Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети од МАШКА страна за сите девојки

Дискусија во 'Сингл' започната од TheBunny, 17 септември 2010.

  1. decko

    decko Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2010
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    60
    Ако беше тежок женкар, досега ќе имаше нешто поконкретно направено. :)
     
  2. lucky.heart

    lucky.heart Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 април 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Не, не! Женкар си е тој и сигурно си има некоја иако вели дека е сингл...Oh well, сигурно веќе се има оладено од мене и ме гледа само како другарка...најдобро ми е да не се замарам ;)
     
  3. Supergirl-Serena

    Supergirl-Serena Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Nemora da znaci...bas ako e zenkar i ako stvarno mu se svigas ......ke se koci covekot da ti prijde....zenskarite odat so lesni devojki...a koga stanuva zbor za fini i kulturni i tie se sramat:)))
     
  4. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    318
    Се е до карактер...секој индивидуалец е различен. Може и нема да е одговорот што го сакаш, но тоа е реалноста...Ти најдобро можеш да процениш дали би успеало или не, зашто ти го познаваш дечкото. Нормално има добри и поштени дечковци, а има и дечковци кои што ќе те искористат, а во која група спаѓа дечково - незнам, како што кажав ти најдобро можеш да процениш. Ама еве, според ова што ти го рекол, јас би те советувал да му дадеш шанса. Немораш да брзаш со ништо, едноставно види како ќе ви оди и како ќе се одвиваат работите...Едноставно можеш само да добиеш во ситуацијава ;)[/quote] Среќа што те послушав и не се видовме, до скоро контактиравме често, додека не дознав дека лажел дека бил во брак за да не го откачам, и преку тоа прејдов за пред некој ден да откријам дека ме лажел дека нема постпеид број ,ми се јави мислејки дека ке го скрие, сигурно зашто крие нешто озбилно, и кога го побарав на бројот идиотот ми рече грешка. а толку зборевме во последно време што и у сон би му го познала гласот. Не ми се верува какви кретени постојат. А коа го откачив за претходната лага почна да ми пишува колку чувства му се родиле за мене, убаво погодив од доле. Не ми е јасно зошто се испонаша толку селски кога јас му реков дека ми одговара и само секс а он ми вртеше да му бидам девојка :^)
    едно е сигурно, не е нормален
     
  5. moni24

    moni24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2011
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    121
    Вака сега , јас сакам да прашам нешто : со дечкоми одиме мноогу време , и ајде ок излегувал сам ама ретко и тоа претежно во кафеана со школските од средно ама од препрошла недела зачести секој втор-трет ден излегува и останува до касно и доаѓа во два и триесет три ..., јас сакала се лутела сакала не исто ми се фаќа нормално дека неможам да му забранам, сега ке оди на матурска 10 год. итн.
    Кажете како да постапам дали да се однесувам ладно (но насмеана) , а и многу имам кеиф да го направам малку љубоморен :devil:
     
  6. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Со дооолгата врска сигурно си научила дека задушувањето не е опција, и затоа љубоморните испади треба да се контролираат. Ова со зачестените излегувања во кафеана може да е бидејќи му се заарнило така со машко друштво, френдови ова она, нели треба да се промени средина за да се освежи мозокот, да се избегне рутина.
    Не те разбрав сеа само зошто сакаш да го направиш љубоморен, што ти иде на ум, како идеја?

    п.с. АКо почне навистина да ти пречи неговото останување во кафана до 3 саат секој втора-трета вечер, едноставно кажи му, апсолутно имаш право да се побуниш.
     
  7. lucky.heart

    lucky.heart Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 април 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Значи уште колку имам да учам за машките...појма сум немала. :) Supergirl-Serena, само што расшистив со самата себе дека повeќе нема да се замарам...твојот одговор ме стави во недоумница затоа што прв пат вакво нешто слушам. Не сум знаела за ова и можеби си во право ама да видиме некој male од форумов дали ќе потврди :!:

    sweet25 и јас секогаш велам дека индивидуално е кај секој човек, ама ова за кое зборуваш дека ти се случило е токму тоа зошто не им верувам на машките...има милион разни ситуации како машките не зафркаваат...дури и ако не зборуваме за други, тргнувам од самата себеси и тоа колку лошо поднесувам кога некој што ми значел ме разочарува (ама за тоа најчето јас сум виновна пошто на сите им верувам) :( и сега... "кога ќе се изгориш на млекото ќе дуваш и на јогуртот"...

