгледа дека сестра му заедно со зетотот ке дошле тука (и не сакам да си оди) постојано се допишуваме на ф.б. и ми предлаше неколку пати да се видиме вчера и денес , ама јас го одбив, оти моите незнаат дека се гледам со него (се кријамт.е. кажувам дека излегувам со некоја другарка) вели дека се заљубил, вчера напишал ВОЛИМ ТЕ на ф.б. дури и мене ми посветил песничка, и ми напишал кисс бејби, а денес не ми беше добро, повракав, и онака уз муабет му кажав и потоа ми се јави да ме праша како сум, и ми кажа те љубам а вчера ми титкаше 3 пати(само што јас спиев) ДАЛИ глуми лудило или Е заљубен во мене незнам, да ми се допага,ама дали ова ке потрае ке видиме може и тој да биде само една цртка во мојот тефтер на мувачи оти реално женкари ко него не знам дали можат да бидат во врска, оти еднаш женкар секогаш женкар, за жал
^^велиш и тој може да биде уште една цртичка во твојот тефтер,а веднаш "паѓаш" на неговите зборови јас мислам дека тој шо е женкар, ке си остане женкар засекогаш!... а тоа шо ти симнува ѕвезди и ти тепа филмови е само доказ дека бара нова жртва,ништо повеќе како прво размисли логички дали некој паметен и шо сака сериозна врска би си пишувал со некоја верена , и потоа веднаш по раскинувањето на веридбата би излегол со неа? јас мислам не и сето тоа "те сакам" по толку кратко време изговорено од женкар ми изгледа некако излишно,и ме тера уште повеке да мислам дека дотичниот глуми лудило!
Indifference is Power ! Искористи го тоа, лично ти гарантирам - Ако сакаш да му вратиш, а ако сакаш да се заљуби во тебее... (it never happens)
Maшки а вие феминки, што мислите, што треба да бара една девојка кај својот дечко ? A за возврат што да нуди ???
нема напишани правила... секој поединечно си знае што бара од партнерот, јас имав долга листа на барања, но тоа како да исчезна откако се
Едно прашање,па кој одговори не е битно,сакам искрен одговор. Искрено дали може да постои другарство помегу момче и девојче одкога се смувале?Дали и покрај зборувањата дека не постои љубов мора да значи дека го мисли тоа?Јас имам свое мислење ама сакам да слушнам и друго Како да се протолкува тоа што и покрај настојувањата да го напуштам тој не дозволува?