Што мислите дали би успеала врска со 10 години разлика? Девојчето 20, а тој 30? Дали вие што имате околу 30 би биле во врска со девојче од 20? Претпоставувам карактерот е битен пред се.
Зависи, колку што те читам низ постовите имаш искуство со недораснати момци и тоа ти е најдобар показател дека годините не се предуслов за (не)успешна врска. Јас и сопругот сме 11години разлика, 13 години сме веќе заедно, супер ни е и многу успеавме во заедничкиот живот, така да од мое лично искуство успешноста на една врска не зависи од разликата во години на партнерите
Здраво дечки! Нова сум на форумов и не знам дали ова е соодветна тема ама ајде ќе прашам. Подолго време ми се допаѓа еден другар и му давав знаци дека ми се допаѓа и тој исто така покажуваше ама не превзеде ништо во врска со тоа. Јас не можев повеќе да чекам многу сакав да открие што мисли тој за мене и разговарав со другарка, таа ми рече дека ќе го викне на кафе и ќе проба да открие што мисли тој за мене. Но како што помина време јас почнав да губам заинтересираност бидејќи тој не прави ништо во врска со мене, прашањето ми е дали другарка ми да оди да го праша иако не сум толку заинтересирана за него како на почеток?
Јас имам другар 20 години а девојка му е 30, мене не ми се многу допаѓаат али ако тој е среќен и јас сум. Карактерот е многу битен зашто има некои помлади што се посозреани и обратно. Јас не би бил се некоја помлада повеќе од 5-6 години од мене али секој за себе си знае.
Опаа Супер тема добро што ти текнало. Немам jас никаков проблем со мажите и мислам дека жените треба да ги возат нив, а не обратно, без навреда. Иако има и лоши мажи и лоши жени ама пак ние се ви даваме ... знаеш што сакам да кажам. Еве имам само едно прашаюе.. Гледам каj други врски, пример каj една другарка моjа, во неjзината врска нема рамноправност. Зошто е тоа така? И си пати девоjчето..
Хм, лично не гледам проблем. Се зависи од личностите и нивните карактери. Можно е повеќето да ја имате мислата" што бара со тој старец?", но сепак се зависи од аголот на гледање. Ако имате 25 години тој од 30 е за вас стар и обратно. Многу е поважна компатибилноста на партнерите(физичка и духовна) отколку разликата во годините.
Кога го спомна возењето го знаеш она кога некој дечко ја прашал девојка му: со колку имаш одено до сега?, а она му одговорила: со никој бидејќи сите имаа коли и ме возеа а ти си прв со кој што одам . Така да нејчесто ние ве возиме во секоја смисла , ама има и исклучоци секако .
Хм, јас би ти одговорил на прашањето. Врската е компромис, но совршен компромис не постои. Некаде е 50:40, некаде 70:30. Се зависи од партнерите, т.е. колку се подготвени да направат отстапки. Но секој компромис е лична одлука. Ако не сме задоволни со личниот статус во врската, подобро да се напушти врската. Компромисот не смее да биде на сметка на личната среќа.
Дали постои машко што не оди по пејачки? Хахаха лудо прашање. Едно машко што ми се допаѓа најверојатно сака такви работи. За роденденот негов платил пејачка и имаше слики каде што ја Спојлер дрпа за г*з Дали јас многу пребирам? И сум старомодна? Дали мажи што не одат по вакви ствари се ендемски вид?
@GirlLove Не се ендемски вид, но и ако одат не се сите однесуваат како жена да не виделе никогаш во својот живот. Не е работата до старомодност или модерност, туку култура и дораснатост е во прашање.
Не, не се еднемски вид. Познавам многу кои не одат по пејачки, а знам само еден кои оди. Па сега спореди ти.
http://forum.femina.mk/threads/Совети-од-МАШКА-страна-за-сите-девојки.3147/page-413#post-2596046 по двапати ги поставуваш прашањава
Мој бивши и се пушта на моја другарка, бил упорен и постојано и досадувал да ја земе со колата од работа, пред неколку месеци се скара со таа што одеа 10 години, фати една помала од него 10 години и сега ме распрашуваше на фб мене за неа. И еве и се пуштал излегле. Вака и пишувал на чат: Idam te krevam.odime naa ubo mesto prajme bebe posle to svadba te glegam nevesta i pocnuva obvrskive ti se razbuduvas od son pp deteto Бдв тој ми вели да не и кажуваш дека сум ти бивши, немав ни намера да и кажам. Денеска праев муабет со нејзе и ми рече дека онака и е за мафтање и ќе си игра со него ко што сака, а тој ја прашувал за врска. Со него праев муабет вчера и ми кажа дека имал женска ама не ми кажува која. Сега му пишав дека таа ќе го мафтала ко шо сака. Не знам дали згрешив, ама сакам да го заштитам од неа,бидејќи има лош карактер. Мене ми се има мешано каде што не треба. Не сакам пак да биди повреден, бидејќи е уништен од 10 годишната врска. Од кол на кол оди со девојките. А мене не сака да ми се смири