И јас дојдов на дневен ред овде Па , имаше едно дете ( имам пишано и на темава за него ), излегов еднаш пред две години и после тоа ме откачи , па имаше плачење , мачење , кукање лелее ко ке ми текни ... и заврши сето тоа прекинав секаков контакт , и после нецела година ете го пак , и во ред сето тоа пријателски комунициравме , и во последно време мн е сериозен и ми кажува дека сака да бидеме заедно ( а и првиот пат така ми рече ) , си прави планови за нас ( моментално е во странство ) па коа ке дојдел ке сме биле стално заедно , но на фб профил забележав дека бифшата нон стоп му лајкова и му коментира а тој неа НЕ ( али ги чува заедничките слики ) , И што мислите дали да му верувам дека сака да биде со мене , и дека овој пат е сериозен???? Јас немам чуства за него али ми се свига , само не можам да забораваам за првиот пат каде што ветуваше многу ...
Оооо,па ти си била пиленце уште. Ајде тука," смеам" да те цитирам,добронамерно. Ништо не губиш да му дадеш простор Пријателски најпрво,но кога ќе дојде. До тогаш држи кумплуг. Кога ќе дојде нека ги покаже прво убаво намерите па после одлучи. Само оваа варијанра ти е сигурна. Гудлак.
Па види има многу машки што ве лажат правејќи ви филмови и тоа се вика класично симињање звезди. Пази се да не те заебе и следен пат ... има секакви, уживаат во играње со чувства и заебување. Зашто би бил сериозен сега? Од кај од нигде никаде те бара после година дена а те откачил претходно? Ја ако откачам девојче ќе го откажам пошто не можам повеќе со нејзе а ќе ја барам ако сакам да имам повторно секс со нејзе ради рекреација.
Ај некој да ми го објасне феноменот "ghosting out" ? Пред месец и пол се запознав со еден дечко и на почеток го гледав само како другар, ама лека полека станавме неразделни и по месец и нешто се смувавме.После тој ден повторно бевме неразделни и тој официјализира дека сме заедно. Да бидам искрена не сакав врска со него, но ајде реков не биди дифтар види до каде ќе одат работите. Дечково беше топ, фин со мене и после 3 дена oд како се смувавме наеднаш го снема. После првиот изговор од типот на “почнав со работа - нема да имам време“ бла бла бла знаев дека ќе го снема. Ми кажа како ние жените сме биле напорни и баш од тие причини не сакал да се врзува со некоја (ко јас да го терав). Било како било, видов дека не бива и одма прекинав секаков контакт. Meне не ми е ништо јасно што се деси, како може за некој со кој што си бил 24/7 заедно, наеднаш да го заборавиш. Не дека бев вљубена во дечково. ама ќе признаам дека егото ми е повредено пошто мислев дека ме свиѓа и на крај паф исчезна. Јасно ми е дека не сака ништо, ама како јас да не се чуствувам тапа.... ех мажи!
Низ истото поминувам ни јас. Некој до вчера што ти кажува да имаме врска, денес ти кажува дека ти форсираш, а јас немам ни збор кажано. Иронија
^ Или само сте биле колку да се најдете и да не бидат сами.Или си нашле нова играчка па знаете старите во корпа.
би сакала едно мислење , бидејќи и незнам како да би посоветувала друга личност?? Другарка постојано е во комуникација со тип и се гледаат (функционираат супер) меѓутоа се останува на тоа а не на нешто како мување за почеток. а двајцата и не се тинејџери се работи за 25 годишњаци... што сметаате, тој зошто не повлекува некој чекор?
веројатно е срамежлив и му фали храброст да го повлече најважниот чекор, односно, да ги искаже чуствата.... му треба или некаков импулс, некој да го поттурне, може одредена доза алкохол, или другарката да му даде на знаење дека и на неа тој и се допаѓа...бидејќи тврдиш дека има хемија меѓу нив..
