Епа само што ја барав темава и пред очи ми излезе Мене проблемов жива ме јаде веќе неколку недели по ред! Колку и да викам дека не ми е сеедно, ми е ! Се работи за колега од факс. Го запознав минатата година, тој ми пријде. Се беше нормално на почеток, се однесувавме како другари. Оваа година на почетокот почнавме повеќе да се дружиме, скоро секој ден бевме заедно. Сфатив дека не го гледам само како другар. Имаше по некој комплимент од негова страна , ми побара број , па ми се јави за предавања и некои такви ситни работи коишто ме натераа да размислувам дека можеби и имам шанса кај него ама никогаш не бев на сигурно бидејќи си играше играчки со мене!!! Значи еден ден ќе ми прави муабет , ќе биде заинтересиран за мене и за тоа што мене ми се случува, а друг пат ќе го снемаше се случуваше и здраво да не ми каже. Па , потоа пак ќе се појавеше од некаде и ќе ме гушнеше и слични работи. Едноставно не можев да го прочитам. Сега иде крај на година, не знам дали ќе го видам повторно.. Многу поретко се гледаме последен период , а и ако се видиме секогаш има и други луѓе околу нас така да најчесто правиме површен муабет околу факс и слично. Навистина сакам да бидне нешто со нас, но од друга страна се плашам јас да бидам таа што ќе го превземe првиот чекор. Не знам како ќе биде протолкувано од негова страна, да бев на сигурно немаше проблем , ама вака.. Од друга страна пак си викам, ако сакаше тој нешто , ќе ми пријдеше. Тотална збунка сум, не можам да го прочитам. Сигурна сум дека не знае дека го свиѓам и што е најстрашно не знам ни како да му покажам, посебно сега кога тешко наоѓам прилика да сме заедно... Не знам што ми е прашањето , не знам што совет ми треба... Ме интересира дали вие како машки доколку ви се допаѓа некое девојче ,би и кажале? Си се тешам со тоа, дека ако сака нешто со мене , дека ќе биде подиректен... Знам дека е потешко и тоа што сме колеги , па ако не испадне работата и потоа ако треба да се гледаме секој ден , ќе биде комплицирано..ама ептен сум збунка моментално...
ајде и онака ми треба совет од маска страна )) кази ми дали ако некој го сакаси те откацил на некој анцин....сто да правам за да го вратам....да му писувам по некоја порака или пак да го игнорирам скроз за да копнее по мене )))
Ако е баш ваква ситуацијата, како што ти ја опиша, искрено мислам дека дечкото не видел зијан од малку флерт и сакал да си поработи на своето его. А и ти, ако си толку збунка и толку тоа те измачува, па пристапи му директно, па и во случај да бидеш одбиена (на пример, на покана за кафе/сокче...), што, ќе се сруши светот? Чекај, уште не е 21.12.2012.
и јас несакам повеке да сум сингле ... се гледам со момчето веќе едно 8 месеци ..овие последните 3 сме многу приврзани се сме заедно повеќе зборуваме се си кажуваме се шетаме низ град заедно фатени за раце сите не гледаат тој не се страми од мене нити јас од него го сакам и тој ми вели дека сум су убава итн ...но сепак тој знае а и јас дека не сме официјално заедно и ми вели деке подобро му е сингл дека ја сакал слободата а јас му велам дека и да е со мене никој нема да му ја земе слободата негова си е нема да го врзам буквално но ете нез што да направам што да му кажам ...машки совет ве молам ...а може и зенски ако веќе некоја поминала низ ова..фала однапред
17 години се најубавите години, посвети се на учење студирање и слично кариера, не ти треба цврста врска има време, кога ќе влезиш во сериозна врска или брак веќе започнува друг период од животот а премногу си млада за обврски, излегувај и со другарки не се приврзувај има време
ne go lazi devojceto, neka si ja redat so deckoto, zosto da ne se zaedno? pa i so malku poveke sloboda!
Ми се свиѓаше еден дечко, многу. И тој беше заинтересиран за мене, ми даваше знаци, но наеднаш се олади, а и почна да се крева многу, а потоа беше во врска со друга. Сега тие се скараја, па сакам да напраам тој да ме засака(ако е можно) .. Предлози??
