Совети од МАШКА страна за сите девојки

Дискусија во 'Сингл' започната од TheBunny, 17 септември 2010.

  1. Zeynep

    Zeynep Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    1.103
    Пол:
    Женски

    Најди си нов,не си отварај стари рани.
     
    На glosipgirl, oblace1, anakonda88 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. JonyBravo

    JonyBravo Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2015
    Пораки:
    548
    Допаѓања:
    2.142
    Пол:
    Машки
    Значи тоа ти викам, не му пишувај. Ако се одлучиш нешто да правиш, тоа нека биде во живо, лично и персонално, во 4 очи :)
    Ај то, дали тоа што тој те одблокирал тебе ти е „животно прашање“? До кога ќе дозволувате ФБ и остали глупости да ви ги реметат сите емоции и чуства? Бидете природни бе, сепак сме луѓе а не роботи. Препуштете се сами на себе, осети емоција, чувство, реакција а не да дремите пред екран и да ги јачате прстите на тастатура!!

    Како што кажа и самата, ти си таа што се навраќа или што сака да се наврати кон нешто, и според мене, дека си посакувала некаква негова реакција за да биде повод за вашето идно помирување (тоа што те одблокирал е многу битно и е прашање од големо значење(facepalm))

    Ако твојата желба за да бидеш со него е чисто заради секс ( прочитав некаде низ форумов баш нешто вакво, нз дали беше ти, не ме земај здраво за готово), неам друг предлог освен да издејствуваш тоа да биде врска без обврска, али со оглед на тоа што ти влегуваш со емоции ќе ти биде претешко и ќе мора уште еднаш да погазиш и да поминеш преку твојата гордост и достоинство :)

    Најдобра опција ти е да прекинеш да се замараш и да си најдеш друг. Пошо гледам дека уште си под импресии колкав шармер бил тој и како тоа само со тебе најмногу издржал ( не ме сваќај погрешно ама покрај такви глупости шо ти праел, тоа може да значи и дека малце подолго се играл со тебе), воопшто не си помагаш со тоа што го следиш насекаде а притоа не знаеш што сакаш од него.

    Чисто заради да си ги смириш хормоните и импресиите за типацов - најди си секс партнер и ..... ( знаеш што треба да направиш)
     
  3. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.775
    Воопшто не планирам да го побарам, од многу причини. Јас одамна бев и сум помирена со реалноста дека е готово но сепак ме копка што сака од мене. Или барам премногу?
    И не, не сме се разбрале точно. Јас воопшто не се замарам со фб и остали соц. мрежи, тоа кај мене не е главна работа во животот ама сепак после толку време јас заслужив одговор, каков таков од него за пропаста на врската и зошто толку многу драма, но како што реков имам јас гордост и его и не планирам да се понижувам по незнам кој пат.
    Јас воопшто не сакам да постапам така, да имам секс без обврска, или ќе сме заедно или не, и кога влегувам во врска, влегувам со емоции и искреност, ако некој сака да ме искористи на тој начин и да ме отфрли, не фала.

    Сепак фала на одговорот. :)
     
  4. JonyBravo

    JonyBravo Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2015
    Пораки:
    548
    Допаѓања:
    2.142
    Пол:
    Машки
    Толку замарање само за да дознаеш зошто те побарал, а „не сакаш“ да продолжиш со него пдо такви услови = Бараш премногу (тоа не треба да те интересира воопшто)

    Секое добро
     
    На JustFun и Zeynep им се допаѓа ова.
  5. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.888
    Допаѓања:
    17.993
    @JonyBravo @majstorche
    Да, ептен мисли само за себе. Ама нема играње со мене. :devil:
    Имам уште 300 муабети да кажувам:децата според него биле идиоти (беше тренер), типов има иначе 24,ми кажуваше како едни две професорки го сакале него, му велеле дека бил многу интелегентен, женомрзец, ми кажува нешто глумеле на факултет и толку бил добар демек можел да глуми заљубен. Кажува дека лугето биле себични, човековата природа била таква. Пример ако на некој му било погодено се во животот и оди на дотичниов да му кажи дека е среќен, а тој во дадениот момент бил нервозен ќе му изљубоморел за среќата :x:x:x
    Хуманитарците биле себични бидејќи тие тоа го правеле за себе, да се чувствуваат добро.
    Имам цел историја да кажувам.
    Фала, на одговоите сепак. Ми се допаѓаат мислењата. Позз:)
     
