Совети од МАШКА страна за сите девојки

Дискусија во 'Сингл' започната од TheBunny, 17 септември 2010.

  1. twoB

    twoB Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    102
    Нема поента тука пред сите непознати да се правам светица. Кажав дека не ми е сеедно што има девојка и навистина не ми е, но верувам дека сите сме биле во ситуација кога не сакаш да превземеш нешто поради стравот дека работите може да тргнат на лошо и да го изгубиш и тоа што го имаш во моментот, па едноставно си се повлекуваш и оставаш времето да покаже.
    За кармава...можеби ми се има случено па сега кармата преку мене враќа на друг :)
     
    На rose60, natemila и КикиМаус им се допаѓа ова.
  2. natemila

    natemila Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    8.444
    Пол:
    Женски
    Не дека оправдувам невера....ама ако тој си ја вара девојкаму зашто ти да ја мислиш. И не гледам и што те користи.....и да имате секс задоволството е обострано....значи и да имате не е користење. Така да тебе додека ти е убаво терај.
     
    На Mr.Awesome, rose60 и twoB им се допаѓа ова.
  3. twoB

    twoB Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    102
    Алелујаа! Конечно и некој што ме разбира :D:D:D
     
    На natemila му/ѝ се допаѓа ова.
  4. babygirl15

    babygirl15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2016
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    186
    Пол:
    Женски
    Не ми е јасно како преку ноќ чувствата за девојката(што ви била девојка небитно колку време) наеднаш ги снемува...како преку ноќ заборавате што се сте имале со неа,била среќна покрај вас,ве почитувала и сакала и вие наеднаш раскинувате..how?:punch:(n)(n)(n)(n)
     
  5. ♣ Alba Viduam ♣

    ♣ Alba Viduam ♣ Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    2.160
    Пол:
    Женски
    Добро еве вака ке влетам и јас.. ме интересира, имате слушнато вие вака шо изигравате втора виолина на некој за зборот емпатија и сочувство спрема друго човечко суштество? ..како пример дека учествуваш во цел тој акт на повредување на една особа? И тоа длабоко повредување.. Дека нели вие викате шо има ја да му ја мислам ако дечкото не мисли на девојката.. Не мора да мислите, али не мора ни да повредувате.

    Од толку машки мора со зафатен?

    Не сакаш да го изгубиш тоа што го имаш.. а што тоа имаш? Ваљда одговорот не сакаш ни на самата себе да си го дадеш, затоа што тоа што го имаш мила е една голема илузија. Тој дечко не го боли к*р ни за едната ни за другата. Нити па ке го боли во иднина дури и да ја остави женската за тебе, истото и тебе ке ти го прави.

    Поздрав и до тие шо го поддржуваат ова однесување со еден муабет шо го иам слушнато во едно филмче.. Ја прифаќате љубовта шо мислите дека ја заслужувате. :) ..само штета шо многу од вас мислат дека заслужуваат само трошки од таа "љубов".
     
    На eliesaab, Marossa, Nausicaa и 9 други им се допаѓа ова.
  6. twoB

    twoB Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    102

    Да, сум слушнала за зборот емпатија, не е дека мене гледање со зафатени ми е секојдневие, па културно ќе ве замолам сите да не донесувате заклучоци веднаш и да не судите пребрзо. Така испаднало во овој случај, од обичен муабет да прерасне во нешто друго. Можеби да, требало уште на почетокот да се постават работите како што треба но, ете, сплет на околности не испаднало така. Нели сите работи ни се случуваат со причина, па можеби и ова. Не знаеме што не чека понатака што значи на секој може да му се случи и секој може да се најде во ваква ситуација.

    Ова со генерализирањето "и да ја остави женската за тебе, истото и тебе ке ти го прави." искрено не можам со сигурност да тврдам ниту дека се согласувам ниту дека се противам. И јас на некои сум направила нешто што секако не значи дека би го направила и на некој друг и обратно.
    За последниот дел "Ја прифаќате љубовта шо мислите дека ја заслужувате. :) ..само штета шо многу од вас мислат дека заслужуваат само трошки од таа "љубов"" се сложувам дека секој заслужува повеќе од тоа да е како што рече "Втора виолина", но не секогаш можеме да собереме сила и разумот да надвладее над срцето.
     