Колку вас машките ви е ввжен профилот на ФБ на девојките? мора ли да се прикажува се и сешто? Мора ли да се поставуваат слики пред излегување? Доволна ли е само една нејзина слика на профил? или сакате многу повеќе? Што ако таа не се “истакнува“ по социјалните мрежи?
Maski ajde ve molam pomos ocajna sum,20 godini nevina sum,poveketo go znaat toa,ima decko koj mi se dopaga no ne znam dali i ja nemu mu se dopagam nekako e cuden sprema mene ne se odnesuva kako so drugite devojki(inace sme drugari)sakam da go zavedam neiskusna sum vo toa zatoa ve molam za pomos ne sakam da bidam napadna,sakam na dobar nacin ajde cekam odvori strvarno mi trebate decki
Мене премногу ме интересира некое машко да ми каже: Зошто би почнале да игнорирате, без причина, ваша многу добра другарка? Значи не се работи за љубовен проблем туку другарски. Долго време со детево сме другари онака, ама последните 4-5 години станавме најдобри другари. Знаеме речиси се еден за друг, скоро секој ден се слушаме, или на фб, или на тел, или сме излезени и со други другари, си даваме совети еден на друг, поддршка сме си, значи премногу добро функционираме, и тој имал девојки, и јас дечковци па пак премногу добро се сложувавме, се до моментот кога тој, пред некој месец, преку ноќ се промени. Кога ќе се видевме или ќе се слушневме чуден ми беше, ќе си заминеше порано или ќе ми исклучеше тел без причина. Ај прво ќутев, ама после го прашав отворено да ми каже што е работата, тој вика ништо, му реков да не има некој проблем слободно да ми каже, тој пак вика ништо. Му викам за девојка да не се работи, можам да го слушам и совет да му дадам, тогаш рече дека не сакал за тоа да зборува и ме замоли да не го прашувам ништо поврзано со тоа. И ок, нема да го замарам за тоа ако не сака, ама зошто со мене така лошо се понаша? Се повеќе и повеќе ме игнорираше. Не ми креваше, па ако му пишам ми враќаше после неколку ДЕНА, па имал работа, блабла, на вибер постојано е онлајн, а мене со денови ме игнорираше... уште не можам ништо да сфатам, ама во вторникот ја премина секоја граница и јас малку претерав со реакцијата и еве сега ништо ни ми пишал, ни се јавил. ВО вторникот вечерта пишувавме како со клешти да му вадам зборови, и крај 23.00 ч рече ќе си легнел пошто бил изморен, и ок јас пак малку се изнервирав (пошто знам никогаш не легнува толку рано) ама се воздржав, само му пишав добра ноќ и после 2-3 мин (речиси ОДМА) му пишав дека заборавив да го прашам како е мајка му (имаше некој НЕ толку страшен проблем), ама тој веќе наводно се искл, па ништо не врати. И ок, и јас се искл, ама после саат и повеќе, пак се уклучив и кога гледам последна објава од другарка некоја песна оставила (пред неколку секунди), а прв лајк и ставил тој...значи мене ни seen не ми оставил, ни ми пишал за тоа што го прашав, го исклучил разговорот ама битно на фб си седел дури после 1 саат од кога наводно се искл. И мене толку ми требаше, не можев да се воздржам, искри почнаа да ми излагаат, и се и сешто му пишав во нервоза, ми идеше да го исфрлам телефонот. И пак ни seen, ни бутур оставил, ни ми се јавил, ни ми пишал нешто а еве трет ден поминува. Се плашам дека му стави крај на нешто другарство, а не знам зошто. Верувајте премногу ми е глупо зошто така се понаша со мене. Си викам ако не пише ништо, ете јас прва да му се извинам, ама така ќе излезе дека јас сум крива...а не сум крива, само бев премногу изнервирана зошто ме игнорира....јас не држам лутина, на сите попуштам ама кога ќе ми текне што ми прави цело време, ми се враќа лутината и не можам да се воздржам. Ме интересира некој да не имал некоја слична случка, и ај некој логично да ми објасни што се случува?ЗОшто отворено не ми каже што е проблемот, кога 100000 пати му реков да каже, туку вака ми прави? Зошто е толку променет спрема мене (само спрема мене, а со другите мислам е исто цело време)? Значи тој прв секогаш ми се јавуваше, ми пишуваше, па се зезавме постојано или на кафе ваму таму, цело време опуштени и преку ноќ, оп, друга личност... Што филмови си терате вие машките, и после ние сме биле чудни. Да, секако. Ќе збеснам, ми иде дома да му појдам и да го претепам.