    На majstorche му/ѝ се допаѓа ова.
  6. JonyBravo

    JonyBravo Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2015
    Пораки:
    548
    Допаѓања:
    2.142
    Пол:
    Машки
    @GirlLove кј ги наоѓаш ваквите бе ? нели ваквите изумреа ? може типот е страшно интелигентен и др останати работи али тоа е само за него и за по дома, подалеку никако !!
    Дај напиши уште нешто од типов, нормално ако е за споделување :D
     
    На GirlLove и Nausicaa им се допаѓа ова.
  7. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.472
    Допаѓања:
    20.212
    @GirlLove, морам да ти го пофалам трпението зошто јас ни 5 минути не би издржала во присуство на типов (а притоа да не добијам желба да ми ја залепам една). Вака најискрено би ти препорачала ништо да не почнуваш со него зошто дечкото едноставно не го бива.

    И стварно, дај напиши уште некој бисер од ликов, крш му се муабетите :D
     
    На Marossa, kim.k, oblace1 и 3 други им се допаѓа ова.
  8. ana-milo

    ana-milo Активен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2016
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    203
    Пол:
    Женски
    JonyBravo дај еден совет please,

    не ми е јасно зашто некои машки, ако не им одиш по нив
    во вербалана комуникација, т.е. ако не си создал атмосфера они да се чувствуваат мачо-вци,
    како одговор на таа ситуација стануваат вулгарни, агресивни, навредуваат без причина, тотално
    го променуваат правецот на дискусија?
    Што психологија е тоа(facepalm)?
    Нели во 21 век живееме?:wasntme: Нешто со детство да не е поврзано?
    Една моја пријателка мисли дека мајка му така го воспитала, ти си мушко у куќа,
    тоа му е влезено во карактер и нема спас.
    Како да се понаша човек, т.е. жена во такви ситуации?
    Што мислиш?
     
    Последна измена: 4 март 2016
  9. JonyBravo

    JonyBravo Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2015
    Пораки:
    548
    Допаѓања:
    2.142
    Пол:
    Машки
    Тоа строго се однесува само на вербална комуникација? Агресивност и навреди покажува само преку комуникација ? Што кога сте заедно, очи во очи, кафе и слично??? Си заприметила ли Body language при таквото однесување ??
    Од ова што го кажуваш, најверојатно е дека такви типци се галени, мазени и пазени :D ( ништо чудно некој од нив да бил син единец :D) и родителите му дозволувале се и сешто - за децата се, нели :) а исто така, многу од нив се прилично асоцијални типчиња кои се исфорсирани на ваков или онаков начин па сеа кога треба да се сами на своето не ги бива !!!!

    Според мене, такво однесување најчесто произлегува од желбата или искомплексираноста ( мислам дека желбата да бидеш центар на внимание е комплекс) некој да биде центар на вниманието, а притоа не е способен да се носи со тоа а нити истото да го издејствува. Е сеа, секој шо си пати од ова( не мора да значи дека се само машки, женски со вакви „симптоми“ има да риниш со лопата) во ситуација кога ќе се најде повреден (повредата значи дека тој и не е толкав фактор) најчесто комплексите ги лечи со јадење гомна и серење по се живо и диво. Со тоа, пак на некој начин одржува некакво внимание а колку тоа е продуктивно, времето ќе си покаже. Промена на правец на дискусија го правиме сите (да не се лажеме) и тоа од причина што не ни оди во прилог тоа што се зборува или па едноставно премногу сме горди за некој работи да ги признаеме и прифатиме како такви, па заради тоа кој повеќе кој помалце, знае да го сврти вниманието кон други работи, најчесто онаму каде што има што да каже и онаму каде што се осеќа „на сигурно“.
    За „ти си мушко у куќа“ треба да имаш јајца и се од „куќата“ да знаеш да го носиш на твој грб или пак успешно да го менаџираш, а за курчење од типот не сакам ова не сакам она, јас ова јас она а притоа тој е пасивен и негова активност е само реакција од некој друг ( за шо и да е) слободно можеш да го пратиш у пм (во вакви ситуации родителите/мајката е најчесто таму !!! )

