Ова е класичен Scarcity принцип на кој си паднала ти, независно дали тој имал или немал намера да ти го направи. Значи вие не се знаете, а ти му праќаш френд риквест на фејсбук. Тоа е универзален знак за машкото дека девојката го свиѓа. Значи тој у старт е во предност и знае дека го свиѓаш. Тука нема дилеми. Е сега од негова страна, зависи од типот што човек е. Можеби стварно е по потрага на сериозна девојка и затоа те викал на кафе да те запознае, но поголема е веројатноста дека си рекол: „аха еве лесен плен за секс“. Ај ќе ја викнам на кафе и ќе пробам. Ако мажот некоја многу свиѓа, ќе се помачи малку повеќе. А ако е некоја чисто онака само за „замена за мастурбација“, тогаш ќе се обиде 3-4 пати и ако таа му изиграва тешка риба, ќе си рече: Абе што ќе се мачам и ќе губам ја време со неа, дај боље ќе си пробам кај некоја друга. И откако тој станал (намерно или ненамерно) незаинтересиран со тебе, ти согласно Scarcity принципот одеднаш се загреваш за него. Ова функционира речиси кај секоја девојка и искусните мажи често го користат (за жал). Намерно да те игнорира, намерно да се прави незаинтересиран, пасивен, за ти да си помислиш дека тој можеби брка некоја друга (што побудува љубомора кај тебе и компетативност), дека веќе не е заинтересиран за тебе (и ти сакаш да си ја докажеш својата вредност) или едноставно мислиш дека го губиш - и не ти се допаѓа тоа чувство.
Со бившиот пред 1 година и повеќе раскинавме и потоа неколку пати се смирувавме и на крајот ме остави тој бидејчи не можеше да ја заборави другата бивша и сега се сеуште заедно..Иако јас до сега не мислев толку на него,последниве неколку дена почнав..Мислам дека веќе не сум му интересна,бидејќи знае дека секогаш потпаѓам на неговите зборови и скоро секогаш може да ме има... Кај вас што ги буди чувствата кон старата љубов?(бидејќи многу се имаме сакано и прва вистинска љубов сум му)..
Да си му била прва вистинска љубов немало да раскинете поради неговата бивша, жал ми е но тоа е вистината, реалноста е таква. Инаку, јас знам како ти е.. И мене ми се случи исото, да мислам на бивша љубов, но тие мисли исчезнаа. Што ја буди љубовта? Доста тешко прашање, кај секого е различно, некој гест, некоја случајна средба или обид од негова/ нејзина страна за будење на емоции. Грешката е твоја, што си му дала до знаење дека може да те има кога ќе посака. Дали сте имале контакт во блиско минато?
Здраво на сите, имајте убав ден. Јас сум нова на форумов, па сакам да чујам ваши совети. Имам уште 1 година до полнолетство, значи сум 17годишна девојка. До сега не сум имала дечко и сум западнувала во многу погрешни друштва. Така овоа лето се дружев со bad girls, па цел град озборуваше.На крајот на летото се запознав со едно момче со кое се гледавме онака до октомврито, а потоа се измувавме.Знам дека ме сака и сега сме во врска веќе 5 месеца. Јас сум девојка која е премногу чувствителна и се си клава на срце. Мислам се што лета се јади. Со дечко ми имав орален однос одма откако се измувавме,а после 2 месеца и му се оддадов целосно. На почетоко се беше мед и млеко.Совршено преубаво.Дури си мислам дека подобро беше кога се гледавме тајно и не брзавме отколку сега кога можеме јавно да излегуваме и сите знаат за нашата врска. Сега сваќам дека можеби прерано му дадов, иако после тоа веднаш не се измена, со текот на времето нашиот однос се менуваше.Моите грешки излегваа на виделина а тој премногу се лутеше и муртеше за се.Ама некако се справувавме со се.Имаме плус тоа врска на далечина бидеќи тој е студент во друг град и сме одалечени 100 км. Мене ми е прв дечко и прва искрена љубов,значи знам дека го сакам и ми значи и не ми е криво за ништо што направив сонего.