Совети од МАШКА страна за сите девојки

Дискусија во 'Сингл' започната од TheBunny, 17 септември 2010.

  1. Sashko1992

    Sashko1992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2016
    Пораки:
    1.114
    Допаѓања:
    1.524
    Пол:
    Машки
    Тој на форумов последен пат се има најавено во 2013 година, така да не верувам дека ќе и одговори :D.
     
    На Bitter-Sweet и krEM4Eto им се допаѓа ова.
  2. twoB

    twoB Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    102
    Зајко или TheBunny е креаторот на темава :D
    Ама добредојдено е и мислење на други машки, слободноо навалете :D
     
  3. twoB

    twoB Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    102
    Леле да, немав забележано :D
    Ама како што кажав добредојдено е мислење од машките на форумов :)
     
  4. Sashko1992

    Sashko1992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2016
    Пораки:
    1.114
    Допаѓања:
    1.524
    Пол:
    Машки
    Па што да ти кажам, се е индивидуално.
    Јас можам да ти кажам како јас гледам на работите.
    Еве јас сум 24 години и спремен сум да бидам со некоја што е постара 1-2 години, не е тоа некоја голема разлика, еве и мајка ми е постара од татко ми 3 години, па супер си функционираат и веќе 27 години се во брак, а имам и другар кој има девојка која е 10 години постара од него, па засега добро им иде, иако според мене тоа е голема разлика.

    Ова со смирувањето зависи од размислувањето и погледите на животот на машкото, некои сакаат порано да се оженат, некои пак подоцна, а поврзано е и со ''вистинската девојка'', еве ако јас ја најдам вистинската во брзо време, не ми е проблем да се оженам и на 25-26, ама засега далеку сум од тоа :D.

    А мислам дека не е во ред да се гледаш со дечко кој има девојка, ама вината половина е и кај него.
    Али штом веќе се гледате и ако тој вели дека толку му е убаво со тебе, кажи му да раскине со девојката, ако не прифати значи дека тебе те сака по некои други работи, како на пример за секс, а кога ќе те добие ќе те остави и ќе си се врати кај девојка му како ништо да не се случило.
     
    На buba4e89, КикиМаус и krEM4Eto им се допаѓа ова.
  5. twoB

    twoB Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    102
    Фала ти многу за мислењата. Секако и јас напоменав и нормално да е индивидуално сепак не сме сите луѓе исти :D само ме интересираше онака во глобала как размислувате вие машките. Пофалби за тебе од моја страна, добро е да се знае дека има и машки кои размислуваат како тебе :D

    Инаку ми беше многу непријатно на почетокот, па и сега (ама помалку да бидам искрена) што се гледам со некој кој што веќе има девојка но, да бидеме реални тој е оној кој што би требало да мисли за неа а не јас :) во секој случај и јас не би сакала да се најдам на нејзино место но, претпоставувам знаеш како е кога нешто е посилно од тебе
    За муабетот за раскинување, можеби би го направила но, како и секој се плашам дека ќе го изгубам и она кое што го имаме сега па затоа само одложувам :worried: Да имавме секс, ќе си речев ете поради тоа е со мене, но не е таков случајот затоа ми е се испомешано и нз што да правам:D
     
    На natemila му/ѝ се допаѓа ова.
  6. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.593
    Пол:
    Женски
    Типично женско, барам мислење ама ќе си терам по мое:rofl:
     
    На Nausicaa, buba4e89, Mr.Awesome и 5 други им се допаѓа ова.
  7. twoB

    twoB Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    102
    Побарав мислење и добив, никаде не посочив како ќе терам после :D
     
    На natemila и baba Rada им се допаѓа ова.
  8. Sashko1992

    Sashko1992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2016
    Пораки:
    1.114
    Допаѓања:
    1.524
    Пол:
    Машки
    Неможеш во недоглед да бидеш во ваква ситуација, што побргу ја разрешиш, тоа подобро за тебе.
     
