Уште пo пишувaњетo се гледa декa не знaеш дa прoцениш чoвек. Уште прaшувaш штo би нaпрaилa? Зaтoa му е тoлку леснo дa те мaнипулирa, те прoценил, нaпрaил шo нaпрaил, сеa кoa ќе имa слoбoднo време пaк ќе ветувa свaштa дoдекa не нaпрaи тoa шo зaмислил и пaк ќе исчезне. Чaре? Дa си гo живееш живoтoт и дa не гледaш у секoјa будaлa врскa. Акo ти пoнудеше сaмo гледaње тaјнo без врскa и љубoв или ќе oдбиеше ти или ќе легневте. Прoценил декa си нaивнa и декa ќе гo дoбие тoa сo ветувaњa. Мoже и дa не е вaкa си прaaм претпoстaвки, зa тoa е темaтa
ЈАс би помислила на пример дека има друга кога ќе исчезни па ќе се врати после пишува, па пак го нема, една недела, дека оди со други, па после ај ќе пишува се лади. Тоа може да се види и од некој пат пишување, а не со месеци Ами и девојчето ќе пиши, значи ако му пиши и тоа некој пат, ако му враќа се смее, значи има нешто. Комплицирани се и машкиве, чудни
Машките се како отворена книга......на тема нуклеарна физика......напишана на кинески Ова го прочитав на инстаграм и беше уствари за женските ама изгледа сме неразбирливи едни за други
Машκите и женсκите исто ρазмислуваат,исти се,само со мали ваρијации. Аκо женсκото се сρами зошто и машκите да не се сρамежливи. Туκа нема голема филозофија.
Ова со изчезнувањето на мажите навистина се случува многу често, со неколку другарки е истата приказна. Мое мислење е дека дечкиве си пишуваат со повеќе девојки истовремено, па ако запали и кај вас и кај друга, можеби го снемало бидејќи таа другата повеќе му се допаднала. И , нормално, она стандардното, нешто кај вас едноставно не му се допаѓа и тоа е...
Сите тие што ѓи снемува...ѓи снемува од повеќе причини. Дали прерано го добиле тоа што го сакаат, дали има уште две три на лагер па мисли дека може кај сите кога ќе ѓи побара да се тука за него...некој и сакат да видат дали ќе бидат побарани од страна на девојките и слично. Тоа почесто го прават оние кој не се сеуште доволно изживеани.
Проблеми заради пишување... тоа ти е.. до каде не донесе интернетот!!! РАзбирам да пишеш на нет и се тоа.. ете тоа нека биде почетниот контакт (макар шо тоа не го сметам за соодветно) али комуникацијата „во живо“ е клучна. Значи ми се случувало, конкретно јас ке се зеам за пример.. контакт преку нет (обострано), али тоа не може да трае до недоглед. Секое одложување за комуникација во живо е причина за такво „исчезнување“ !!! Значи тоа да се видите не значи дека треба, мора да биде нешо меѓу вас.. чисто едноставно комуникациајта е друга.. Гестикулација, артикулација, говор на тело.. шегите се поинтересни.... едноставно ја осеќаш личноста од карши.. а преку нет што??? им даваш душа на буквите ама не е тоа тоа. Да резимирам една од поглавните причини што машките ги снемува од „чет“ е тоа шо - љубов на нет не бива, а да се бламира преку нет цело време, не бива!!! Не е секогаш до тоа шо добиваат и кај кого прво добиваат, едноставно има граница и некогаш (не сите ) не можат да „преминат“ преку неа. Сепак, некогаш, во прашање е его, алфа-омега (мажјак), инает и слично.
