Што и да се обидува да направи, доколку има девојка, нема што тебе да те интересира, секако, под услов да сакаш да играш „со чисти раце“. Ако е во врска, можеш само да му одговориш на флертот со безопасен флерт, но ништо повеќе што би довело до раѓање и лавина од чувства.
најт вокер некако ми е чуден ми изгледа дека само така е тоа напишано(според начинот на погледите упатени кон мене) а само што видов дека е типот во врска,нормално се однесувам, не го ни гледам оти позади мене е баш ме чуди зошто е таква неговата реакција, а пишува дека е зафатен на неговиот профил(или можеби не е срекен со онаа која што е ) се чудам, и не можам да разберам
Извини ама според твоите постови имам заклучено дека многу од работите и си ги умислуваш, ми делуваш на очајна за машко внимание, затоа секој обичен поглед го преувеличуваш и се обидуваш да го дешифрираш,затоа уживај, немој да правиш драми само затоа што некој те погледнал, па дури и ти се обратил по име wow каков флерт Верувам дека ако сакал дечкото нешто повеќе со тебе би ти пристапил, така да ако сака ќе ти пристапи не се замарај да ја тумачиш секоја негова гестикулација
мимс далеку од тоа дека сум очајна за машко внимание-верувај го имам доволно а типчево некако чудно реагираше и не беше АКО случајно во мене, го факав како ме гледа како и да е, веке нема да го видам, оти од пред малку не сме веке колеги, оти не сум на пробна работа таму life moves on
-машкииии....дали ви пречи кога некој од страна на вашата женска и префрла нешто.. (така убаво сепак) дали и вие љубоморите како нас женските...? -дали би се согласиле женската да ве части вечера... ? бидејќи мојот никогаш не ми дозволува да платам јас... али мислам дека за роденденот ќе дозволи да го почастам бар јас еднаш ..дали да му кажам или изненадување да биде.. ?? фалаа..
дали ни пречи? нормално дека пречи....Моја женска е тоа бе Спојлер моч.о , кој си ти да и кажуваш такви работи !!!!!!! АМА -се воздржуваме да не се направи беља....Зависи од карактерот и колку време сте заедно....Ако е почеток на врска - малце потешко машкото да се согласи да дозволи женското да плати, зашто его е во прашање.....а ако се знаете добро, имате поминато доста, не гледам некаков проблем....се е договор
Сакам да знам дали машките сеќаваат кога девојката е љубоморна или се треба му се нацрта ??? Затоа што се правам да му докажам дека ми значи дека сеуште го сакам му имав кажано порано дека го сакам а тоа заврши катастрофално сега сме само најверни другари ништо не ми кажува во врска со љубовта т.е неговиот љубовен живот т. е. страм ми е да го прашам а се сомневам дека има друга но не сакам лично да го прашам за да не останам разочарана Фала однапред
Најчесто осеќаат, и тоа може и да им ласка, доколку е во нормални граници. Само внимавај, така да не му го надуеш и егото.
Вака.. ме интересира дали вие машките мислите дека некоја девојка повеќе вреди доколку носи на пр. марка нике, адидас, пума итн.. дали мислите дека една девојка повеќе вреди ако цело време се приправа, се лигјави, се дери, цело време ги прави муаебетите од типот колку заработува мама, колку тато, каков мобилен имаш.. мислам прашање го поставувам бидејќи имам другарка која воопшто не ми е убава, (а веќе погоре ја опишав каква е) а само оди со некои нови, и тоа убави, мислам од типот таканаречени ''фаци'' искрено воопшто не и љубоморам само ме интересира што гледаат машките кај неа.. мислам дека секогаш машките многу повеќе ги погледнуваат ваквите девојки од колку една нормална девојка која знае до каде и се границите... или грешам??
Зашто би одело машко со неа? знае како да се постави, знае како да направи интересен разговор и поседува Харизма и Шарм !!!!!! Овие две особини, кои што или ѓи имаш или ѓи немаш, прават чуда а за марките - зависи, немора да значи.....мислам дека марките што ѓи носи не се тука главниот нејзин адут
Не би јас да се мешам во ингеренциите на дечкиве на форумов, ама она што мене ми падна во очи од твојов пост е дека на другарка ти е можно да и се лепат машки од типот на машки спонзоруши т.е. јас ги нарекувам калкуланти кои се во лов на единици-ќерки на газди за да си добијат некое фино наследство само што во денешни услови коњите врани на Балашевиќ се коњски сили на некое џипче, нивите плодни викендици, а виноградите благородни - деловни простори. Се‘ дури станува збор за оваа категорија машки не е ни малку важно како таа се однесува бидејќи за нив единствен квалитет е што подебело салдо во банка, а вакви има секојдневно се‘ повеќе.
па веројатно тоа е.. само ме интересираше дали машките гледаат дали женските носат марка или не, дали се богати или не.. зошто во последно време машките се поголеми спонзоруши од жените, со чесни исклучоци.. иначе си го добив одговорот
Сакам да прашам една работа така.. Како да ви докажеме дека ве сакаме? Верност, поддршка и физичка блискост?
е баш тотално се согласувам со тебе... јас ова го мислев кога го поставував прашањето тоа ми беше целта.. и ме интересираше како машката страна гледа на тоа, бидејќи кога некој го прашаш во живо дали е со некоја ради парите сигурно дека не ќе ти речи.. а повеќе од очигледно е дека е така во некои случаи..
Веројатно машкиве гледаат фудбал , па еве јас ќе одговорам онака како што мислам дека треба Да му покажеш и верност и поддршка и физичка блискост ... и барем 58746921 илјади пати да му кажеш дека го сакаш.
Добро...сепак е проблем но како да ги убедиме машките дека ете сепак нас не ни е дојдено до таа нивна забава без оврска ??
Вака не сме во врскаа но во преговори сме веќе година дена,бидејќи не е од овде.Се беше ок но баш неколку недели пред да си дојде се скаравме но помина тоа,потоа пак му пишав јас но кратко пишавме и од тогаш си немаме пишувано.Бев отсутна недела дена и знаеше дека ќе одам на пат,а не ми пиша ни едно: ,, ДА СИ ПОМИНЕШ УБАВО`` ... Момци што мислите ?
не ја знам причината за карањето, ама пиши му прва....нема што друго....може има изгубено интерес, потруди се да му го вратиш....без многу лигавење, така со интересни муабети и со зезање
Верност и поддршка е се ок, не треба да се напиња, за да не дојде до заситување и да пуца филм, како што би бил случајот со 8572857389 пати кажување ТЕ САКАМ. Машките не се до толку за изразување чувства, и на некој начин тоа и ви се допаѓа, бидејќи не можат да бидат и двата пола емотивни и по мекуши. Сепак, вие барате некоја цврстина и мажественост. Совет од мене: кога ќе почнеш да му кажуваш често дека го сакаш, ќе почне да се чувствува дека те има во рака, дека си освоена гулабица. Тоа САКАШ да го избегнеш, верувај ми, машката психа не е пријатна играчка за поигрување. Како што пишуваат авторите на www.askmen.com, секогаш е подобро партнерот да се чувствува дека те сака барем за нијанса повеќе отколку што ти го/сакаш него/неа.