    На rose60 и twoB им се допаѓа ова.
  9. Mr.Awesome

    Mr.Awesome Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    383
    Допаѓања:
    1.653
    Пол:
    Машки
    Го прифаќам квизов и прашањата. :D

    1) Не мора да значи за сите машки. Многу генерализираш. Кога знам дека сум во право, а женската тврди не сум, тогаш не попуштам и готово! Кај ќе ми е крајот ако попуштам кога знам дека сум во право? Имам му*а да признаам кога не сум во право, немам високо его ко Ајфелова кула.
    2) :| Ова оди во двата смера. Сум се пуштал на девојка за која знаев дека и јас и се допаѓав, ама ете таа си ги креваше акциите кога и да сакав да се зближиме и да го имаме првиот бакнеж и понатаму да преминеме во пар. Тоа беше кога имав 22 год. што значи не сме биле тинејџери. Знам дека и годеше моето внимание, слатките допишувања на Фејсбук до сабајле, ама за жал остана на тоа. По извесно време решив да не трчам по неа пошто не може вечно да се игра со мене и ништо не бидна, не ни било судено. Ја сум луд тип кој може да пресече комуникација одеднаш без разлика колку ми се допаѓа некоја девојка ако гледам дека и служам за билдање его и акции. Тогаш вие женските почнувате повеќе да не цените откако ќе не снема. :)
    Ако некоја девојка која јас ја свиѓам ми каже дека ме свиѓа нема да бегам и да си ги кревам акциите туку ќе ја залапам страствено како на филм и ќе започнам романса со неа. Love. Magic. Sex. :D
    Ако некоја ме свиѓа, а мене не ми се допаѓа дали карактерно дали физички нормално дека ќе бегам ако навалува. Не го гледам тоа како кревање акции.
    3) Дрски и провокативни кои знаат што сакаат. :D
    - Можеби затоа што е предрска? Можеби не можам да ја сфатам сериозно иако она е сериозна? А зошто воопшто да трчам ајде кажи ми. Очигледно ви е убаво кога машкото трча по вас, а? Малку трчање е ок, ама ако се претвори во психопатска игра од страна на девојката нормално престанувам да трчам, па не сум коњ. :D
    - Не вадам муабет за никоја девојка, колку и да е лесна. Сметам дека тоа не е моја работа. Простачки ми е да вадам такви муабети во 21 век кога сме 7 и курус милијарди луѓе на планетата и животот е прекраток. Ако е лесна нека биде нејзино право
    4) Ех, гордост... не навлегувај во тоа молим те. Машката гордост знае да биде преголема тоа ќе ти кажам. :D Ако признаам на некоја девојка дека ми значи она ќе знае дека ми е слабост и психички ќе ме уништи. Знам дека уживате во дробење на машката гордост. :lol: Исто така знам дека генерализирам и не се сите девојки такви, но повеќето се. Преку суптилни постапки и зборови ќе и ставам до знаење дека ми значи, на неа е да прочита, тешко дека директно би и кажал... заради гордост и страв како ќе изреагира, можеби ќе почне да ме избегнува итн.
    5) Мислиш на простување неверство или кога девојката ќе згреши? За првото ептен тешко да простам, не е гордост во прашање туку понижување и газење врз мене со тоа што ме изневерила. При мене со здрав и прав к** она да ме извара со друг... едноставно нема простување тука. А иронично е што не ги судам девојките кои би изварале и при тоа би имале афера со мене. Нејзин избор, не сум ја терал. Значи и ние машките сме за ќотек, туѓо прифаќаме ама своето не го даваме. :) Ако девојката ми згреши со некоја постапка или муабет во зависност од тежината ќе ми треба помалку или повеќе време да и простам, но ќе и простам пошто луѓе сме сите грешиме.

    Тоа е тоа. Се надевам одговорив задоволително на прашањата.
     