па за нешто ти е љут ... Можеби си издала некоја тајна , можеби ненамерно си го навредила , можеби има девојка па девојката му забранува да комуницира со тебе , можеби он е вљубен во тебе (па можеби дознал дека излегуваш со друг ) .... размисли подлабоко која е причината што ти е лут ...
Ама зошто би ми бил лут кога ништо не сум погрешила? За тоа тајна да го издадам нема шанси, не сум таква личност да прекажувам на други. Има(ше) голема доверба во мене, исто и јас во него. За да сум го навредила ненамерно, може ете да се десило сепак луѓе сме, ама заборавив тоа да го кажам дека уште кога сетив чудно се понаша, му се извинив во случај ненамерно да не сум погрешила или сум го навредила а тој рече (цитирам) : Не, не, немој да се извинуваш, не си ништо крива, не ми отежнувај, едноставно имав работа и не можев да ти вратам или да се јавам...и после тоа пак исто си продолжи со игнорирање. За да има девојка не верувам, пошто сигурно ќе дознаев. ЗНам дека си пишува со некои ама нема девојка сега за сега барем за тоа сум сигурна. И за тоа дека е заљубен со мене, не верувам, не е ваљда можно тоа... Размислувам јас цело време што му е, со месеци, од кога почна вака да прај ама не можам ништо логично да најдам. Ете му се извинив на почеток, ете го прашувам што му е, ете му оставав и простор да не го притискам премногу ама тој препрепремногу се промени спрема мене. И не ни спомнав дека неколку пати го фатив во лага. Значи и почна да ме лаже. Не знам што е работата ама, од една страна си викам ако решил да стави точка на цело ова другарство слободно нека стави, од друга страна премногу ми е криво зошто не знам што му е, а ме игнорира.
Мене па баш на ова ми личи. Нема да e ни прв ни последен пат машко-женско пријателство да прерасне во нешто друго - барем за едниот. Не знам, друга причина зошто не би ти кажал за што се работи не гледам, особено ако сте толку блиски како што велиш. Најверојатно му се развиле чувства за тебе, но од друга страна е свесен дека нема да му бидат возвратени од твоја страна, па затоа и не сака да ти каже за што се работи, се дистанцира од тебе и се однесува така како што се однесува.
@JollyGirl, веднаш отвори фејсбук и извини му се најдобро што можеш! Пиши му колку многу ти значи како другар, кажи му дека ти фали и нагласи му дека, кога и да посака да разговарате, секогаш си тука за него. И толку, не го контактирај повеќе! Кога ќе биде подготвен да ти каже што му се случува, самиот ќе те побара. Зошто така се однесува можеме само да нагаѓаме но мој општ впечаток е дека повеќето момци не сакаат да покажуваат слабост пред девојки (другарки, братучедки, женски, сеедно) и кога имаат некој посериозен проблем се повлекуваат на страна, едноставно не сакаат да дозволат да бидат видени во едно такво (според нив) „патетично“ светло. Понекогаш многу е полесно да си го отвориш срцето и да се исплачеш пред странец отколку пред близок човек и мислам дека тоа се случува и кај вас. Пишуваш дека мајка му има здравствени проблеми? Можеби тука некаде се наоѓа и одговорот на твоите прашања. Во секој случај, тргни се на страна и остави го него, тој да те побара.
