Совети од МАШКА страна за сите девојки

Дискусија во 'Сингл' започната од TheBunny, 17 септември 2010.

  1. Daisy10

    Daisy10 Активен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2016
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    94
    Пол:
    Женски
    Ако ги има овие прашања пиставено предходно се извинувам, но не сум дочитала зашто има премногу а нова сум.
    Сакам да ве прашам:
    1.Зошто вие машките секогаш сакате да бидете во право?
    2.Зошто ако некоја девојка ви каже дека ве свиѓа или ве сака или ви дава надеж бегате и си ги кревате акциите?
    3.Какви девојки сакате повеќе дрски или лесни?
    -Ако сакате дрски тогаш многу лесно се откажувате да трчате по неа,зошто?
    -Ако сакате лесни девојки во смисла дека одма би била со вас без размислување ( не зборам за сеск туку само за бакнеж) тогаш и вадите секакви муабети, зошто?
    4.Зошто кај некои од вас е толку битна гордоста што ќе се случи ако еднаш попуштите вие и да признаете на една девојка дека ви значи, тоа ли е најбитното кај едно машко?
    5.Зашто машките не простуваат лесно и тоа ли е поврзано со гордоста?
     
    На Different7, fallenangel, honey.11 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Rainman

    Rainman Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2015
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    86
    Пол:
    Машки

    И јас ќе се извинам ако сум можеби дрзок или некој веќе одговорил со зборови ко моите, ама да си кажам. Сите твои прашања водат кон стереотипизирање некои работи за машките, кои во глобала и ние машките би можеле да ги кажеме за женските и повеќе личат на фрустрација предизвикана од некое негативно искуство.

    1.Машките не сакаат секогаш да се во право, напротив, машко почесто би попуштило во кавга бидејќи нема сила да се расправа.
    2.Доколку таа изјава не е дадена ко “гром од ведро небо“, или пак тоа давање надеж не се манифестира ко “упикување по секоја цена“, лично јас, а претпоставувам и добар дел други машки би изреагирале нормално и би наговестиле дали има шанса за нешто повеќе. Ми се има случено женско да ме викне на кафе, и никогаш не сум одбил без разлика колку ми била привлечна на физички план, со оглед на затупеноста на нашево општество, јас таквиот чекор го гледам како чин на храброст.
    3. Ова е веќе можеби прашање на вкус или карактер, што знам. Ако наидам на личност со која сметам дека сум компатибилен во повеќе области би бил поупорен да ја викнам да излеземе, и во тој случај дотичната можеби би глумела hard to get (или “дрска“ во твојов случај).Девојки не бирам толку по особини, колку по заеднички интереси. А за тие што се лесни до степен што би се измувале со било кој без размислување, сами нека му ја мислат ако ги зборат после.
    4. Ова е мислам заедничка особина на двата пола, се плашиш да признаеш дека сакаш некого, бидејќи мислиш дека другиот ќе го злоупотреби тоа, веројатно не е гордоста проблем, туку стравот од повредување (мое лично мислење).
    5. Јас досега сум видел многу повеќе машки како трчаат по жени и бараат да им простат, отколку обратно. Во обратниот случај, веројатно жените се поставени инфериорно во самата врска, имаат ниска самодоверба и партнерот го гледаат ко “некој без кого би умреле“. Ако не сака да ти прости батали го, не е единствен, продолжи си со животот.

    Не се сите машки клошари, само нареден пат кога ќе запознаеш некој, избриши ги сите предрасуди што си ги скроила за нив и биди малку пооптимист.

    Секое добро :)
     
    На krEM4Eto и *Amethyst* им се допаѓа ова.
  3. newme

    newme Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2012
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    103
    Пол:
    Женски
    Во врска сум година и пол. Се двоумам веке долго време околу две работи.Не сум имала претходно врска па не можам да споредам дали е ок таквото однесвање или не.
    Прво- често имаме кавги за ситници заради различни размислувања. И уште полошо е шо за се сум му објаснала по неколку пати и пак истите проблеми се случваат .Се чувствувам дека не се труди да ме напрај срекна.Многу пати дури и буквално му "цртам" шо од него барам,и секако признава дека згрешил и пак си тера по некое време исто.
    Второ- и е дел од првиот проблем . Јас не живеам во мк .Долго време сум тука и само тој шо живее во друга држава знае колку е мачно да се добие виза .Многу пати му имам спомнато во врска со то ,и како можна опција беше бракот ,и секој разговор беше подтикнат од мене .Како и да е,се чувстував/м лошо заради то шо би посакала да е то негова идеја. На некој начин вака се чувствувам како јас него да сум го прашала дали сака да се ожени со мене.Последниот пат му се скарав заради то чувство ,насочувајки дека моја желба би била да ми ја предложи та опција тој.Сепак мислам дека како и обично нема да сфати шо во тој случај би ме напрајло срекна.
     