    На Different7, fallenangel, deskarada и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Paolita

    Paolita Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2014
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    150
    Пол:
    Женски
    Ми се свиѓа еден дечко постар од мене 8 год. Вака на изглед он не изгледа многу постароо од мене ама што знам. Инаку во поглед на излегувања и слично мислам дека би се согласувале он го има надминато тој период висење по кафичи, кафани и дискотеки, ,а и јас не сум многу по таквите места.Ми изгледа ко сериозен, си работи дечкото и се, јас студирам и работам преку лето( преку работа и се запознавме ) и се сметам себеси за зрела и сериозна личност.
    Е сега работата е што он имаше ептен долга врска од 8год со една девојка со која раскинаа пред два месеци.Ме интересира причината поради која некој би раскинал толку долга врска, и воедно ме плаши фактот дека дури и кога ние би почнале сериозна врска он би можел да ми прекине као што прекинал со неа или слично, или можеби би и се вратил нејзе.Да напоменам дека не сме зборувале за неговата врска и за тоа кој кому раскинал и зошто. Знам дека е најдобро да го прашам ама сметав дека е премногу рано на прво излегување да прашувам тоа.
     
  11. Mr.Awesome

    Mr.Awesome Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    383
    Допаѓања:
    1.653
    Пол:
    Машки
    И мене ме интересира зошто некој би раскинал толку долга врска... они си знаат најдобро.
    Има 90% шанси за ова. 2 месеци во споредба со 8 години не се ништо. Можеби не раскинале за дефинитивно, туку се во тајмаут период. Има големи шанси или да и се врати или да не е спремен за нова врска. После 8 годишна врска човекот се испразнил емоционално, му треба време за да сака пак.

    Ако му имаш фрлено око, а посебно ако осеќаш дека е обострано, треба да пробаш да му се доближиш. Превземи ја ти иницијативата во овој случај, после толку долга врска врати му ја довербата во љубовта со тоа што прва ќе му пријдеш. :) Во секој случај можеш да останеш пријателка со него, да излезете на пријателско кафе и од муабетот ќе видиш до кај се работите и какви ти се шансите кај него. И бери памет дека можеби ќе му е време за женидба ако е во доцни 20ти или рани 30ти, така што ако влезеш во врска има шанси за година-две да му бидеш невеста. Не знам дали до толку далеку сакаш да одиш со него, ама разгледај ја и таа опција.
     
    На Incredible9 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. beautu17

    beautu17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2015
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    119
    Пол:
    Женски
    Едно прашање до машките дали би оставиле девојка без ниеден збор? Не се работи за сериозна врска, но врска што требаше да оди во добар правец. Се случува нешто што ви се доверува девојката општо за животот, и од таа вечер не комуницирате..се разделувате со насмевка и со зборовите ќе те барам. Длабоко во себе знаев и илјада пати се покајав што му се доверив.
    Немавме контакт 1ипол месец..
    Пред некој ден ми стави лајк на фб, и самиот објави слика со поента дека само силните луѓе одат до крај. Не му вратив на лајкот, ништо не направив, немам намера да направам нешто за да се врати.
    Ми даде прво надеж а потоа ме одјеба, немам право да го презирам негови одлуки и живот се тоа, но само сакам да го боли како мене, да се осети каков е тој миг на неизвесност.
    Само ме интересира колку се шансите тој повторно да ми пиши? И како да реагирам?
    Дали продолжувањето со успешен живот е најдоброто решение, и во случај ако ми пише да не покажам дека се замарам? Што да направам за да се почуствува како мене?
     
  13. tteea55

    tteea55 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2015
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    131
    Пол:
    Женски
    Лелее прво да кажам после да прашам.. Вчера си ставив сликаа со едно дете на кое шо не му се гледа фацата и денес ми се јави бившиот да ме праша кој е дечкото на сликата и ми мана лајк на истата.. прашањето ми е Шо му е филмо?
     