Иако не бев крива за ништо сепак му се извинив тогаш кога забележав промена, пошто мислев дека треба да се извинам и го направив тоа. Од срце му се извинив, му пишав цел реферат колку ми фали стариот тој, колку ми значи ко другар и брат, колку доверба имам во него, и колку ме повредува вака....и тој замисли не ми врати пак одма, туку после ден-два. Ама сега моментално после последната случка и јас уште сум лута и не можам да пишам нешто што не го мислам. Всушност зошто јас да се извинам? Дека тој ме игнорира јас треба ПАК да се извинам ? Мислам доволно се понижив повеќе пати пред него, му дадов да знаење колку ми значи, колку ми е потребен, и сега пак да му се извинам треба. Зошто тој не се извини? Зошто не пише имам проблеми, извини, ми треба време да сум сам...и јас, нормално ќе го оставам, ќе ми помине лутината, ама битно ми е да пише нешто. Зар јас не му значам нему ко другарка? Очигледно не му е воопшто страв дека ќе ме изгуби со такво понашање, па упорно ме игнорира. Инаку мајка му нема здравствени проблеми, туку во неделата го скршила прстот па затоа го прашав како е, но на сето тоа добив уште едно игнорирање. @Bender Rodriguez За тоа дека е заљубен во мене не знам што да речам и не можам да го замислам тоа. Ако би ми кажал такво нешто јас не знам како да изреагирам, пошто го гледам ко брат. Знам и сама дека нема логично објаснување зошто така ми прави, па затоа сакав да слушнам мислења. Ќе го оставам цела недела без да му пишувам, без да му се јавувам па ако пак го нема може ќе се оладам до тогаш па ете пак ќе попуштам и ПАК ќе му се извинам (иако тој е крив). Не е тинејџер вака да се понаша, туку е зрел млад дечко. Премногу е добар, наивен и на мравка не би згазнал, ни пак рекол нешто лошо за некого, а сега мене (најблиската другарка) премногу ме повреди. Си викам да му појдам дома, ама сепак имам гордост...тој ме игнорира, а јас ко куче пред врата да му одам...не бива. p.s. Цело време разговорот му е исклучен, а си става лајкови на објави или некои страници, и јас кога ќе видам дека е тука а не враќа, уште толку се нервирам и станувам се потажна. Па знаете како е, кога некој те игнорира уште толку се опседнуваш со него.
Повлечи се, не се однесуваат така само тинејџери за жал. Ти си се понижила ама пак го гледаш како брат, а нему ако тоа не му одговара џабе е се'. Тој ја преминал границата веќе нема назад. Машките се многу ОК како другари и пријатели ама проклето кога ти не ги гледаш поинаку секогаш завршува така, еден на една страна друг на друга.
Ќе се повлечам деновиве, секако и јас сум лута, имам и за учење па таман да не мислам толку многу на него. Сепак не ми е воопшто лесно. Замисли некој секој ден да ти се јавува, да те бара на кафе, те теши, се зезате, кога имаше проблеми одма мене ми кажуваше, во 5 сабајле ми се има јавувано и ми има плачено кога му е текшко, со него бев поблиска дури и од брат ми, или од некоја женска другарка. Премногу сум приврзана за него и тешко ми е кога ќе помислам дека го губам поради НИШТО. Доволно се понижив, ама пусто срце не знам колку ќе може да издржи без да му пишам. Ми влијае многу и на расположението. Прееска ми се јави другарка за на кафе, ама одбив пошто имав друга работа и таа вика: Аман де тој (неговото име) одби за кафе, ти одбиваш, што ви е на сите?.....Значи ете ги одбива за на кафе, пошто се плаши дека јас би била таму. Емотивна сум премногу и потребна ми е огромна сила да го пребродам ова. p.s. машки ни за лек нема во темава повеќе залепени се по други теми, за секс, за тројки, за двојки...за совет еден ако пише..ццц
Терсене ситуација е знам и тоа не еднаш сум осетила, ќе ти помине. Колку и да молиш, немој, немој 100 не сакам да те изгубам не вреди и научив да бдам безмилосна и јас да пресекувам, а не да ми е тешко вака ко тебе сега. Ако има шанси за нешто повеќе замарај се ако не, остави на крај иако кажуваш се отворено и јасно пак ќе бидеш лошата затоа што за вакво нешто "срце памет не пита".