Јас откога ја прочитав Евгениј Онегин во средно сфатив уствари колку е овој Пушкин паметен човек. Ако некое машко го увериш дека ќе си покрај него без разлика на се, ако не постои причина за страв дека ќе те изгуби (па макар бил и минимален потсвесен страв) ќе те казни со вакво понашање. И после со цел памет зборат дека жените се кучки, имаат високи стандарди бла бла. Затоа во врска најубаво е мааалку да постои дистанца, стравот (кога е умерен) лозјето го чува
Апсолутно се согласувам. Тоа важи и за двата пола. Шо знам, можеби е дел од човечката природа, ама дефинитивно е поврзано со губење на возбудата, бидејќи личност е веќе освоена и не се наоѓаат нови предизвици таму. Затоа една од многуте солидни совети што ги даде еден од авторите на www.askmen.com, СЕКОГАШ Е ПОДОБРО ПАРТНЕРОТ ДА ИМА ЧУВСТВО ДЕКА ТЕ САКА БАРЕМ МАЛКУ ПОВЕЌЕ ОТКОЛКУ ШТО ТИ ГО/ЈА САКАШ НЕГО/НЕА. Така ќе се одржи некаков предизвик. Ова и не мора да значи дека ти навистина помалку сакаш, но барем помалку покажувај и не се сервирај лесно.
Ама треба да се изгориш еднаш, за да те удри по глава. Од лично искуство зборувам, од преголема преврзаност на едниот е судено да му се здосади. Затоа, малку простор, да се има воздух за дишење, а не лепенка цело време.
Фала момци на одговорите, после ова сигурно ќе верувам дека и машките знаат да ја изгубат главата по некоја или кога ќе се отсутни некаде со мислите тие всушност прават планови или пливаат некаде со девојката во глава Шала на страна, Елементал има смисла одговорот, т.е сите си имаат смисла, секој на различен начин размислува за некој/а во зависност од тоа колку му се свиѓа (ја сака) или ја гледа на друг начин
Незнам дали овие прашања ги има но доколку ги има се извинувам многу коментари има не стигнав сите да ги прочитам. *Дали машките ја кријат својата љубов? *Доколку бившата девојка му досадува,дали би се направил во врска со неговата најдобра другарка,на фб секако ?
Се зависи од карактерот....секој си е посебна прича сам за себе...затоа ќе ти кажам за мене.....НЕ КРИЈАМ !!!!! ако нешто чувствувам - ќе си кажам..... а за тоа да се ставам у врска со најдобра другарка? тоа се ПРЕТЕРАНО НЕСОЗЕРАНИ И ДЕТСКИ РАБОТИ !!!!!!
Не кријам ни јас. Нема потреба. Ако некоја сакам, тогаш ќе сакам сите да го знаат тоа. Да, ако имаш 14-15 години
Кога сум во врска, не ги кријам чувствата. А ако имам чувства а дотичната е зафатена или очигледно не е и период од било која причина, стапкам кочница со двете нозе оти на сила ниш не бива. Тоа што го опиша може да го прави доста незрела личност.
Ајде и за мене совет. Година дена сме заедно. До пред 2 месеца се беше совршено, но сега настана монотонија. И по толку трудење, вчера разговаравме и ми кажа дека му е досадно и дека периодов не му е убаво. Ми кажа како јас сум му идеалната,дека несака да ме загуби ама дека периодов бил тапа. Го прашав дали има потреба од друга ми рече не. Му реков да размисли па да ми каже што ќе правиме бидејќи јас неможам така да продолжам. Денеска ми се јави неколку пати и зборувавме и му реков дека до утре чекам одговор.(а патем утре договорени сме за излагање). Мислење?????
Ништо, чекај си до утре, и не знам дали тоа „до утре чекам одговор“ ти е најпаметно, зашто можеби така ќе го избрзаш да го донесе погрешниот избор. Како и да е, доколку е се’ во ред, и си продолжите така хепи, ин лав и насмеанки, воведете нешто ново во врската де, ко да нема што да се прави, а особено сега, како што е лето... Летно кино, планини, јавање на коњи, возење точак/ролери, дури и часови по танго/латино, викенд во некое од туристичкиве ни места, дискотека (само вие двајца, доколку не сте направиле така, и изнаиграјте се), и секако, не заборавајте на филмчиња (ама стварно да гледате филмчиња, а не да се само изговор за нешто друго ), игри со карти, на табла, секакви... Варијанти има 1000, прашањето е во вашата креативност. И секако, суштината е и во тоа да се пробаат работи што инаку не сте ги пробале досега, значи не сметам дека и двајцата знаете да играте танго, возите точак, јавате коњи... Затоа е врска, за во неа да се споделуваат секакви моменти, и да се ужива во нив.