    Дај му до знаење дека таквото однесување не води никаде, односно дека води единствено у пм(кај мајка му или каде и да е) и најверојатно ќе си цапа сам низ животот освен ако не најде некоја ептен убиена па да му ги трпи сите комплекси и каприци!
    Евентуално, добар секс кој би му створил завист, може ќе смени нешто :D :D
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  10. ana-milo

    ana-milo Активен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2016
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    203
    Пол:
    Женски
    Види, не се искажав изгледа добро, не станува збор за партнерски односи машко -женско, туку во една поголема, поширока заедница на луѓе составена од машки и женски кои неминовно е професионална секој ден да комуницираат, се јавуваат такви ситуации како што опишав погоре. Па пошто има нели закон за заштита на работно место кој пропишува соодвента комуникација при која не смее да се употребуваат несоодветни видови комуникација; е сега имаме конкретен случај пријавен и во комисија сум па собирам разни идеи и мислења, не знам не сум била сведок на ситуациите и многу е тешко , секој си има своја верзија. Сега јас прашав за машки, оти таков е случајот не за друго.Ама тој еден така се понаша не само со жени туку исто и со колеги, има знаење, ама имаат и други колеги. Многу голем провокатор го викаат дека бил, ке ги боцне луѓето без разлика жени или мажи, и после ама а па ти ми се наљути, во тој поглед,...и ако му рече некој добро у право си, така е, и тоа не го бива па со ниски удари без причина наоколу збори. Кој го знае може си има некоја лична криза, па сега избива на други луге.

    Може требаше прашањево да го поставам во друга тема, работно место. Или да видам да се консултирам со овие хуман ресурс менаџмет.

    Во секој случај, фали ти што одговори, може на некој ке му послужи и од аспект од кој што ти искоментира, односно партнрски односи. Нели не кажав дека станува збор за дечко-девојка или партнери, туку има некои машки.
    Но како и да е ке го испринтам твојот одговор и мислам дека еден дел од него , посебно првиот дел може ке биде применлив. Откај ме најдоа мене у комисија да ме стават.:(
     
  11. JonyBravo

    JonyBravo Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2015
    Пораки:
    548
    Допаѓања:
    2.142
    Пол:
    Машки
    За каква комисија се работи бе ? што е тоа ? знам дека има некој без врска закон, во смисла ако имаш некаков спор на работа, као прво треба да пробаш да го решиш со овластено лице од компанијата (ваљда има и комисија) :D јас те сватив во сосема поинаква конотација, пошо оваа тема, ако добро сум заприметил е за љубов и такви ствари :D може тоа тој го прави од љубов бе хаха не се знае :) како и да е.. мило ми е ако барем во нешто помогнав.
     
  12. ana-milo

    ana-milo Активен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2016
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    203
    Пол:
    Женски
    Абе остај, не е битно која тема е , видов како ме свати, реков може требаше у друга тема, ама нема врска, битно да се најде иљач, на крај , не е битна темата.
    А-ха може од љубов, како не,..(facepalm). Кога знае дека нешто на некој му смета да продолжува да гу буцка, па ко ке му вратат, наместо да рече абе чекај заслужив и јас не сум китка за мирисање, као мавам, така и ке ми одговарат. Со жени ке му помине некако може мајтапот, ама ако продолжи и со машките така да прави којзнае, некој ден како може да си помине.
    Важно ти изнесе добри поенти.
    Супер резонираш, фала ти.
    Тоа дека има секакви и жени, има,... ама сега работава е за машко.
     
  13. JonyBravo

    JonyBravo Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2015
    Пораки:
    548
    Допаѓања:
    2.142
    Пол:
    Машки
    Чисто ради полова еднаквост и Human Rights Watch да не се љутат :D
     
    На ana-milo му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ana-milo

    ana-milo Активен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2016
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    203
    Пол:
    Женски
    Разбира се Jony.:)
    Така де нели жените за рамноправност се борат цело време, разбрах те.
    Додуша темава е за совети од машка страна за сите девојки, ама нема врска
    нема да ја тенчиме до толку.
    Иначе имам другар од детство, си го викаме исто Jony( у ствари она така сака да го викаме)и ме потсека на тебе.
    Абе ти да не си тој, а?
     
