Душо,не живееме како предходно нашите мајки што ѓи чувале до првата брачна ноќ.Се смени времето.Сега и женските имат секс пред брак само треба да најдеш муслиман што е современ,што не е заглавен во минатото,како тој што си го имала.А верувај дека ќе најдеш,како што кажав тој човек што те сака ќе те прифати со се минатото што си го имала.Не се замарај веќе со ова,продолжи си со животот без него,верувај со тек на време ќе го заборавиш зошто во животот се се заборава и се мине,само треба време.
симпатијата кој подолго време си го меркам е во ист клас со мене..тоа всушност е и мојот најголем проблем заедно со тоа што не знам како да постапам да дознаам дали имам шанси кај него, а притоа да не примам корпа па ако може помош од вас
Почни повеќе да комуницираш со него. Пробај прво со заебанции со шали и тн. Немој одма на сериозни муабети. Кога ќе се зближите почни на по озбилно и тогаш ќе видиш дали имаш шанси.
Е тоа е уште подобро штом сте во ист клас. Плус и некој ќе го примети тоа, па ќе ве подбуцне и така натака...
Мислење од машки членови ако може имам еден пријател, се знаеме неколку години и имаме близок однос. Во неколку прилики ми има спомнато дека му се допаѓам, ама има приметено дека на негов пријател исто така му се допаѓам, па не презема ништо. Му имав кажано дека тој пријателот негов не ми се допаѓа и во една прилика (дали беше поднапиен или собра повеќе храброст) проба да ме смува, ама јас се тргнав. Е сега од тогаш помина време, продолживме да се дружиме, не спомнуваме ништо за тоа, арно ама мене почна да ми се допаѓа. Пробав да му дадам до знаење и мислам дека сфати, ама некако не презема ништо. Мислите ли дека имам шанси?
Машка екипо, како би реагирале ако дознаете дека не ве сака вашата девојка и ако дознаете дека имате лажен фб од неа и пишува на ваши другарки за да ви наштети? И ако причината за тоа е сомнеж дека сте изневериле, а целта да дознае дали имате некоја непреболена?
Такви сме повеќето машки. Еднаш ако го одбиеш во таква ситуација, после тешко друга шанса. Кажи му уште еднаш дка не ти се допаѓа неговиот другар, пробај уште повеќе зближи се, и ако можеш кажи му уште еднаш дека ти се допаѓа. Но да не е индиректно. Што повеќе си чекате, тоа полошо.
Ако не ме сака, клоцата и на Шапка да бере лимуни. Јас одма би ја откачил затоа што ми покажувала лажна љубов. Сигурно нешто сакала да искористи од мене. А лажни профили и проверки може да прави од љубомора и недоверба.
Кратко и јасно: мајката ќе и ја расплачам. Како бе тоа ем не ме сака, ем напраила лажен фб за да ми наштети, и да дознае дали сум ја варал или мислел на бившата? Па ако не ме сака, што има да се замара бе да љубомори. што не раскине? Од кај копате вакви глупи прашања, стварно не ми е јасно...
Обично не сум груб со никој, особено не со девојките... али ако тоа го направила за такви баналности и на таков прост начин .. искрено.. ќе зажали шо воопшто пробала да има некаков контакт со мене!!!
Никогаш не се знае. Пробај и види. Таа девојка е ментална и би ја отпукал одма. Never stick your dick in crazy е златното правило.
Па кога веќе си пропуштила една шанса(тој го направил првиот чекор, каков и да е, а ти си го одбила) и сеа оладел типот,, не гледам зошто тактизираш односно нема причина зошто ти да не преземеш иницијатива? Сепак треба некои стереотипи да се отфрлат.. шо е толку страшно ако го седнеш и поразговарате малце околу тоа?? Се плашиш случајно дане не ти се свиѓа после одреден период? И тоа е за луѓе.. јбг
Фала на одговорот, презедов иницијатива, му пишав и му спомнав да се видиме сами (се гледаме често, имаме заедничко друштво). Мислам дека има сфатено што сакам, зошто го викам да се видиме сами, па ќе видиме што ќе излезе
Значи... тоа шо ќе се видите сами... може да се сведе на некој добар и содржаен муабет и да остане само на тоа( ама само тогаш, нареден пат е друга приказна). Но кога веќе се гледате почесто и се знаете.. тогаш може и директ на акција да се префрлите. Гледај да не испадне целата фрка „ефтина’ без разлика на исходот
Одиме подолг период, но почна повеќе да се дружи со слободните другари,а другите се оженија,е сега слободниве гледаат по девојчиња-нормално и овој мојот почна..Дали тоа многу влијае и придонесува до крај? Кога одиме на кафе-ме избегнува и почна да манијачи...
Прво увери се во тоа дали тој стварно манијачи и те избегнува или ти така мислиш! Може си станала пасивна!? Иначе има начини како да му го задржиш вниманието Ако не успева тоа, отворено разговарај со него. Другарите и не се некоја причина за тоа што те избегнува или манијачи (тоа сепак треба да го провериш). Типот потајно в него го крие тоа, не му го наметнале другарите