Ама, после неколку мои грешки (големи и мали) се се смени.Буквално се. Имаше денови кога не заспивавме дури не се видевме на скајп,дури не си пратевме смс,100стикери,да си посакаме добра ноќ на најдобар начин,а сега само добра нокј те сакам и толку.Сега има денови кога се слушаме само 1,цело време се пишуваме на фб.А во живо е се прекрасно, од убаво поубаво е секогаш. Јас искрено се надевам дека со тек на време и еве иди лето дека ке научи дека не сум онаква каква што ме мисли и дека ке се смени се,дека се ке биди подобро и подобро. Сигурно некој/а од вас имал/а слична врска па нека ми даде барем малку надеж дека ке се среди се. Јас сум сигурна дека ме сака, а и јас го сакам, ми докажува со многу работи,доволно е што ми простува за сите мои грешки.Последниве денови се случија неколку грешки една по друга па едвам се смиривме и ми кажа дека нема да е ништо како порано. Јас разликата ја осеќав и пред да се случат грешките,а сега ќе е се уште поразлично.Кажав и погоре јас сум ужасно чувствителна,па не можам да го поднесам тоа.И тој тоа го знае.Ама залудно. Дајте ми совет,утешете ме, не знам како ќе издржвам вака повеќе.Ме чекаат добри денови,средношколка сум ама не можам вака. Дополнително ме повредват сите очекување и ветувања што ми ги даде а не се остваруваат...тоа ме боли највеќе и не знам веќе што да мислам. Фала
Значи вака,карактерно не го знам твојот дечко,па не можам да коментирам за него. Да ти кажам за тебе да не леташ со паметот премногу,да смириш страсти и барем да пробаш да не си ставаш се при срце. Следно што би требало да направиш е еден долг,искрен муабет со него и притоа да му ги кажеш тие работи што си ги скрила,се разбира ако се работи кои влијаат на вашата врска и кои би го попречувале нејзиниот развиток. Довербата е темелот на една врска,тој можеби ти простува,но кој знае како се чувствува.Не мора да значи дека и тој не крие нешто,но како и да е,потребно е муабет во 4 очи.
Здраво.. Значи вака, пред 6 месеци раскинав со бившиот со кој одев 4 години. Од пред Нова година почна да ми пишува еден дечко, ми беше симпатичен, но не мислев дека ке излезам со него, а и баш тој период бев надвор од Мк. Ми пишуваше скоро секој ден, јас не обрнував многу внимание, но никогаш и не го игнорирав. Се вратив во Мк и уште бевме во контакт. Еден викенд излеговме во град и се договоривме тој со неговото друштво да дојдат со нас и таа вечер излеговме , се беше океј, се видовме уште 3-4 пати, комунициравме прво само на Фб па потоа почна да ми се јавува. Е сега претходната недела се случуваше 2-3 дена во текот на денот многу пати да ми се јави, кога ке се вклчи на Фб веднаш ми пишуваше, пораки на телефон за убаво утро секој ден. Од овој викенд се изменија некои работи. Не добивам пораки веќе, не ми се јавува скоро по цел ден само навечер. Па почнав јас да му звонам прва, да му пишувам и почнав да се нервирам, бидејќи дечкото навистина ми се допадна. Го прашав зошто таа нагла промена, дали му имам здосадено тој вели НЕ! А, разликата се чувствува. Вчера јас го побарав дури вечерта и тој ми префрли те нема цел ден никаде. Е сега сакам да прашам дали е можно дечково да применува некоја тактика, бидејќи деновите кога ми се јавуваше по повеќе пати на ден ми рече, не треба јас вака да те навикнувам често да ти звонам бидејќи ке ти здосадам и ке ме откчиш? Еве денес се немаме воопшто слушнато ни пишано, да го оставам така да видам дали ке преземе нешто, ај баш сакам да слушнам совет од вас. Ви благодарам!