  7. Shljaki

    Shljaki Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2016
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    94
    Пол:
    Машки
    Oва со сплет на околностите толку невино го кажувате, ко да така тоа од небо паднало. Не ти не си била свесна за ништо. Чим си се впуштила во авантура со зафатен дечко, свесна си била за се. Тој процес не се одвива во еден момент, треба некое време да помине да ти влезе под кожа. Значи може да заклучиме дека свесно си го прифатила фактот дека имал девојка. Значи емаптија во овој случај од твоја страна спрема девојката нема.
    Е сега се е у ред тоа, ако тебе не ти смета. Али утре кога тебе ќе ти го направи истото, а голема е веројатноста дека ќе ти го направи, треба да бидеш фер и да не кукаш, него мирно да си го прифатиш тој факт, зашто од твоја страна би било лицемерно и себично. Е сега ако си спремна да тераш на тој начин, ич не му ја мисли...
     
    На Nausicaa и natemila им се допаѓа ова.
  8. twoB

    twoB Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    102
    Па не дека од небо паднало ама се случи многу набрзина да си влеземе еден на друг под кожа, додека си се свестил веќе биднало. Добро луѓе зар никогаш вие не сте биле во ваква ситуација, без разлика дали станува збор за дечко/девојка или некоја трета работа?

    И зошто истото да би ми го направил и мене? Не велам дека не може да се случи но, тоа би го препишала повеќе на случајност а не на фактот дека на бившата и го направил истото па сега морало и мене. Вие исти ли сте спрема сите?
     
  9. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.361
    Допаѓања:
    6.851
    Пол:
    Женски
    ‘ Мислам дека се трудат да ти објаснат дека свесно си влегла во оваа "врска", и сама си се нафатила да бидиш со зафатен дечко, без разлика дали се одвивало брзо или бавно, си имала избор.
    Е сега мене едно нешто не ми е јасно...што очекуваш ти од ваквата врска, и каква иднина мислиш дека имаш со него? Очигледно е дека несака да ја остави девојката, али макар и тоа да се случи, утре ти ќе бидеш на нејзино место.
    И зошто да не ти го направи истото? Значи тој нема грижа на совест и способен е да изневерува, тогаш зошто да не? При првата монотонија во врската, ќе оди и ќе си смени.
    И, Што ти е планот? само да губиш време со него?

    Стварно не ве разбирам..не си ни прва ни последна ваква, ама не ми е јасно како можите толку да немате достоинство, и толку ниско да паѓате. Одите со зафатени, на толку слободни мажи, и се надевате дека за вас ќе си ја остави девојката и вас никогаш нема да ве изневери, бидејќи сте посебни (facepalm) Сериозно?
    Па дај ценете си се малце, најдете си некој кој ќе е само ваш и ќе ви го пружи цело внимание и љубов која ви е потребна.
     
    Последна измена: 7 октомври 2016
    На Nausicaa, iloveyou29, Bella.04 и 5 други им се допаѓа ова.
  10. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.589
    Допаѓања:
    5.936
    На другарка (Дд) ми дечко(Дч) и и раскина преку фб,а одеа 5 години. едноставно мислес дека не си одговараат и толку.
    Дд се разболе и после 5 месеци си фати дечко но со него одеше 2 месеца. Дч,и и напиша само штом фати нов со тебе многу тешко ќе се вратам а сакав,а пред тоа никаков знак или било што.

    Е сега пуштил муабети дека Дд го изневерувала,и затоа раскинале,а очи во очи не се ни прекинале. Се избришаа од фб,и произлегоа муабетиве. Е сега Дд, не оди ни со вториот.

    Сака да му напише,или прати говорна порака на првиот Дч, нешто да било дека тој нема храброст да излезе пред неа,но го сакала уште, но не сакала пак да се заедно само одговор зошто пуштил неточни муабети.

    Што мислите,да му пиши? Ќе се понижи? Каква ќе е вво очите на Дч?

    П.С. Дч, се правеше во диско како да не ја познава,а планираа на неговиот роденден да стапат во брак.
    Седевме со неговите другари,јас и Дд, и Дч пред другарите и вели: Колку си станала грозна. Оваа му велиЧ Благодарам љубов и ти.



    Uste go saka Dd, i go plache skoro sekoja vecer. Se nervira osobeno za netocnite muabeti deka go izneveruvala. A toj sekogas gi slusase tie 2 slobodni drugari i izleguvase so niv koga i da baraa devojka,nemase zabrana toj da izleguva ili da ne izlguva.
     
  11. Shljaki

    Shljaki Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2016
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    94
    Пол:
    Машки
    Toj муабет дека ти влегол под кожа ти е скроз детски. Без секој се може, само работата е дали сакаш да се тргнеш од него. На страна тоа што си знаела дека има девојка.

