Никој не е таков каков што е навистина на почетокот на една врска, ама по некое време едноставно не може да се преправа повеќе и да глуми постојано. Така да, да знаеш, оваа сегашнава опсесивно-посесивна-агресивна-љубоморна-недоверлива личност е всушност правиот твој дечко, а не оној кој бил, т.е. се преправал дека е на почетокот. Мое е да ти кажам дека неговото однесување не е нормално и здраво - за вашата врска и за тебе. Ама, од друга страна, ако си мазохист, сакаш да си во потчинета положба и некој да го контролира секој аспект на твојот живот, само напред! - мислам дека ќе ви биде одлично заедно.
Не сум машко, ама не би била со такво машко. ЈАс не сум робинка, па тој мене да ми кажува дали да излезам и каде и кога да се вратам. НЕ знам како го дозволувате тоа, ценете се девојки, имајте малку гордост, свое јас. Тој не е единствената личност светот околу него да се врти. И некој мене да ме командува, да ми забранува не би го рекла љубов.
Абе и јас така велев како тебе секогаш,но да си на мое место верувај потешко е кога ќе си осетиш,болните зборови може секој да ѓи каже како ти сега Но,јас не сакам веднаш да раскинам,туку сакам да го променам,да нема љубомора,да има доверба повеќе,а ако не иде веќе крај,барем знам сум пробала а дали сум успеала не знам. И ќе биде многу себично од моја страна за веднаш да го напуштам,зошто ако сакаш некој,го сакаш таков каков што е со сите мани,нели така викат.Ама се си има граници.
Хм, болни зборови или искреност ? Не знаев дека се болни зборови некој да ти каже да се цениш и да не те манипулира никој, да знам од сега ЈАс не употребив ниту еден збор болен, туку искрено ти кажав, ако не е мислењето позитивно, во своја полза изгледа така иди. Сепак ти си знаеш најубаво, голема си доволно изгледа, никој не може да ти каже, твоја одлука.
Во живо јас и ти да бидеме другарки,ќе знаеш дали јас се ценам или не.Ама овде на форум друго е.Фала ти сепак за твоето мислење.
Акo се цениш тoгaш не би гo трoшелa скaпoценoтo време сo негo. Не мoжеш дa прoмениш личнoст aкo личнoстa не сaкa дa се прoмени себе, a и веќе е oчигледнo кoј вoди вo oвaa игрa, oднoснo декa тoј мaнипулирa, a ти си мaнипулирaнa, тaкa дa ни сo oбид зa мaнипулaцијa немa дa успееш. Не ти се пoтребни искуствa или знaењa зa прoблемoв, лoгичнo е. Сепaк, твoе е дaли ќе ги пoслушaш сите oвие 10 исти сoвети (нaпишaни нa 10 рaзлични нaчини) и ќе се дoкaжеш кaкo незaвиснa личнoст или ќе терaш пo свoе и ќе се oбидувaш дa гo смениш, oстaнувaјќи му мaриoнетa сo кoјa мaнипулирa кaкo сaкa.
Ми забранувале, на почеток си седев дома после не. Ако тој забранува тоа значи дека нема доверба во тебее кога си излезена. Јас не сакам забрани нит сум забранувала зошто знаеш како велат, кога го стискаш сапунот, тој се лизга, така и со врската. Со тек на време ќе ти досади тоа префрлување навредување и забрани, еден ден многу ќе се каеш верувај ми.
На почетокот кога се запознавме се беше супер толку се трудеше околу мене ми пишуваше секој ден,зборувавме ..откако се смуваме првпат исто па така внимание ептен ми посветуваше, а после вториот пат воопшто не се труди и се познава делува незаинтересирано како ептен да сум му досадна.Може мисли готово веќе ја освоив не треба да се трудам може да се опуштам веќе е моја или толку не сака ништо глума е било само на почетокот за да ме освои...
Знам и јас на 16 со една две вечери дрпање лапање и ми се здосади, после ко да не ја познавам се однесував. П. С. Сега прејака е направена