Машки ајде кажете ми начин како сакате да бидете откачени Сериозно, има еден тип што ми се има изјаснето дека му се свиѓам и му кажав фино дека имам дечко, да не се надева ама овој упорен е. Постојано ми се јавува, ми пишува и ме замара сето тоа. Мене не ми смета ко личност воопшто, сакам да се дружиме, несакам да го откачам скроз. Постар е од мене ама го има завршено тоа што јас го учам сега и му се јавувам и јас за совети и такви работи, ама не му давам знаци туку јасно му кажав дека не сум слободна. Ајде кажете ми некој пофин начин да му објаснам, зашто ова директно кажување очигледно не успеа. А несакам и да бидам ептен лоша па да го навредам
Види, не дека имам нешто против тебе и ред други работи, ок си како личност и како другар и се, но јас имам дечко. Не сум таква личност за да го изневерувам дечко ми, имам морали и се ценам самата себе. Меѓу нас неможе да има нешто повеќе од другарство. Навистина би ценела ако го прифатиш тоа, зашто еве ти кажувам на најдобар и најискрен начин и би сакала да ме разбереш !!!!! поискрено од ова неможе
Фала ти. Помислив и јас на ова, да идам на искреност ама ми е страв дека коа ќе сфати дека дефинитивно нема да има ништо повеќе меѓу нас, дека ќе почне да ме избегнува скроз. Не му требам ко другарка, ми кажа. Али тоа е, мора да идам така...нема друго
Не не, само искреност, ништо друго...Како и да постапиш на друг начин нема да е тотално вистинито и на некој начин ќе му даваш надеж...вака ќе му кажеш смирено и директно дека неможе да има нешто помеѓу вас, дека не го гледаш на таков начин и дека сакаш да останете другари. Ако тоа не е прифатливо за него, тогаш жалам... тоа е се....
значи вака- можеби скоро месец ми се допаѓа едно дете и полека почнував да му давам знаци ,му пишував на чат,кога ќе се видевме во школо си се смешкаме еден на друг и мислев дека направив добар чекор . но,пред два-три дена тој му кажал на дечко и на другарка ми дали они двајца се у врска,па нешо ме спомнал мене дека сум му се пуштала.а тоа што ми падна чудно е дека тој шо го свиѓам ,едвај зборува со дечкото на другарка ми ! и сега незнам што да мислам..зашто му го рекол тоа ? имал некоја намера или?? вчера кога слушнав,се осетив глупаво ,како да го замарам..
како може совршен дечко да оди со девојче кое се однесува како машко, употребуа вулгарни зборови, силна е ( знае да се тепа ) и не е убава... ? не дека сакам да навредам, ама стварно девојчето има лоши манири. Има толку подобри девојчиња кај неа ја нашол? И како ја сака ? И тоа во сериозна врска се долго време.
Може е геј, и си го надополнува неговиот слаб карактер на машко со вакво девојче Му треба некоја да го брани и чува де, да се тепа за него, и да пцуе кога го закачкаат Незнам стварно, љубовта е слепа
или пак можеби ... можеби гледал американски филмови бидејки тамо тие тепачи од девојки се и диви во кревет па тука малце филозовија и оп таква си бркал - а тоа што вика грда дека е можеби тебе ти е грда ама него убава ај ако може слика нешо фацебоок па ке видиме каква е
Едноставно, ја сака таква каква што е, не му е потребно да се менува, колку што помнам, во тоа е и основата на љубовта; „Те сакам, не заради она што си ти, туку заради она што сум ЈАС, кога сум со тебе.“ И за тебе сигурно има девојки кои мислат дека си вакна/онаква/не знам каква, но твоите дечковци не мислеле така.
Зошто кога машките ќе има проблем или па, по некоја караница со девојките се испијануваат? Бегате од проблемите со пиењето, не можите да се справите кога сте трезни? Па нели вие машките сте посилниот пол ? Или тоа важи само во некои "специјални" пригоди. (се извинувам што пишував во множина)
Јас сакам да прашам како да препознаам дали некој има само пријателски чувства спрема мене или и му се допаѓам ? Значи моментално сум во контакт со повеќе машки кои јас ги сметам за другари ( добро повеќето де ) и сега сум во дилема за нивното, па и за моето однесување- дали некој ако ти пишува дека му недостигаш, ти е јавува, па муабетот преминува и на “пожешки теми“ тоа покажува дека некој те смета за нешто повеќе или не ? Па и јас не знам до која граница на дружење треба да одам за да не бидам сфатена дека му се пуштам на некого- знаете шала и се, ама за некого не е шала, не сакам да давам повод, а очигледно некогаш несвесно давам. Ова го прашувам од мои поранешни искуства, каде што сум била другарка со некој, сум го гледала на тој начин сум се шалела и се и после со тек на време кога сум стапила во врска со таа личност да добијам коментар- па ние не бевме другари, ти ми се пушташе- а јас одговорно тврдам дека тој мене ми се пушташе Прашање- како да дадам сигнал дека не осеќам нешто повеќе- дека шалите се само шали, без некакви задни намери, дека дружењето е само пријателско, не сакам некој да повредам, а машките се опасни ако му кажам директно дека сакам да сме само пријатели ќе ми каже после а ти што си мислеше и јас ќе останам Се надевам дека ме разбравте машки, во овие ситни часови и со мојот расеан ум кој мисли на сто работи во моментот