  14. DeepBlue

    DeepBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.098
    не му кажувај сака да те поебе ке ти го ќари
     
    На rose60, natemila, crimson и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. tteea55

    tteea55 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2015
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    131
    Пол:
    Женски
    ХАХАХАХХА не, не е од тие :P
     
  16. JonyBravo

    JonyBravo Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2015
    Пораки:
    548
    Допаѓања:
    2.142
    Пол:
    Машки
    прашањето е шо ти е тебе филмо ?? и уште едно прашање - намерно не му се гледа фацата - ја замати или случајно не му се гледа ? :D
     
    На Summerlover, rose60 и natemila им се допаѓа ова.
  17. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки
    Од зајко кукурајко тешко ќе добиеш мислење, но јас ќе ти дадам едно.

    Има три вида на машки, едни сакаат постари, други сакаат помлади и трети им е сеедно.Така да зависи со какво машко ќе се погодиш.
    Има многу причини за машко да се смири со женско, и зависи за што се скарале и како се скарале. Но не секад се враќаат машките ако се скарат. Ако евентуално се смират, тоа значи девојката им значи.
    Кажи ми ти на мене, што знае машко на 15 год? Или глобално, што знае човек на 15 год, па да ти вика не сум се осеќал од 15 години? Колку женски он поминал? Ако вака прави со девојка ми со тебе, верувај он те користи како никад до сега. Ама ти си слепа да го видиш тоа. Пошто, овој ем си има девојка, ем си ужива со неа, ем тебе ти се лигави дека не се осеќал вака од 15 год.

    Врати си ја гордоста на место и прекине да се гледаш со зафатени машки. Многу, Многу, лошо ќе ти се врати во животот.
     
  18. tteea55

    tteea55 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2015
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    131
    Пол:
    Женски
    случајно не му се гледаа.. :D
     
  19. twoB

    twoB Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    102
    Фала ти многу на мислењето.
    Ова со трите вида на машки малку не ми е логично. Можеби постои некој кој би сакал постара девојка, но не верувам дека тоа значи дека не би бил со помала :) Мислам дека на секој може да му се случи отстапка посебно во вакви случаеви кога се работи за дечко/девојка. Можеби може да посакува постара/помлада девојка меѓутоа да не е тој некој одлучувачки фактор.

    За смирувањето не си ме сфатил...не мислев да се смири со бивша девојка туку да се заозбили, да си рече дека веќе доста е шарање наоколу по девојки и дека е време за нешто посериозно.

    За третото, еве јас на пример на 15 години сум ја осетила првата љубов и можам со тврдење да кажам единствената како таква до сега. Чиста, без некои задни намери, без нешто да те кочи бидејќи во тие години си безгрижен, за разлика од на 25-26 кога веќе си делумно посозреан и поинаку гледаш на работите па почнуваш да мислиш и за други работи а не само за љубовта која ја чувствуваш спрема некој. Можеби би го нарекла чуството со она клишето "Пеперутки во стомак" :)

    Знам дека донекаде вината е моја што се гледам со некој зафатен но, пак ќе речам зошто тој кој што има девојка може да се гледа со мене, а јас треба да мислам на другите? Малку себично ама сите се водиме според мотото "Волим тебе али више волим себе":D

    Сепак, се сложувам дека треба да си ја вратам гордоста на место, ама да беше така лесно ќе беше супер. :|

    П.С. Кажи ми која е таа корист што ја добива он од мене, бидејќи односи немаме, пари не ми бара :D, итн итн
     
    На natemila му/ѝ се допаѓа ова.
  20. SparkyAngel

    SparkyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    1.366
    Пол:
    Женски
    @twoB Прај се колку сакаш светица и фина дека ти е незгодно што типот се гледа и слуша со тебе додека има девојка. Ама тоа повеќе кажува за тебе одколку за него. Ај он што е неизживеан и што нема гз да и раскине на сегашната, ама ти, верувам подобра си од ова. Утре тебе истото ќе ти се случи, кармата е страшна работа. :)
     
    На Nausicaa, iloveyou29, Bella.04 и 5 други им се допаѓа ова.