Јас ќе го преформулирам ова и ќе кажам не можам да сфаташ шо се дешава со денешниве женски. Ќе им изјавиш љубов, ќе те направат ненормален и ќе те блокираат на фб. Звучи познато за машките? Ваљда да. И затоа си играме мудро и трпеливо или едноставно не замараме по фб пошто нема поента. Ви одговара да ви пишуваме и посветуваме внимание за да на крај кога ќе осетите сте го извлекле максимумот да одбиете и да кажете neeext! Нормално не е секогаш така, ама обично така бива. Затоа сум против виртуелно изразување емоции преку фб. Фемина е друга работа, форум е, башка анонимни сме полесно оди сакањето. Туку назад на фб т.е. фејс на фејс не е добра опција да кажеш ако ти се свиѓа некоја пошто на таа девојка даваш моќно оружје т.е. инфо дека ја бендисуваш. Практично не си и интересен кога знае дека и се допаѓаш. Girls like to play, па затоа не се бунете кога добиете игра т.е. сложувалка. Затоа што и не е добро директно. Образложив зошто. Затоа што... механика е преку фб да искажуваш емоции. Ти можеби ќе ги осеќаш емоциите во себе додека пишуваш љубовни реферати, ама другата страна ќе чита само низа од зборови без емоции! Се' за и околу љубовта треба да се прави во живо. Ееее поентата е како да се дојде во живо... преку фб. Значи се' се врти преку фб или Viber или WhatsApp. 21-ви тек, технологија, тоа е. И после зашто немало љубов? Ете затоа! Затоа што виртуелната реалност ја смени реалната реалност. Додека да дојде до видување во живо поминува и свиѓањето и се'.
Добро тоа ама има сега и мн машки кои глумат лудило. Само нема ништо во пиење на едно кафе така да излезиш и да си муабетиш, не знам шо има толку страшно за кафе да пишите или одвај па после исчезнал. Или пак имаат и такви шо чекаат на женското. И по пишувањето можи да забележите дали некоја е заинтересирана за вас
Е има ама нивен проблем тоа си пропуштаат топ цурички. Нема ништо страшно. Се' зависи од машкото. Треба да процени и ако процени дека има шанси женското да прифати ќе ја покани на кафе. Нормално секој се плаши од корпа па си седи мирен нејќе да праќа понуди за кафе баш заради таа причина. Тоа е лоша варијанта. Кој чека на женско нема да дочека или многу ќе се начека. Апсолутно! 100% се согласувам и тоа си е тоа. По начинот на пишување и муабетот се приметува љубовта во воздухот. Треба да се реагира, а не да се седи со прекрстени раце. Знам дека тоа е тоа што те иритира.
Не пречи, но не е природно девојката да биде повисока од партнерот, но не и да биде многу пониска бидејќи кога ке се бакнувате грбот после ке те боли од наведнување (од лично искуство го кажувам ова)
Јас не сум машко, ама искрено грдо ми е за гледање толку голема разлика...Ко мајка да му е девојката, цела глава над него Колку и да е повисоко машкото, сепак женското може да си купи високи штикли и ќе му се приближи во висината (плус убаво и нормално е за гледање), ама обратно мене лично ми е грдо за гледање ми боде очи... Зар малку има високи мушкарци во земјава оставете ги пониските за пониските
Пречи бе некако висината, да тоа што викате како мајка на синче а пак посебно ако има разлика и во килограми ) пу бреееее ....ако се погоди едно ќе пречи друго ) пуста судбина
Запознав еден дечко на работа пред неколку месеци. Јас сум му претпоставена, но често мора да работиме заедно, како тим - јас и тој. Додека сме заедно, повремено ќе уфрли по некој комплимент за мене, ќе ми пофали дел од накитот, облеката и ќе ја допре додека ја споменува. Дури и пред други колеги ми има давано комплименти. Инаку, дружељубив е многу со сите. Јас неколку пати му спомнав дека не е во ред да се зближуваме толку, бидејќи сум му претпоставена и процената на неговата работа зависи директно од мене. Се согласи, но помалку или повеќе продолжи слично. Јас се однесувам прилично неутрално. Комуницираме и преку интернет, кога ќе ни остане работа и за дома, и пред некој ден ми испрати песна и текстот на песната во која се зборува за дечко кој е вљубен во девојка, како таа е прекрасна, како неможе да спие од што е опиен од љубов... Неможам да сфатам, дали му се допаѓам навистина или сака да ме искористи бидејќи сум на позиција каде можам да му помогнам да напредува? Мислења? Како да дознаам?