Јас кога го поставив прашањево не мислев само на дечковци (мада не ни помислив на тоа) колку биле туку за се..
Па те сфатив ама ова со дечовците е доста важно, инаку мислам дека сама можеш да процениш кои работи од твоето минато се важни и треба да му ги кажеш на дечко ти, а кои не се важни и едноставно нема потреба да ги знае, а како што кажав претходно јас сакам се да знам освен она што навистина не е важно, али секој има различно мислење во врска со ова.
Таа:Не сум јас за забава,пронајди некоја што ќе те забавува и ќе си со неа, убава, со добар карактер. Тој: Не сакам да го слушам тоа лепото,ќе се навредам,ти ме привлече. Што мислите од овие два реда муабет,на прв состанок-бакнежи се разбира? Не се верува секому-нормално
Според мене преозбилен разговор за прв состанок. Девојката игра очајно. Одма покажува интерес за озбилна врска/брак. На дечкото му е до забава и не ми изгледа ко загреан за нешто озбилно. Со самото тоа што не негира дека тој не е за забава, а дава акцент на привлекување (желба за секс) може да се заклучи на каде води.
Јас не го разбрав како анегдота ова ама изгледа тоа ќе да е ... според мене многу добар разговор, не битно дали е на прв состанок, колку побрзо толку подобро да знаеш на што си. Ај, мајката го испашила со сериозна врска па, дури и брак хаххаха ете тој мн се испаничил ххахах Од јасно поставени работи подобро здравје,посебно после 30тата ем, штеди време тоа, ем, нерви Очеш, не чеш сега му е мајката да си кажеш хаххахах и обично со такви е, немој срце да се вреѓаш, ништо лично, не си ти крив, јас сум и чао.
@Outlook поентата е што во разговоров нема ништо директно, ниту искрено. Цел разговор е замаскиран. И двајцата имаат "скриени" намери и играат валкано за да си ги остварат своите цели.
кога би раскинали со вашата девојка која претходно сте ја сакали лудо....дали на ваш другар би му рекли дека не ја сакате веке и ако сака може да биде со неа...ако би го направиле тоа која е причината....зошто?
Е, така е во таа војна, секој игра валкано и после секој на своја страна, ама девојката испровоцирала одговор кој очигледно е тоа што го сака типот. Паметен момак, топката кај неа е сега ако и одговара тоа ОК ако не, не и тоа е. Шансите дека типот ќе ги реализира целите се 1 према 1000, а нејзините 1 према 0. Чиста математика е ова
@Outlook само така математики, калкулации, валкано играње од двете страни за на крај да си ги чукате главите каде сте и што сте станале во таква неискрена, покварена, пресметлива врска. Нема ништо паметно во правење калкулации, се додека не влезеш во нешто со срце, најискрено и најотворено, води кон губење време и уште една пропадната врска.
Благодарам што ме пофали не требаше, т.е барем не мене хаххахха Извини колку год имаш ? Ајде малку сериозно зш ти си по срцето, ај јас вечерва по зезањето и математиките хахха ОК, сериозно. 1. Недна девојка според мене такво нешто не би му рекла на тип со кој има прв состанок без тој да даде одреден повод за тоа. И алал да ти е што ја нападна девојката како неискрена и подмукла, сега таа подмукло ќе го ожени т.е омажи хахха или тој неа ќе ја искористи за секс и забава, а таа душа ќе биде страшно искорстена хммм Многу фанатазерски пишуваш, баш ме интересира со кој дечко ти на прв состанок искрено му го отвори срцето де
Oчигледнo дечкoтo или не е зaинтересирaн зa девoјкaтa или тaa негo гo пoвредилa премнoгу, мoже дa пoстoи и oпцијa кaкo демек дечкoвo мисли декa другaрoт јa свиѓa девoјкaтa бившa пa му вели декa не јa сaкa и oчувa реaкцијa oд другaрoт не знaм штo би мoжелo другo дa биде
Пишувaње нa нaјдoбaр друугaр декa пaднaл првиoт секс? Пa и фoтoгрaфијa oд негo прaќaње нa другaрoт???? И тoa веднaш? А вo јaвнoст срaм дa се пoјaви сo девoјкaвa. Див,штo не рaзбирa oд НЕ и сaкa дa кoмaндa, КАКO СO ТАКOВ ТИП?????
На вистинскиот иако нема потреба да одговарам за себе, не сум јас таа што бара љубовни совети, ќе ти кажам. Срцето го отворив на тој што требаше, не погрешив, на вистинскиот
Ме интересира нешто , а немам кого да прашам. Излегов со еден дечко неколку пати и тоа само зашто беше премногу упорен. Се потруди да стигне до мојот број, на фб ме најде , на работа ми носи јадење , праќа поздрави по сите што ме знаат на работа. Инаку голем женкар е и затоа го одбивав. Е сеа не можам да го сватам... Ми понуди неколку пати врска јас го одбив , проба и односи да имаме не успеа. Не можам да сфатам што сака од мене. Кога ќе го прашам он ми вика тебе. Еднаш го прашав дали ако му дадам ќе ми се откачи и нема да ме бара веќе и ми се налути и го снема. Како изгледа од страна? Не знам на што сум. А многу е љубоморен ,нон стоп ме прашува за друг дали имам.
Од страна изгледа многу просто...му се допаѓаш... инаку, ако е толку голем женкар, зошто би губел толку време со тебе, симнувајќи ти ѕвезди, носејќи јадење, поздравувајчи те и барајќи начин да стапи во контакт. Еднаш го прашав дали ако му дадам ќе ми се откачи и нема да ме бара веќе и ми се налути и го снема..... Ова, незнам....кажува дека може чуствата му се искрени...а тебе како стратегија ти е катастрофа... Ама сега ти фали,а ...
Секој ќе ти симнува ѕвезди додека не те добие т.е додека не те легне, после тоа ќе се смени за 360 степени. И самата кажуваш дека е голем женкар сигурно само сакал да се забавува со тебе ( секс) па видел дека не добил тоа што го сакал заминал кај некоја друга што ќе му го даде тоа што го бара.