Ај јас да прашам некој и одговорот може да биде од двата пола бидејќи немам многу искуство за вакви работи па секоја помош е дободојдена. Значи како да му дадеш до знаење на некој дека сакаш да имаш нешто со него? Во смисла и само физички и нешто повеќе, значи во двата случаеви. Не знам дали добро објаснив, ај пробајте да ми одговорите па ќе се допрашаме.
Биди срамежлива (не арогантна), слушај го внимателно кога зборува, надоврзувај на неговите муабети често, смешкај се на неговите шали, гледај го цело време во очи, насмевка и крај намигни му
Во кревет ќе бидете исти, нема да се приметува разлика во висина.Мала шега. По мене најбитен е односот спрема тебе тоа со висината не е некој проблем,ќе си бидеш на ниско ем нозе одморени ем ќе му бидеш таман во висина. Со мојот бивши сме биле иста висина ама со штикли бев повисока до негобаш една глава,е јбг не знаев како да се лишам од задоволство наречено штикли. Ќе му упатиш заводлив поглед,ќе му се смешкаш,ќе флертуваш и другото ми е срам да пишам да не бидам погрешно сфатена.
Мислев малку поактивно да му се доворуваш преку случајни допири.На пример кога ќе го сретнеш ќе го прегрнеш нежно ко се радуваш што го гледаш, па нешто ако го објаснуваш ќе си ги пуштиш твоите раце на неговите мускули итн. Напомена не е дозволено пипкање под маса ко швалерџии и меѓунозе.
Со мојот бивши сме биле иста висина ама со штикли бев повисока до негобаш една глава,е јбг не знаев како да се лишам од задоволство наречено штикли. Не носев штикли
Хм вака мене не ми треба совет туку ми треба мислење. може ова што следи е мслце покомплицирана приказна ама се надевам ќе ми дадете ваше мислење. пред некоја година ми се додворуваше еден дечко не ми се допаѓаше ама беше упорен долго време и ајде прифатив заради трудот ама само да се гледаме тој сакаше врска јас не, се гледавме неколку месеци и потоа јас сакав врска зошто почна да ми се допаѓа тогаш тој не сакаше рече ќе ми праи истото што му го правев ја, ок не сакаше врска се гледавме уште некое време додека не ми пукна филмот и последниот пат кога се видовме му кажав дека бидејќи не сака врска не сакам да се гледаме повеќе и дека кога ќе фатам дечко ќе сфати што изгубил. за кратко време стапив у контакт со еден дечко а овој у меѓувреме пск ми зборуваше за гледање го одбивав, и со дечково што бев у контакт почнавме врска и овој другиов кога не виде одма на фб ми пиша да ми честита како така сум можела и слично. дечково беше добар со мене го засакав и успеав да го заборавам другиот. он виде не виде и он фати девојка за инает. јас раскинав што раскинав со тоа детето а он уште е во врска со таа а мене и ден денеска знае некогаш да ми пише да ме боцне на фб и слично иако не сме пријстели на фб иако го одбивам иако знае дека више не го сакам тој упорно од време на време пробува на некој начин да допре до мене. ме интересира што му е филмов?? и да не заборавам сме немале односи, и плус сега навистина ништо не чувствувам за него,го заборавив кога бев со другиот.
Не ти препорачувам да даваш разголени слики од себе на никому. Не знаеш што ќе се случи со таа слика. Дали ќе ја гледа само тој или ќе ја покажува на други, или ако/кога ќе раскинете ќе ја стави на интернет... Си ја нарушуваш приватноста.
Само физички и ништо повеќе е различно и многу полесно од она „нешто повеќе“. Само физички ако е, ќе му напишеш три збора на ФБ четот: Виски! Мраз! Јас! не треба ништо друго. Само биди сигурна дека имаш кај да бидете на само. Ако немаш, покрај овие три збора, допиши ти обезбеди локација. За нешто повеќе, ќе се бориш после тоа физичкото мене ако ме прашаш. Маж се освојува прелесно, да го задржиш е проблем. А ќе го задржиш со тоа што ќе бидеш без предрасуди, ќе бидеш весела, отворена, насмеана, спремна за све. Кога ќе го уловиш на јадица, после полека како што само вие девојките знаете, ќе мењаш од „пуштена од ланец“ во „домаќинка“. Е дууури тука следува фазата патот до срцето на мажот е преку стомакот. Прво да стигнеш до стомакот треба, а под стомакот знаеш што има.
Фала барем ти што сподели мислење.. инаку навистина знае страшно да ме изнервира кога ќе ме побара му кажувам дека има девојка што ме бара мене кога уствари и воопшто не ми е битен веќе, ќе рече ок извини и после некое време пак истото... би било хумано и некое машко да сподели мислење
Хаха се смеам образите ме болат!....ми даде идеа ме замисли: Сеа ја кога ќе си фатам нова женска ке се јавувам на други девојки ке им кажувам дека имам девојка но онака ми се прави многу муабет со други девојки...Seriosly?! Вистинска патетика. Кога ке ти јави речи му: Дечко џвониш на погрешен број и спушти му! P.S. Се гледа типот немал девојка претходно.
Ако си го заборавила, немаше ни една реченица да пишеш за него. Штом напиша толку долг пост на форумов за да побараш мислење, ти уште го свиѓаш
Хахаха не најсериозно ништо не ми значи грешка си само ете и пред 2 дена ми пиша повторно, и реков да пишам на форумов само ме интересираше машко мислење зошто ова го прават машките не ми е јасно а стварно ме интересира имаат женска а уште кај бифшите пишуваат досаѓаат не само тој голем број други случаеви знам вака што прават како него.
Кога на девојка и пишува или ја лајка машко кое таа не го свиѓа, таа нема да се замара со него, нема да троши време анализирајќи зошто како што, нема да го збори на другарки, освен ако не претера да ја замара, тогаш од нервоза ќе сподели со другар/ка. Ама кога на девојка ќе и пише или ќе ја лајка некој што таа го свиѓа, тогаш таа ќе каже на сите најдобри пријателки, ќе го цитира што точно и пишал, дали ставил смајли или не, колку брзо и враќал на пораките итн. Ако е форумџика ќе пише и на форум, а нема да издржи и на твитер да издува емоции, секако ако е релативно анонимна таму (за да не ја дознае тој). Така што верувај ми дека го свиѓаш Еј, да беше ситуацијата обратна, тој да раскинеше со таа, а ти сеуште да беше во врска, тогаш немаше да ти се свиѓа... ќе ти беше патетичен, али сега дека тој се лапка таму со некоја и ја шета под сијаличкиве низ градов, а ти синлг, и те нервира за оној пат кога нејќел посветена врска со тебе. Така да уживај, опушти се, тоа се само обични чувства, глупи хемиски реакции у мозокот
Не сакам да се навредиш ама не се согласувам со твоето мислење. ја него го имам заборавено прво фактот што ние заврсшивме па може пред околу две години беше помина доста време, второ ја да чуствував нешто за него па дај сигурно некад ќе го мислев ќе ме копкаше што прави како прави ќе ми текнеше на него па сигурно и ќе посакав некогаш да му пишам а сето ова тој го прави не јас. јас продолжив напред после него можеби да раскинав со другото дете но до сега скоро ми требаше време да го заборавам... забегавме од темата