Си ја претерала.. сеа ти се ставаш во негова ситуација ти го знаеш за кафе, а тој тебе не !?!? Сигурно ќе се замисли 3 пати пред да ти орговори дали ќе дојде на кафе со тебе, зошто сигурно ништо не се сменило во вашето „подобро запознавање“ па да одите на кафе Гарант е исфрустриран, но на крај мислам дека ќе ти прифати. сепак се работи за кафе a каков ќе биде исходот од кафето.... тоа ќе ни прераскажеш
Ми треба мислење од машка страна, но нема да биде и лошо и ако девојче даде некој совет..Од прва година ми се свиѓаше еден дечко ама имаше женска, остана со неа до 3та год, и јас фатив дечко ама раскинав после 1 год, некако го подзаборавив. Сега сум 4та и приметував дека ме гледа повеќе од другарка, ама не бев сигурна. овој викенд бев на роденден, таму беше цела моја генерација, сите малце се поднапивме, после роденденот решивме да одиме на игралиште, беше забавно, еден од другарите свиреше на гитара и баш беше онака...сите се забавувавме. Цела вечер еден друг другар( не многу близок) ми се додворуваше но мислев дека ншто нема да се случи, пред да си одам, ме праша имам ли некој со кој се гледам? и кога му кажав не, ми рече тогаш нема шанси да ме остави вака сама да си одам, прво му реков дека ќе можам сама, и на крај се убедивме. Цело време праевме некој муабет за вечерта, дека малце претеравме сите, и на пола пат, баш на улица застана и ми рече дека сака нешто да ми каже, дека сум му се свиѓала долго време, дека од кога почнавме 4та год сум му била симпатија, дека сум му била многу мила, и дека не знаел како да ми го каже ова, јас баш се израдував а и очекував, му признав и јас и тогаш се смувавме, останавме уште 1час и праевме муабет за нас...го прашав како после ова, како ќе се гледаме во школо, се догооворивме никој да не знае да биде наша тајна, и ми рече дека ќе ни покаже времето, и онака само уште 2 месеца сме во школо. Утредента ми пиша на фб, ми се јави праевме муабет, исто и другиот ден. Во Понеделникот кога го видов во школо се осетив многу интересно од една страна, од друга-глупо. Цел ден се смешкавме тајно а веднаш после школо ми се јави, и ме праша дали сум слободна за вечер, јас малце се зачудив зашто мислев дека тоа е тоа, се свиѓавме, испаднавме и тоа е тоа. Прифатив, се видовме, некако не беше расположен и го прашав ама викаше дека не му е ништо и на испраќање ми рече пиши ми кога сакаш, може да се гледаме кога ќе посакаме и двајцата, и некако беше ладен.. и ми рече дека веќе и тој не знае како воопшто се понашал пред ова да се случи. Воопшто не правеше муабет, се што сфатив е дека сака да се забавува. Што да направам со него? Веќе нз ни како да се понашам,во школо ќе морам нон-стоп да глумам, и ако продолжам да се гледам мислам дека ќе се заплеткам....
Види, не можеш да очекуваш се’ да биде толку официјално за неколку дена. Нормално е во почетокот некое време да ја одржувате врскава, ако е всушност врска, во тајност. Е сега, тоа што велиш дека воопшто не ти правел муабет и дека мислиш дека сака само да се забавува, друга работа е. Почекај некое време, види како ќе се одвиваат работите, запознај го подобро и дознај какви му се намерите. Ако испадне дека претпоставкиве точни ти се, тогаш немој воопшто да си го трошиш времето и нервите на некој кој те гледа ко забава, макар и најубав и најфраер во цел град да е.
Тоа шо тој така „Официјално“ или „Службено“ се однесува, тоа е од причина што вашата „врска“ ја чува во тајност и тоа е интересно кога гледаш од страна. Е сеа моментот дека ти си сфатила дека сака да се забавува, не го земај така здраво за готово, може е малце изненаден од твојата реакција, можеби имал друга замисла за тоа како ти ке реагираш и му треба малце време. Ај то, матуранти сте, па нишо чудно малиот да сака да покаже малце муда али се тоа суптилно да изгледа! За да си ја избистриш главата а и да дознаеш како стојат работите и каде води сето тоа, биди индиферентна кон него некое време. Не пиши му прва, одговарај само кога тој ќе ти пише, со еден збор биди ладна и кулирај го ( е сеа немој да претераш во ова пошо голема е веројатноста дека ке имаш контра-ефект ) кога веќе и сама кажуваш дека ќе мораш да глумиш, ова добро ќе ти дојде
Од кога излеговме за прв пат, тој секогаш прв ми пишува, а кога се видовме беше ладен е баш за тоа ми е чуден. Како и да е, не можам да се замислам со него во врска барем не овој период....многу ми е чудно, не сакам да го изгубам контактот што го имав пред тоа со него, но не можам ни да го гледам баш како другар. Најлошо од се, тој и е многу добар другар на мојата најдобра другарка, јас не учам со нив во клас, а тој и таа се партнери...јас тоа нема да можам да го поднесам ако продолжам да излагам со него..Како и да е, што сака нека биде.