  15. JonyBravo

    JonyBravo Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2015
    Пораки:
    548
    Допаѓања:
    2.142
    Пол:
    Машки
    хаха не бе :D не верувам, мене никој не ме вика Jony :D
     
  16. Ana.brojka

    Ana.brojka Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2012
    Пораки:
    244
    Допаѓања:
    234
    Едно прашање до мажите :)
    Во врска сум, се е во ред, со по некоја караница мала од време на време што си е најнормално у врска нели.
    Е сега, кога ќе има нешто што не ми се допаѓа, некоја негова постапка или нешто ако ми фали..како да го комуницирам тоа?
    Едни викаат кажи му најнормално што ти смета/што ти фали...не читаат машките мисли. Треба да си кажеш.
    Од друга страна други викаат никако со кажување, машките нејќат критики и ги нервира тоа и не им е привлечно, ги одбива.
    Се надевам ме сфаќате на што мислам. И ај сега?
     
  17. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.132
    Пол:
    Женски
    ^Само отворено и искрено.
     
    На Nausicaa и larrachi им се допаѓа ова.
  18. ananas158

    ananas158 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2014
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    63
    Пол:
    Женски
    Па вака, едно момче за кое и претходно пишав тука (за истиот зборам) пред околу еден месец го закачи една фаза на "љубов", така што каде и да се појавев тој од некаде ќе излезеше, БУКВАЛНО, како постојано следење дали во нашето средно, на улица, но јас искрено не се ни трудев да го гледам, ни глава да му свртам, чекав тој да ми прозбори или на фејс да ме адне (веќе неколку месеци пред тоа го правел истово реков ќе му здосади, а мене ми се допаѓа не велам не :P) . Но пред некој ден се сретнавме она па ајде реков јас ќе му дадам знак дека ми се допаѓа од една насмевка не ќе добијам некој вирус:rofl: ама он не ме ни погледнува, мртов ладен, ни глава да заврти. Поминувам покрај него ко дух да бев бее...ко претходно тој ден да не сме ни познавале а камоли тој да флертувал со мене. Вчреа пак го глеам со автомобилот дава ли дава гас само да избега од мене, од далеку ме виде и се труди да ме избегне по секоја цена. Поочигледно игнорирање не сум доживеала.
    Е сега да прашам машки членови зошто се однесуват на овој начин кон мене, наеднаш се претворив во грдото пајче или?
    А и како да реагирам незнам ( наеднаш само се нервирам и си ја јадам душата одвнатре што поране не му дадов до знаење дека ми се допаѓат)?:^)
     
  19. larrachi

    larrachi Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2015
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    925
    Пол:
    Женски
    Епа тоа е таа машка тактика, трчам по тебе дур да затрчаш ти по мене...разумеш. Игнор голем на дечкото!
     
  20. ana-milo

    ana-milo Активен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2016
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    203
    Пол:
    Женски
    Душо тоа значи дека уште е зелен :envy:.
    А ако не е толку млад значи дека му се врака пубертетот.:D

    Ти па не си паднала у транс поради него , де, де,... пази душата ке си ја јадеш.
    Штом така се понаша, очигледно твојата прва проценка да не го рецкаш била
    точна. Има едно правило: првиот впечаток е најбитен.
    После може ти било досадно, си немала што да праиш па си си рекла ај малку ке се зезам,
    да пројде време.
    Ако он стварно ти оставил впечаток ти ке си реагирала уште првиот пат, те уверувам.:mm:
    Светот е полн со машки како овој тип , со лопата да ги ринеш.
    (сакаат инстант љубов:l:, небаре љубовта е инстант кафе).

    Држи си до своите принципи и никогаш нема да згрешиш.
    Маани га тамо:P (шо викат Струмичани), нека си бара друга жртва, ти па на таков ли ке му се мислиш.
     
    На Miss.M5 и Marossa им се допаѓа ова.