Он до сега не се сменил па за тебе, која си ти за него па да се мењава? На крај краева, нека ти направи и тебе како на таа што и направи со тебе, па да видиш како е. Мислам зашто воопшто се плеткаш со дечко што има девојка? Без разлика колку мерак ти прави, треба да имаш малце кликер, па да размислиш што и зошто, сепак за жал 99% девојкиве се како тебе. Сакам да видам дали ќе ти биде интересно кога и тебе вака ќе ти направи, а сигурно и ти прави со друга а ти незнаеш, изгледа типацето не сака да седи на едно столче.
Леле што го нападна девојчето не ми е јасно, кога не е таа крива. Зарем 99% од машкиве ко нејзиниот случај не се такви? А зашто да не се смени, ако навистина ја сака и сака да биде со неа, да ја задржи и чува? Многу огорченост на едно место, сфаќам дека си машко, ама не е крива таа. Никој не може со сигурност да знае дали ќе ја вара или не, тоа само тој го знае. Јас би и рекла се во свое време, се мора да се искуси за малку среќа.
Машкото со кое се гледам ми рече дека е убаво да се пие. Кога му нагласив дека кога бев на роденден кај една другарка сите по 3-4 чаши пиеа, а јас 2 само, бидејќи не пијам многу, ај од атер се напив, чудно ме погледна. Ми кажа дека минатиот викенд се собрале машко друштво и пиеле, а оттаму заминал в кафич и се испијанил. А, бил и во ноќен клуб но не се сеќава бидејќи скроз бил пијан. Сега ме замисли дали да го официјализирам за дечко..
Има пијанства и пијанства...ама ако е таков шљокаџија да пие до мера да не се сеќава, не ти треба...утре ќе ти залепи една шлаканица, па ќе ти каже: - знаеш дека кога пијам не знам што правам...
Важни ви се датумите во врската? Јас не памтам датуми, не памтам кој ден сум се фатила со дечко ми, воопшто не ми е битно мене тоа. Памтам само дека беше неофицијализирано на почеток, несигурно и беше „обид“. И го памтам само датумот на „обидот“ ради тоа што беше лесна и интересна бројката.
Машкото со кое се гледаме, ми кажа дека се гледал претходно со некоја девојка и биле со неа на НГ 4 дена надвор од Македонија. Го прашав зошто ја откачил ми кажа дека слушала само српски и не знаела ниту еден рок бенд.. На фб кај него нема ниту една слика со неа,и ја избришал.Била девица и дека не ја допрел. Кога ми отвори чат видов дека му пишува и рече дека ќе ја игнорира. Кога отворив кај неа во профилот денеска имаше неколку заеднички слики. И плус беа на некоја рок свирка. Мислам дека ме лажи... Таа не слуша рок, а оди на рок свирки??
В очи ми кажа дека не се гледа повеќе со неа, сега видов ја има на фб. Му велам:Како сакаш нешто ново да градиш врз основа на лаги? Дека се почувствував излажано. Не мора ми вели да ти се правдам. Боже... Арно фб шо отворив.. Инаку таа е од друг град и одел со колата кај неа.
Мене ме интересира една теорија што ја дискутиравме со другаркиве, и машко мислење да слушнам.Падна тема дали било кое машко, и да е во врска гледа по други женски, не зборам за неверство или пуштање, флерт туку поминува некоја згодна, убава женска и да ја изгледате пред девојка ви, или да искоментирате нешто ако сте со другари.Колку што имам приметено сите го прават тоа, па дури и обратно женските за некое машко исто.
Секoгaш, aли пред девoјкa не Али имaше еднa шo излегoвме некoлку пaти и зaдлaбoчени у муaбетoт и пoминувa еднa прејaкa женскa. И oвaa се врти пo неa и ми викa, немa дa се свртиш види јa кaквa е Викaм се препрaвaм декa сум зaинтересирaн зa муaбетoт шo гo прaиме. Незгoднo ми пaднa, aли јa измaнијaчивме двaјцaтa
Ич. Мислам дека жените се тие кои им придаваат огромно значење на датумите - месечнини, полугодишнини, годишнини, денот кога се фатиле, бакнале, имале секс, биле ваму или онаму, итн. А мажите, пустите, се трудат очајнички да ги запамтат сите овие датуми, бележат по календари, кои почнуваат да наликуваат на верски календарчиња, со толку многу црвени датуми, ама попусто. Едноставно, не не бива за памтење датуми, а некои жени тоа погрешно го толкуваат као да не ни е гајле. Како и да е, ти си очигледно исклучок од правилото, така да дечко ти може мирно да спие. А дури и ако он ги памти датумите поише од тебе, најверојатно е така зашто сака да ти угоди, а не затоа што самиот им придава којзнае какво значење. Не знам дали си го споделила ова со него - ако не си, кажи му, ќе ти биде благодарен.