    Како и да е...јас мислам да не летам многу многу со умот по детево...ќе си бидам како што си сум одсекогаш и не ја форсирам ситуацијава...прво да ја запознаам намерата, па ќе размислам дали да си ја пуштам душичкава и да речам дека ништо не ме сопира да го бендисувам :)

    :*
     
  8. decko

    decko Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2010
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    60
    Еве, male потврдува. :D

    Ти кажавме и претходно, ако му се допаѓаш навистина, ќе го кочи нешто, ќе се плаши да не оплеска. Од искуство ти кажувам :)
     
  9. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Јас сум далеку од оној менталитет и понашање на женскар, баш затоа што верувам дека женскарите не бираат со која ќе одат и не им е гајле како ќе се одвива целиот процес (дали некој ќе биде повреден на крај, дали на некоја ќе даде лажна надеж...), тие само гледаат да собираат трофеи. Е сеа кога се гледа само да се начука статистика, нормално нема да инвестираш повеќе време и труд (а со тоа и повеќе да ризикуваш) со по пристојно девојче туку ќе се концетрира на оние шо се ловат на еден поглед или шо би им паднале во раце само заради репутациајта i.e. лесни цури. Тие не знаат да разговараат со сериозна девојка, немаат ништо посебно речник и по природа обично се прости како точак. Користат едни и исти pick up реченици и тоа само на девојки кои однапред веруваат дека би паднале на тоа. Ти можеби му се гледаш по софистицирана, па нешто го кочи...
     
  10. specificone

    specificone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    573
    Допаѓања:
    885
    Ајде совет за Специ
    Значи со дечко ми сме некаде месец и пол заедно, но во последно време ептен се здружи со две девојчиња и скоро цело време е со нив, додека одевме во школо цели одмори со нив, после школо пак со нив и дури и малку сменет е......Пред три дена го прашувам значи се цитирам самата себе:Да не бркаш некоја од тие двете? Само се насмеа....Инсистирав да ми каже и да не се смее, ми вели можеби тие ма бркаат мене, па после ми вика само другарки ми се :worried:
    Вчера правев муабет со една другарка и истото ми го кажа дека многу време поминува со нив.
    Исто пред три дена видов дека сум ги имала на фејсбук девојчињава за пријателки и ги гледам приклучени на чет и дечко ми е приклучен ама не ми пишува, намерно чекав да видам дали ќе пише и после можеби повеќе од 1 саат ми пиши и гледам девојчињава повеќе ги нема на чет и така и вчера.....(малку ретардирано е ова што го направив можеби и самата преувеличувам што знам :^) )

    Некакош си викам да не преувеличувам премногу, љубомората ме заслепува и си правам некои си филмови :lol: :lol:
    И од сето ова да не испадне дека Специ и болно љубоморна а? :lol:

    copy-paste од љубовни проблеми и совети
    Сакам да слушнам и мислења од машкиве :)
     
  11. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626
    Специ, мислам дека нема што да направиш тука.....остај го малце, не го загушувај ;) ако сепак ептен почнеш да се сомневаш и да ти рпечи, кажи му !!!! кажи му дека ти пречи што се дружи толку многу со нив и дека е сменет, ама одоколу, не ептен директно за да не се навреди....иначе незнам што друго да ти кажам.....Ај може уште не сум расонет, па некој друг ќе има боље претстава, ама незнам....јас би ти препорачал да не реагираш моментално ;)
     
    На specificone му/ѝ се допаѓа ова.
  12. moni24

    moni24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2011
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    121
    Еве пример тазе нервоза :Завчера се видов со моја школска другарка од основно , сме биле многу блиски живее близу школото каде што учевме и од школо кај неа дома другарки се собиравме се зезавме итн.
    Кога завршивме се запишавме различно и нармално се оддалечивме ,потоа таа отина за Лондон таму студ. и раб. и да не одолговлечувам збопот ми беше -се видовме завчера и ајде некако се договоривме да одиме на кафе да помуабетиме и јас заборавив да му кажам на дечкоми и вчера шетаме и се видовме со другарками и ми вели важи договорот за утре и јас и викам да се гледаме и одма он каде ќе одиш , зошто со неа ни здраво не викате сега на кафе бла бла блаааа... и цела вечер беше наку**ен не ми збореше лути легнавме и лути станавме :(
    И сега што да правам дали да и откажам јас се мислам тоа да направам затоа што неможан да се нервирам цел ден денеска ми е наопаку :(
     
  13. claudi00

    claudi00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    137
    Пол:
    Женски
    ајде совет од машки да видиме.. со дечко ми сум долго време но сега забележав како си пишувал со други сонце,,, ова она.... ми казува дека ме сака дека ме нема изневерено.. но јас се плашам дека ке продолжи да си пишува а јас нема како да знам за тоа.. зошто ми го прави тоа зошто се обидел да ме излажи кога толку многу ме сака... кажетеми и помогнетеми како јас да постапам сега што да прам... ;(
     
  14. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Кратко и јасно: Средношколското опавче му мрда повеќе од лична несигурност и незрелост. Ептен му годи тоа некое дополнитело женско друштво и внимание што му го пружаат а самиот какво гревче е не сваќа дека најверојатно го добива вниманието бидејќи тие цури знаат дека е зафатен. Тие си играат некакви женски психолошки игри а тој мисли дека е шармантен дечко, па и против сопственото девојче игра. Нема оправдување зошто те избегава на одмори и во текот на школскиот ден, или зошто не ти пише на чат.