    Иначе тоа би ти го направил тебе зашто тоа е ментален склоп и дечкото очигледно си е склон кон тие работи. Ти ако мислиш дека цело време ќе ви цветаат ружи во врската тоа е друга работа. Во првиот момент на монотонија, ко што рече девојката погоре, сигурно ќе си напраи мала екскурзија. А и плус сега си има алиби, ќе ти го направи тоа, и ќе ти рече дека си знаела со каков си имаш работа, и ти наравно тука ќе нема што да се буниш многу, зашто од морален аспект, и ти си напраила слична работа.

    Значи тука уопште не спомињам дали ти имаш грижа на совест за тоа што си го напраила, и како тоа е во склоп со твоите принципи. Него ете да речеме дека тебе тоа не ти смета, ипак градење на врска на заедничка доверба на ваква основа малце потешко во ваков случај. Да е само за секс друг е муабетот.
     
    На Nausicaa, fallenangel, buba4e89 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Mr.Awesome

    Mr.Awesome Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    383
    Допаѓања:
    1.653
    Пол:
    Машки
    Прашањата под бр. 1 и 2 се лесни за одговарање ќе ги прескокнам одам на комплицираното.
    Дечкото ти прави филмови и романтики само за да има секс со тебе. Ако не сте имале, ќе имате кај и да е. Ако му е толку убаво и се слушате 24/7 и се гледате 2-3 пати во неделата, би требало да сте пар! Како успева да најде време за девојка му и за тебе истовремено? Ако ти е убаво, биди со него, дружете се, ама знај дека можно е само да си го губиш времето т.е. сигурно си го губиш времето за сега. Он си има девојка за стално + бонус девојка во тебе. Нека има му*а и нека избере една. Едно е кога машко е сингл и врти повеќе девојки, ама друго е кога има девојка и сака на страна да буши. Ако емоциите што ги има меѓу вас се вистински, цепајте понатаму, ама бери памет: не си троши време со некој ако си му втора виолина. Мислиш ли дека заслужуваш да си втора? Мораш и можеш подобро.
    Како и да е, какви совети и да добиеш, на крајот ти одлучуваш што ќе правиш. ;)

    Не ги снемува наеднаш... или никогаш ги немало или со тек на време ги снемува и станува сеедно.
     
    На twoB му/ѝ се допаѓа ова.
  13. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.419
    Допаѓања:
    16.832
    Здраво,здраво.
    Ме интересира дали вие машките кога одите на дејт пиете алкохол? Јас не пијам многу искрено кога одам по кафичи,скоро ич,една чаша и ми е некако глупаво кога излегувам со некој на прв дејт да пијам.Машкото шо се гледам кога се запознавме пиеше алкохол и сега кога пак треба да излезиме пак ме вика на пијачка да одиме?!
    Дали шемава е таква, или јас сум кабает шо не се дружам многу со алкохолот?
     
  14. Mr.Awesome

    Mr.Awesome Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    383
    Допаѓања:
    1.653
    Пол:
    Машки
    1 чаша пиво е ок. Тоа во случај да отидам со цурката на пица или друго јадење. Во случај да излезам во кафич кафе и сок земам. Нема потреба од алкохол во тој случај, иако пак ќе кажам 1 чаша пиво не би требало да е проблем. Проблемот може да биде ако се зема појак алкохол како виски, коњак, вотка итн. што е тотално непотребно за дејт ако потенцијалната врска е во зачеток. Претпоставувам машкото твое (или to be твое) пие алкохол за да се опушти пошто кога работи алкохолот чуда се случуваат. “Алкохол у венама препреке све руши“ ова се стихови од една песна. Под дејство на алкохол отворено сум изразувал симпатии (индиректно) према една фатална плавка, а знам без алкохол нема шанси да и признаам love, така што треба да се контролира консумацијата. :D
    Нема шема и не си кабает што не се дружиш со алкохолот. За секого е индивидуално. Ако не го знаеш машкото подолго време, отиди на пијачка со него и види му го паметот. Види дали сака да пие до степен да не знае за себе и ако е тоа случајот, откачи го! Не ти треба потенцијална пијаница! :)
    Јас сакам алкохол ама во модерација. Секој викенд пиење литар-два алкохол не е добра практика. Обично на 2-3 месеци знам да си направам мерак и здраво да се начукам. :beer: :beer: :beer: :beer: :beer: :lol:
     
    На GirlLove и twoB им се допаѓа ова.
  15. twoB

    twoB Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    102
    Епа тоа и е проблемот, што не знам дали сакам и дали можам да се тргнам од него. Да беше се кристално јасно многу полесни ќе беа работите :(
     