Здраво на сите,се зачленив бидејќи ми треба помош,машко женско не е битно. Имам 20 години,муслиманка сум.Имав врска 3 години со еден,и невиноста ја загубив на 18 години.После раскинавме,и по 6 месеци се фатив со друг.И двајцата беа муслимани,ама овој вториот беше многу по друг од него.И ми забрануваше да излевам,не ми дозволуваше да идам секаде ме контролираше ама јас го сакав бидејќи ова ми беше посебна врска,првата и не можам да ја наречам врска зошто така ми пропаднаа години а најмногу жалам што мојата невиност со него ја изгубив.На вториот му кажав дека не сум невина,не му сметаше.Бевме 1 година заедно,како на филм беше,ме сакаше,ме чуваше,ме гледаше,секој ден беше во мојот град зошто живееме во различни,но не бевме многу далеко.Пред еден месец ми се јави и ми кажа дека не можел повеќе така да продолжиме,јас знаев дека има нешто,се смени во последно време.Ми кажа дека не можел да се жени со мене зошто тој не ми е прв...Пробал да заборави ама не му идело веќе.Кога слушнав се шокирав,му кажав зошто не ми кажа од почеток а тој ми кажа дека мислел со тек на време дека ќе заборави ама неможел...Подобро ќе било сега да се разделиме неголи покасно.Ми кажа дека во неговата фамилија не смеел да донел жена што не е невина..Тогаш многу ме повреди...Јас му изнакажав се,барем да не криел од мене такво нешто,мада во ова мене се ми има нешто чудно.Тој се познава со мојот бивш,ама онака и рече да не го знаев него,немаше да ми биде гајле ама ако те земам за жена тој ќе се смее со мене зошто мојата жена не е невина...Мене ми пукна се и му кажав се најубаво во животот да си најдеш невина во ова време,што ќе те сака како мене и да си тераш со животот а тој ми кажа знам дека никоја нема да ме сака како тебе,а за жена не е проблем моите можат да ми најдат ама ако не ми најдат невина ич нема да се женам.После се видовме еднаш да разговараме,плачеше како пи*ка,и отогаш немаме контакт...Но јас тајно се надевам дека ќе ме побара,дека пак ќе бидеме заедно,на ништо не мислам освен на него,на факултет попуштив,не шетам,ништо не правам..Не знам како ќе продолжам без него затоа се мислам да му пишам да се видиме уште еднаш да разговараме или да оставам како што е .Многу е ама ќе ми биде мило на тој што ќе одвои време барем малце да ми помогни.Фала.
искрено мислам дечкото е недораснат , имав другарка муслиманка исто и таа не беше невина и често запагаше во депресија дека никој немал да ја сака ниту да ја земи за жена заради тоа што не била невина .... Денес е срекно омажена и си има и дечиња ! Значит дечкото ти е мн конзервативен , разговарај уште еднаш со него и кажи му дека го сакаш , дека ако вистински те сака нема да му смета тоа, да си дадете шанса да ја спасите врската и да бидете срекни , ова кажи му го смирено и дипломатски , немој да го молиш ни случајно!
Да си продолжиш без него. Јас знам дека тој што те сака,секаква ќе те прифати.Добро му е и што сега ти кажал дека нема да сте заедно за да не се надеваш,замисли како ќе беше понатаму.Ќе си најдеш некој што нема да му смета дека не си невина,тој дечко ти мислам премногу си ја почитува фамилијата штом ти рекол дека кај него дома смее само невина жена да флезе.А и може и да му најдат како што си кажал,само невина да е ! Заборави го,не се мачи,Аллах најдобро знае што прави,затоа ве разделил.
Како да го заборавам,кога мислам дека никој нема да ме сака после ова....Муслиманка си мислам и ти,што би направила да си на мое место ? Не верувам дека има машко што ке ме сака кога ке дознае дека не сум невина.