  4. Ingvild

    Ingvild Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2012
    Пораки:
    605
    Допаѓања:
    3.769
    Би биле повеќе љубоморни доколку некој ваш другар/познаник се вртка околу ваша бивша од колку некој скроз непознат дечко? :?:
     
  5. bambina carina

    bambina carina Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2015
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    87
    Пол:
    Женски
    ве молам вечерва пп итно ми треба совет
     
  6. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    926
    Допаѓања:
    1.933
    Пол:
    Машки
    1. Луѓето сакаат да се во право за да си потврдат пред себе дека претставата што ја имаат за светот окулу нив е точна. *Плус, види одговор 4.

    2. Немање храброст, немање доверба.

    3. Ни дрски ни лесни, може фини.

    4. Гордоста е страшна работа, ако попушти машко го губи социјалниот статус на алфа мажјак - нешто кон што секој маж се стреми. Го губи ранкот и паѓа пониско.

    5. Човек треба да има интегритет, човек мора да почитува за да биде почитуван. Инаку отиде - последна алка во ланецот на исхрана.

    Живееме во релативно (за нас) суров свет.
     
    Последна измена: 17 септември 2016
    На *Amethyst* му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Sashko1992

    Sashko1992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2016
    Пораки:
    1.114
    Допаѓања:
    1.524
    Пол:
    Машки
    А зошто би бил љубоморен на некоја што ми е бивша?
     
  8. Ingvild

    Ingvild Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2012
    Пораки:
    605
    Допаѓања:
    3.769
    Срце бе, не значи дека ако не сме се согласувале за нешто во друга тема, треба контра да ми одиш кога ќе поставам прашање во некоја скроз трета.

    Па еве да речеме затоа што тазе си раскинал со неа, не ги снемува нели чувствата туку така преку ноќ па на некој начин таа девојка сеуште ти значи... Ама ти си јак маж, ти раскинуваш и од утредента таа за тебе веќе не постои, така? :D

    Нејсе, прашањето беше дали повеќе ќе те пецне доколку твој другар гледаш дека се вртка околу неа од колку некој дечко што не го познаваш па да си речеш "шо сакаат нека праат, мене не ме интересира!".
    Сега од како се потрудив поубаво да ти објаснам (и се надевам дека успеав), ќе бидеш и ти љубезен да ми одговориш? :?:

    Ау ама заборавив, не можеш да ми одговориш затоа што не знаеш... Па како би знаел, бивша ти е... Нема врска што до вчера си ја сакал, од денес не постои веќе за тебе. Ајде имај убава вечер :*
     
  9. Sashko1992

    Sashko1992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2016
    Пораки:
    1.114
    Допаѓања:
    1.524
    Пол:
    Машки
    Ух, незнаев дека прашањето изгледа толку нељубезно, стварно не се сеќавам во која тема не сме се согласувале, потсети ме па да разгледам за што сме дискутирале, и во никој случај не ти одам контра туку само поставив прашање.

    Можеби повеќе ќе ме пецне ако после раскинувањето таа веднаш почне да се вртка околу некој мој другар или познаник (иако досега немам такво искуство), ама таа сигурно нема веднаш да почне да бара нов дечко, туку после одредено време, а дотогаш чувствата ќе ги снема.
     
    Последна измена: 17 септември 2016
  10. Ingvild

    Ingvild Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2012
    Пораки:
    605
    Допаѓања:
    3.769
    Во врска со првиот пасус, небитно на која. Не е битно ако е така како што кажуваш, дека не се сеќаваш. :D
    Во врска со вториот пасус, што не си сфатил од моето прашање? Не е девојката таа која се вртка околу нив туку тие околу неа.
     
  11. Sashko1992

    Sashko1992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2016
    Пораки:
    1.114
    Допаѓања:
    1.524
    Пол:
    Машки
    Битно е ;), пиши ми ја во ЛП, штом толку остро изреагира, сигурно не сме имале убава дискусија :D.
    А во врска со врткањето, знам дека никој мој другар не би почнал веднаш да се вртка околу некоја со која штотуку сум раскинал, тоа ми се нема случено а познавајќи ги моите другари знам дека нема ни да ми се случи, а за познаниците искрено и не ми е многу важно, бидејќи нив и така не ги гледам и слушам секој ден.
     
    На Ingvild му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Ingvild

    Ingvild Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2012
    Пораки:
    605
    Допаѓања:
    3.769
    Фала мноогу за времето што го одвои за да ми одговориш, го ценам тоа.
    За темата, веќе ти кажав дека не е битно. Далеку е ова од остра реакција али ПМС, шта чеш. :P
    Ајде уште еднаш, ти посакувам убава вечер.
     
