Таа секако ќе дознае после одреден период. Проблемот е карактерот на дечкото. Што вара сексуално тогаш нешто им недостига во постелата. Најчесто партнерите не се искрени меѓу себе што ги исполнува на тоа поле, едно време проблемот се потиснува но потоа излегува на површина. Ако не вара сексуално тогаш им е монотона врската па срцето не им дава да дојде до крај, па си бараат опција. Другото објаснување ми е дека тој има потполна слобода, во случајов изгледа девојкава не се замара или е премногу зафатена или воопшто не се осврнува кон вакви работи. Знаеш слепо му верува, тој ќе ги прикрие доказите и повиците и се. Таа е сигурна дека тој е нејзиниот принц. За дознавање ќе се дознае или од трета личност или самата. Мислам постојат девојки што се спремни да простат неверство, да потпаднат под похлепност и да веруваат дека потоа ќе им цветаат рози, тоа е само залажување на самиот себе,страв од загуба и помислата да биде сама. А за ова за бебиња и затоа трикот како да се остане трудна за да го задржи според мене е најниската работа на која може да се согласи некое женско. Тој може да ја сака додека трае сета еуфорија,а може и не. Треба да си зрел и иживеан за да влезеш во брак, но да знаеш дека човекот покрај тебе те цени и те чува како твојот татко,а не секоја ноќ ти да легнуваш со солзи а тој да и прави мед и млеко на друга. Постојат и глупи девојки, постојат и паметни. Во овој случај и двете се изиграни од еден дечко.
Ај Мистер Зајко нешто да те опитам значи има едно машко шо мн се дружи со неговите другарКИ, но СЕКОГАШ ко ќе ме види мене си ја мести косата или упатува насмевка. Го имам видено и во машко друштво, но нз почесто ко во женско да е. Во секој случај, прашањето е, дали му се допаѓам или е уште еден казанова? Патем било кој може да одговори, не само Мистер Зајко
Се чини дека мистер Зајко го нема, но знам дека едно зајче ќе ја најави пролетта на 11-ти декември. Тоа секогаш ако е стварно секогаш треба да се анализира подлабоко, да се влезе во траг и да се дојде до вистината. Колку што знам и имам читано од машки аспект ако женското си ја допира, мести или гали косата додека зброува со некое машко тоа е знак дека женската го свиѓа момакот, па верувам исто важи и за машкиот пол: допир на косата, насмевка тоа се знаци на симпатија кои не можеме да ги скриеме кога нашата љубена е во близина. Може да биде коинциденција еднаш два пати, ама не може секогаш да е коинциденција. Одговорот на твоето прашање е: никој тука на форум не знае со сигурност дали му се допаѓаш. Биди почесто во негова близина и види како ќе реагира на тебе. Следи ги инстинктите. Ако личи на патка, плива како патка, и квака како патка, тогаш патка е! Ова е најуниверзално решение за сите проблеми во животот кога нешто се сомневаме! Машки што се стално во женско друштво и се буквално рамноправна другар(ка) на женските отсекогаш ми биле сомнителни. Дали се геј па женските ги гледаат како другарки, дали се емотивци и сентименталци па поубаво им е во женско друштво, дали се љубовџии... има повеќе опции. Мушкарчина права не треба да е стално во исто женско друштво ако нема бенефит од женските. Во спротивен случај во највеќе плива во френдзоната.
Ми требa мислење, сoвет. Рaскинaвме сo дечкoтo. И пoсле 15 денa , Нa фб ми звoни и не кренaв и му прaтив прaшaлници, ми вели грешкa и пo некoи пет мин. Ме прaшa штo прaвaм кaкo сум, не врaтив, и ми звoни пaк нa фб, кренaв и јaс сaмo рекoв немaм време утре рaнo ќе стaнувaм, чao и тoлку биднa. Штo мислите, зoштo гo стoри тoa? П.С. сaкaм и јaс дa му се јaвaм, ми недoстигa...
добро ама тој е оној кој си ја мести косата не јас инаку кога седи со женското друштво нема допири или сл. евентуално само пријателска гушка, разговор и то е се. но како да бидам почесто во негова близина кога НИКОГАШ не го гледам сам+се срамам
Затоа што сеуште сте дечишта. Плус, очекуваш некој да се заљубува на 16 години? И најверојатно не му се допаѓаш. Личности на коишто им се допаѓаш секогаш ќе ти обратат внимание на еден или друг начин. Таа е суровата реалност, а се друго е само изговор.
Сфатив тоа не се секирај. Епа ако сакаш прогрес мора да излезеш од комфортната зона. Моментално оваа слика те доловува. Иди онаму каде што се случува магијата. Поминувај во негова близина, трткај се врткај се додека не почнете разговор и после ќе иде полесно. Ќе си падне и прво гушкање, и прв бакнеж итн.
Јас ништо не велам, туку пробај и види. Ако те кулира тогаш значи не му се допаѓаш физички. Може да си најпријатната на светот, но ако не се допаѓаш физички на некој тогаш ќе те стави во френд зоната.
ох душо златна не те сака тој, шо дека убав ко лајкнува разголени магарици на интернет......ти препорачувам да го отследиш и од инста и од фејс и врткај се околу градот, можеби некој те чека зад аголот и јас ќе ти речам место него среќен роденден голема да растиш и поќе да созрејш , не ти требат вакви ко овој, не си го арчи времето, нема да ти пиши
ќе му го кажиш то шо го чувствуваш и прашај го дали и тој го чувствува истото. и ако го чувствува (се надевам ) тогаш во истиот момент ќе паднат и гушки и бацки и се во вашиот случај вреди.
денес паднаа првите меркања не беше со ДРУГАРКА или со ДРУГАРКИ туку со ДРУГАР. изгледа се срами од мене во женско друштво, м? или некој поинаку мисли?
Не би рекол дека се срами туку кога е со другарки, ако ти посвети внимание на тебе или ти пријде другарките можат да му се налутат или да бидат љубоморни на тебе, така што за тебе подобро е да не ти приоѓа кога е со другарки. Мора да се најдете во ситуација 1 на 1, само ти и он. Така имаш многу поголеми шанси да биде нешто отколку кога он е со другарки. Кога е со другарки, ти си 13-то прасенце. Не се лути на советов ама мислам така си е.
Хаха одличноооо гледам ќе процвета љубовта и ќе има прелив на емоции од едната страна кај другата и обратно. Така такааа само сакајте се и љубете се, love is in the air. Еве да ти дадам совет: кога ќе се гушнете, стегни јако и не пуштај. Стави му до знаење колку ти значи.