Ана, можеби си во право, али тука терминот беше употребен во сосема друг контекст односно како една негативна појава која се однесува на глумење алфа мажјак и оговарање како што впрочем посочи членот, а ако го прочиташ коментарот подолу - „шовинисти“ упатува и на нешто уште полошо. Мојот коментар беше чисто како провокација за тоа до каде е нивото на свест во општеството (и за мажи и за жени, значи тоа важи за мене лично а не дека само мелам тука на празно) и каков развој ке пропагираме во иднина со еден ваков менталитет како шо тера macencef. Мене тоа не ми се свиѓа, кажав и зошто, а дека таа тема е огромна и жолчна за расправање, тука немам дилеми
Немав и немам намера да ви влегувам во разговорот, но сакав да дадам свој придонес околу употребата на тој термин, да освестам и асоцирам на друг начин на размислување и негово перципирање, поврзано со она што денес се случува во општеството, пред се во семејствата. За жал има и некои мажи кога ќе им укажеш на тоа дека се Балканци и дека имаш намера како жена да се поставиш во улогата која ти прилега по сите закони на природата, наместо гордо да одговорат, да бе јас сум Балканец, и што ми фали, они... ај подобор да не коментирам, што велиш ти, нека останат некои работи недоречени па и читателите малку да се поразмислат, може ќе се мотивираат да размислуваат на поинаков начин од оној што навикнале.Па и оние на кои им биле упатени асоцијации поврзани со Балкан, може ке им текне зошто ...
Како би го протолкувале ова. Уште кога работев во една фирма, колегата што беше колку мене ме свика ми рече дојди да видиш нешто интересно, многу е убаво и ми покажа слика каде што еден модел носеше многу кратко фустанче. Ми се насмевна. Кога видов што е само се насмевнав и го игнорирав. Уатс дис?
Само вака кажано некако чудно звучи, мора да сте имале некој муабет, или нешто да ти спомнал околу тоа. Вака од нигде никаде ако ти покажал, некако ретардирано ми изгледа. Којзнае што му се вртело у глава. Може сакал на девојка му да и купи, па те прашувал за мислење: Може он има желба да си носи такви..Којзнае
Јас покажував една мачка што ја начекав кај мене на прозор, стоеше убава беше многу, ми беше снимана на мобилен.Нема девојка бај д веј.
Ми изгледа ко да барал начин некако да се зближите, па така пробал да отвори тема околу девојката, да разврзете муабет. А со тоа што носела кратко фустанче, да створи и некоја си сексуална тензија . Многу веројатно дека ти го имал меракот, иако малце тапа му бил пристапов.
вели дека ме сака, али ради изгубената доверба не може да биде со мене.. сега е се завршено, ама така сакам да знам што би значело ова од ваша гледна точка
Не. И тоа намоделот му беше 'скратена' главата и беше сликана од рамениците надолу. Самиот ми рече види колку убаво фустанче
Или искажува вкус (мада шо така не се искажува вкус) или некаде длабоко во него те има замислено ва таквата варијанта
Ако е точно тоа дека те сакал, значи дека нема да му елесно да продолжи без тебе и нема да му е сеедно што ти нема да си покрај него. Тоа што изгубил доверба е уствари причината зошто не продолжува со тебе, претходно уживал а сеа ќе треба да биде цело време во сомнеж или со резерва. Обично, на човекот што го сакаш, и му веруваш. Без доверба никоја врска не е на стабилни нозе .
Епа вака ми се свиѓа едно момче, ама многу сум срамежлива да му пријдам, затоа другарка ми која е блиска со негов другар ќе рече да искочиме сите заедно. Е сега моето прашање е како да се однесувам за да не испаднам ко будала пред него? Help me.
Ок, можеби малку ќе ви испадни смешно ама вака: јас смислив мал план за да излезам со еден на кафе. Можи на некој ќе му биди смешен али еве го....Мислам да му речам дека ќе излезам јас со една другарка на кафе, и демек ако имаш време дојди со нас ќе пиеме кафе....И ко ќе дојди ќе му речам дека другарка ми ми откажала во последен момент, а јас не сум сакала да му откажвам и него. Плс искрено брејн сторм, дали планот можеби ќе ми успее...? Не знам што да правам, ама такво маче не се пропушта
А да му кажеш дека сакате да пиете кафе и да не се мачиш да лажеш. Едноставно покани го на кафе и готовооо.
Се мислев дали ова да го пишам во темата општо за совети ама ајде си реков може машка психологија треба овде. Има еден тип, некако почна да ми се допаѓа. И го додавам јас него на Фејсбук и тој прв ми пиша, секогаш тој прв ми пишуваше а уствари тој мене не ме знае, само на Фејсбук. И ме покани на кафе. Еднаш - му викам океј ќе одиме некој ден. Втор пат - пак океј ќе видиме ајде. Трет пат - му одговорив дека е тоа тешко прашање, дека тој уствари не ме ни знае. И од тогаш некако се оттргна, не ми пишува веќе, само еднаш се допишувавме после тоа ама јас му пишав прва. Е сега се прашувам да не го навредив со мојот одговор и се мислам дали овојпат јас да го направам тој чекор и да го поканам на кафе. Или мислите дека веќе му е сеедно и да не се глупирам? Го одбив само затоа што на некој начин би било како средба на слепо, барем за него, а во суштина навистина сакав да прифатам. Сега веќе голема е желбата стварно е фин и би сакала да си помуабетам со него. А девојка нема. Како некој од вас би постапил кога би се нашол ете на негово место?
^Не сака да те моли по 4ти пат за да излезете.Па се откажал да не стане досаден.А ти што глумиш лудило дека ќе дојде на бел коњ пред твоја врата сега ќе му пишеш ти да искочите.