    На Sashko1992 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Animali

    Animali Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    9.426
    Пол:
    Женски
    Здраво дечки,
    Нова сум на форумот и се зачленив да побарам совет од сите вас и мислење за ситуацијата која оди вака: Студирам во друг град и ретко сум во мојот. Одмна симпатизирам една личност од мојот град, но бидејќи не изглегувам често таму, а и немав никаква самодоверба, тој не ни знаеше дека постојам. Но, оваа година многу работи се променија на подобро, што значи дека сум посамоуверена и притоа подобрена во физичкиот изглед. Кога си дојдов летото во родниот град, малку од малку излегував и еден ден тој ме запримети. Но, еднаш упати долг поглед и после тоа, толку, ништо. Како да го фати срам. Како, кога и да ме види, некако воопшто не изгледа опуштено. Се знае со татко ми и често се поздравуаат, но ако сум јас таму, како да се укочува и одминува :D Не се знаеме лично, но се знаеме дека постоиме :D
    Сега, и јас колку и да имам самодоверба, кога станува збор за него, мојата несигурност испливува прва на површина. Но, конечно решив да го додадам на Фејсбук и ме прифати. Сфатив дека ако сакам оваа приказна да имам некаков развој, некој мора да дејствува, а и како велат, не може да знаеш, ако не пробаш. Решив да го запознаам, без никакви заеднички пријатели и глупости, туку директно. Мислам дека тој нема шанси да направи некаков чекор, што останува тоа на мене и решена сум да му пишувам на чет, но не да му пишувам што и како е, или да му се додворувам отворено, туку нешто пр. да го прашам професионално. Што мислите и што би ме советувале да направам?
    Инаку, ако нешто значи, во хороскоп е Рак, но никогаш си немал женска, иако има богат социјален живот, се знае со сите, како што се вели :) Тој работи, а јас сум при крај со студиите.
     
  14. Animali

    Animali Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    9.426
    Пол:
    Женски
    Некој да каже мислење?
     
  15. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.113
    Пол:
    Женски
    Ако мислиш дека физичкиот изглед има многу голема улога си се зезнала, ти цел живот биди убава ако немаш карактер џабе ти е.
    Биди ти таа со оние "муда" во ѓаки и пиши му нешто здраво како си што правиш. Раковите се повлечени личности ама си бараат внимание, ако направиш прв чекор ќе го цени тоа.
     
    На Дискретниот и Summerlover им се допаѓа ова.
  16. Animali

    Animali Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    9.426
    Пол:
    Женски
    @buba4e89 Ти благодарам многу. Инаку, за физичкиот изглед го споменав во контекст дека сега јас сум си задоволна со самата себе и од надвор, а секако се согласувам дека тоа не најважната работа. Само сакав да кажам дека ми помогна тоа да си ја зголемам самодовербата.
    Инаку, не знаев дека раковите се такви луѓе. Патем, тој е постар 6 години од мене, не знам дали би му било пречка годините.
     
    На babygirl77 и BigStar им се допаѓа ова.
  17. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    2.136
    Допаѓања:
    5.338
    Ти сакаш да се земи со тебе само за документи?
     
  18. twoB

    twoB Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    102
    Здраво и од мене и :clap: за темава
    Вака, јас би сакала да го замолам Зајко доколку може да ми одговори на неколку прашања што ме мачат :D
    1. Дали мислиш дека машко од 24/25 години може да биде подготвен за сериозна врска со 1-2 години постара девојка? Знам дека сепак зависи од машкото ама онака генерално, во глобала :)
    2. Кога и дали машките си велите веќе доста беше, редно е да се смирам? :D и одлучувате да се смирите (заозбилите)? Дали е тоа поврзано со годините или со "вистинската девојка"? Што ако ја сретнете на 24 години?
    3. Трето, и по мене најкомплицирано...се гледам веќе некое време со еден дечко кој што е 2 години помал од мене. Многу си одговараме и сме си погодени, меѓутоа има еден гооолен проблем...тој има девојка :| Со мене се слуша буквално 24/7 и се гледаме 2-3 пати у неделата ми кажува како не се чувствувал вака од кога имал 15 години, а од друга страна не раскинува со девојката. Те молам за твое мислење од машка гледна точка.

    Ти благодарам многу.
     
  19. Sashko1992

    Sashko1992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2016
    Пораки:
    1.114
    Допаѓања:
    1.524
    Пол:
    Машки
    Кој е Зајко :?:?.
     
    На Bitter-Sweet и baba Rada им се допаѓа ова.
  20. krEM4Eto

    krEM4Eto Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    4.277
    Пол:
    Женски
    Тој што ја отвори темата @TheBunny
     
    На Sashko1992 му/ѝ се допаѓа ова.