  16. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.113
    Пол:
    Женски
    Го прочитав целиот случај.
    Тоа терај си додека ти е убаво си има цена да знаеш. Се, си има цена и карма.
    Она што те нападнаа членките некои се во право некои и не. Според мене, ти си била свесна дека влегуваш во врска со зафатен човек кој е приврзан за девојката. Си влегла свесно без грам совест, ама ете кармата се врти тој не ја остава девојката, ти бараш совет тука, ти си повредената.
    Викаш се гледате 2-3 пати неделно и ти рекол дека со тебе се чувствува како дете?
    Се слушате 24/7 нема шанси да седите на телефон 24 часа без престан. Тој ќе заврши со муабетот и ќе и се јави на девојката, ќе се види и гушка со тебе во кревет, ама кога ќе си оди ќе си легне покрај неа во кревет. Девојка му не го исполнува во нешто, па си наоѓа дополнително плус, значи го исполнуваш па се чувствува како дете за да те задржи бидејќи си му ОПЦИЈА.
    Разбираш сега што сакаа да ти кажат некои членки? Мислам ти разбираш, морам да бидам дрска кога има неправда тука. Многу мразам неправди. И после викаат женските вакви такви, епа еве и зошто.
    Никогаш нема да му бидеш ПРИОРИТЕТ тоа во глава да си го всадиш. Ќе дојдат празници,ќе дојде лето тој нема да поминува со тебе, туку со неа. Те излажал дека ќе ја остави девојката. Чисто да си знаеш, дека тој си ја вара девојката таа незнае ништо, ама ти ќе се повредиш себе си, ќе си имаш титула на скршено срце.
    Тој ќе се шета со неа, со другари, со тебе ќе се крие. И ќе ти здосади и тоа, ќе видиш самата, па после дојди и пиши ми дека не сум во право.
    И ракоплескај дека никој не те разбирал, дека никој не се обидел да те заштити. Да ти покаже и увиди.
    А ако продолжиш со ова темпо ќе си тапкаш во место, ќе си ја голташ гордоста и ќе си викаш има подобри денови. Ќе си се јадеш себе си, ќе станеш љубоморна, ќе плачеш, ќе пропаднеш е тогаш кога ќе ја поминеш оваа фаза ќе ти е се КРИСТАЛНО ЈАСНО.
    Тебе и уствари и ти е КРИСТАЛНО ЈАСНО ама не сакаш да го видиш тоа бидејќи го сакаш. Слепо му веруваш и дојде тука да бараш совет како да ја откачи девојката, а не како ти да го задржиш.
    Никој не мора да лажеш тука, самата себе си се лажеш.
    Само запрашај се дали тој истиот дечко ќе ти биде верен и со тебе ќе му здосади, па ќе си бара опција па ќе те откачи. Е таквото момче е незрело, е таквото момче не е верно ниту некогаш ќе научи.
    И запрашај се дали ти имаш гордост, дали те јаде совест, како ќе ти биде тебе тоа тој да ти го прави?
    Запрашај се дали вреди?
    Верувај дека еден ден низ нос се ќе ти се извади, се ќе ти префрли, тебе ќе те обвини и на крајот ќе те напушти, и кој е тука повредениот? ТИ.
    А дали можеш да го откачиш, дали можеш без него? Луѓе умираат девојко животот иде понатака, БЕЗ СЕКОЈ СЕ МОЖЕ тоа да го запамтиш.
     
    На Nausicaa, corapce, Bella.04 и 4 други им се допаѓа ова.
  17. twoB

    twoB Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    102

    Така е од А до Ш како што имаш напишано. Не е дека јас не сум свесна за тоа...толку сум свесна што откако го прочитав целиот коментар останав со грутка во грлото. Знам дека морам да соберам храброст да направам муабет па што биде-биде. Ако требало нашето да биде, ќе биде, ако не, не ни било судено.
    Решив да си дадам малку простор и време да видам како ќе се одвиваат работите, па после да речеме месец дена од сега, да седнам да разговарам и да пробам да си се средам, со или без него.
    Знам дека колку повеќе чекам толку полошо за мене, но морам да си се припремам сама најпрво, сепак не можам да соберам сила преку ноќ :)
     
  18. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.593
    Пол:
    Женски
    А опција со него и некој нов да си најдеш, хммммм..размисли и тоа!? Најди си некој нов батка а овој чувај го за украс.:)
     
    На natemila, fallenangel, twoB и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.113
    Пол:
    Женски
    Ти си знаеш што ќе си правиш, ти се надеваш пак. И по еден месец да зборите ти ќе сакаш да си со него.
    Ти ако сакаш да го оставиш нема што да го бараш повеќе. Бараше реален совет на вистината и доби. Понатака си знаеш самата.
     
    На twoB и baba Rada им се допаѓа ова.
  20. twoB

    twoB Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    102
    Хахах треба да се разгледаат сите опции :D:D
     
    На natemila и baba Rada им се допаѓа ова.