Па на сигурно иде... Он е од оние кој на све живо и диво се пушта, па нешто ќе ќари. А и гледа дека на двете ви прија што ви се пушта, и дека и вие флертувате со него, а знае дека сте си кажале меѓусебно дека ви се пушта. Ако бидеш со таков, да знаеш дека око нема да му трепне дали да се пушта на другарка ти, сестра ти или која и да е, па и пред тебе.
Па очигледно сте во тинејџерски години и дечкото се уште не знае што сака па затоа ви се пушта на двете, сигурно и на други се пушта само вие не знаете .
Сакам да слушнам машко мислење на едно мое прашање. Дали и зошто некое машко би излегувало со девојка за која знае дека има дечко, а тоа не му пречи и пак си излегуваат ама само се муваат? Дали можеби се работи само за корист или нешто повеќе?
Машкото во овој случај не е криво, тоа е слободно и без обврски, прашањето е зошто девојката излегува со друг кога е зафатена и има дечко .
Најголемата грешка кај нас е што никогаш не тргнуваме од себе си, пред да си го поставиш прашањето- кои му се намерите на дечкото што мува зафатена девојка, запрашај се која е причината поради која девојката изневерува Ме претекна Сашко
Во право сте ама препрочитајте уште еднаш кое ми е прашањето, не побарав да ми морализирате. Ако некој има одговор на моето прашање нека повели, а солење памет не сакам. Благодарам однапред.
Прашањето како шо гледам е - дали би и зошто би а не дали е морално или не.. Зошто да не бе.. тоа ти е таа основа на „врски-без обврски“. Можеби има некоја физичка привлечност, и карактери кои таквите работи можат да ги поднесат па не претставува проблем. Можеби има и некаква „корист“ од тоа али се дури се на мување, користа би била пишување т.е. препишување домашно и толку ( ме разбираш шо сакам да кажам).
Епа ако не сакаш солење памет, тогаш воопшто не поставувај прашања, ние ти кажавме што мислиме а и не сме јасновидци па да знаме што му се врти во главата на тој дечко.
Форумот служи за разменување мислења и совети, не за солење памет. Јас прашав едно, вие ми кажувате сосема други работи. Ако јас го изневерувам дечкото тоа си е мој проблем и за тоа си одговарам лично јас, ниту вие ниту некој трет. Мене ми беше друго прашањето ако некој сака да одговори океј, ако не пак океј. Нема потреба да забегуваме од темата.
Треба некој гатач да се вработи на форумов па да им гата на сите во врска со вакви прашања, за тоа дали се бремени и слично.
Значи, ако не ти одговара некое мислење немаш потреба да се лутиш. Мислам дека е само лапсус, нешто недостига кај дечково на девојката па таа го бара во друг. Го знаеш тоа првин ќе се фатиш убаво на другата гранка држејќи се цврсто, па потоа ќе ја пуштиш старата гранка. Е така.
Jaс не се налутив воопшто и не велам дека не се во право ама тие избегаа од прашањето и почнаа да одговараат на работи кои не беа предмет на дискусија, затоа така изреагирав.