    Практичен совет: наместо да го прашуваш зошто и како, (биди 98% сигурна дека им пренесува на другарките) одиграј на карта МАШКО ЕГО. Машкиот род нема да ми се заблагодари за ова, ама да знаеш дека кога не е ставено под контрола, машкото его е толку големо што може да убие помал човек (филмска реплика :D). Почни да се дружиш со други машки за да види дека ако не сака тој, има други момци кои се спремни да ти то посветат време и вниманието што го заслужуваш. Верувај, нема да мисли на ништо друго, нема да има време да се лигави со двете коковчиња.

    Кратко и јасно, колку и да мислиш дека е тешко, дечкото за месец ипол нема шанси да ти оставил доволно впечаток за да го сметаш за некоја голема љубов, и затоа покажу му го колку е тој ЗАМЕНЛИВ. Ако не се врати скокајќи како кутре околу тебе, значи воопшто не чувствувал ништо уште од старт, а таков шо ќе ти е? ;)
     
    На TammyDeyn, specificone и faye им се допаѓа ова.
  15. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Паника го фатила поради чувството дека нешто му се случило демек зад грб, па макар тоа било само кафе со стара другарка. Ова му доаѓа како почеток на филм, како корен и од тука се надоврзуваат мисли дека можеби и други работи порано си испланирала или во иднина ќе испланираш без тој да дознае, па што ако во тие планови е вклучено некое машко а? Твојот дечко очигледно има многу бујна фантазија што здружена со љубомората и лична несигурност може да делува уништувачки на врската. Љубомората во мали количини е слатка некогаш но во големи количини и со постојано присуство само ќе уништи врска. Јас сум претрпел трауми во една 4 годишна врска во која барем 2 пати неделно требаше да давам и отчети , да објаснувам бла бла...не вреди верувај. Тој мора да го смени начинот на размислување и однесување.
     
  16. seksi

    seksi Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2009
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    113
    Има луѓе што така се изразуваат или може му е само драга другарка.
     
  17. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Потребата за флерт и по некои слатко зборче разменето со друга особа со која не си во врска е присутна кај многу луѓе. Кога ќе се открие, верувам дека не е пријатно, ама само по себе, тоа не мора да значи дека ти како негова девојка си загрозена. Болниот факт е дека ти нема да можеш да дознаеш дали тој ќе продолжи да си пишува со неа или со некоја друга. Мене порано ми пукна филмот, и го хакнав тајниот фејсбук на тогашната и читам пораки како му пишала на Роберт Вукелиќ или како и да се вика тој, му пише ТИ МЕ НАТЕРА ДА СЕ ЗАЉУБАМ ВО ТЕБЕ ахахахахах, ептен бев трагедија
     
    На CaperucitaRoja и mims-89 им се допаѓа ова.
  18. moni24

    moni24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2011
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    121
    Значи ова се има случено неколку пати порано но било со другарки што се дружам а и секогаш му кажувам каде и со кого одам (значи му кажувам не дека барам дозвола) за да нема кавги после тоа ,а сега со кнап работа и домашни дешавки скроз заборавив ...ама тоа е јбг лутела не лутела исто ми се фаќа , а за бујна фантазија има и тоа огрооомна а и не е малечок има 29 год. |( :?:
     
  19. claudi00

    claudi00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    137
    Пол:
    Женски

    во ред сето тоа но што да правам јас сега... како да посгтапам со него за да свати дека згрешил и да се кае иако сигурно знам дека сега се кае ноо.. како јас да постапам што да правам јас... јас сум таа која плачи со денови и се нервира.. и зошто да си пичува со друга и да ме лажи кога мојата љубовв му е целосно посветена негоо... ;( ;( ШТО ДА ПРАВАМ ЈАССС ;(
     
  20. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Абе нема шо да плачеш и да се трескаш, знам дека е тешко и мене ми беше ужасно ама не дозволувај сеа да ти се сруши цел свет заради некој чат. Кажи му едноставно тоа да му биде последен пат и прашај дали си му ти доволна во животот. Важно: притисни го силно во муабетот, не му давај лесно да се извлече. Ако ти се свиѓа одговорот, ако мислиш дека е искрен и му веруваш, нека му помине ова сонце чатот, ама ако почне да ти пелтечи, да избувнува или недај боже да те обвинува тебе за нешто, под итно да му дадеш клоца, ама по брза постапка. Такви шуги не ти требаат. Шо ке правиш со личност во која немаш доверба. Јас кога ја открив мојана кокошка, таа дури ме прашуваше дали сум нормален, и ми вика сум претерувал, сум преувеличувал. ЧАО ПРИЈАТНО!
     
    На TammyDeyn му/ѝ се допаѓа ова.