Добри совети ти даде Најтвокер ама јас како вечит скептик би ти препорачал да влезеш во ситуацијата со поголема резерва. Не се надевај на премногу, оти вака како што иде лето, топло време, да не му се завртел некој филм да си биде сингл, со повеќе отворени опции, па не знае како да ти каже...едноставно биди спремна на се
Какви „нежности“ се дозволени во јавност? Мене нон-стоп ми какаат дека сум била ладна и премија било дури и за рака да ги допрам. Ама таква сум, на само сакам да се галам, не и во јавност. Каде е границата, да покажам дека ми значи а да не изгледам како психо лигла?
Држење за рака, прегратки и по некој бакнеж, во образ, или површински на уста, да не е долг, со други зборови - цмок, кис4е ... Нема во овие работи никакво лигавење, а и тоа како ќе покажеш дека господин Либе ти значи.
Па добро, не да се лигавиш со некои нежни и нагалени зборчиња или маратонско лижење ама па да не изгледате како другари во јавност. И јас не сакам многу истакнувања и изливи на нежност и љубов, ама дискретно кисче every now and then никој не убил )
Имам дечко и заедно сме година и половина. Уште од самиот почеток се беше совршено, ме почитува, ми верува, никогаш не сум го фатила во лага, и ред други работи, се на се, заедно ни е прекрасно. Но, проблемот е во тоа што во последно време не сме толку често заедно, не се слушаме толку често, нема толку романтика како што имаше до пред некое време.. Мислам дека ова започна кога тој почна да се дружи со еден негов другар од маалото кој нема со кого да излегува, па така постојано се заедно со мојот дечко. Се обидов да му кажам дека не е во ред, но тој се налути велејќи ми дека ми сметал неговиот другар што воопшто не е така. Не знам што да правам, не знам како да се поставам. Само знам дека го сакам назад сето она што го имавме до пред некое време, во количините што го имавме. Ве молам за совет. Благодарам.
Мислам дека паниката е за некоја нијанса поголема отколку што налага ситуацијата. Најнормално е да сакаш да поминуваш повеќе време со дечкото, да ти фали интензитетот што сте го имале порано, со романтика, гледање, слушање, но можеби тој освен да се посветува во врската, сака да се дружи и со машко друштво, што е разбирливо. Ова негово дружење не значи дека ти го губиш, можеби тој сака да си ги избалансира активностите во животот. Мое мислење е дека не е ништо страшно и невообичаено ова однесување од негова страна. Да споделам мое искуство и да прикачам совет кон тебе: една моја бивша ми замеруваше на моето дружење со скоро секој другар и се лутеше дури кога ќе види дека со некој пријател се возиме во мојата кола. Веднаш потоа добивав реплики во стил "Шо има ти да го возиш него, нека си оди автостоп, шо има толку да се дружите вие двајца", абе психопатка...Советот до тебе е да не му го чепкаш другарот, да не му го спомнуваш бидејќи очигледно го цени и му е драг. Исто како и на вас девојките што ви треба, така и на нас машките ни треба слобода, а поставување на врската како центар не нечие постоење обично завршува лошо.
Не мора да значи дека ако се дружи со неговите другари ќе те остави. Му треба и него машко друштво, нема ништо чудно во тоа. Мислам дека за џабе се грижиш. Друга работа е ако тој те запоставува заради него. Тогаш мислам дека е време за сериозен разговор, бидејќи нема да заврши со добро таа работа. На крај краева, и ти дружи се со твоите другарки. Имајте си малце слобода, не мора секој момент од секој ден да го поминувате заедно. Ќе си се здосадите Се надевам дека ќе ти биде од помош советот.
Па тоа и сакав да го кажам. Дека токако тој се појави, ние не излегуваме бидејќи тој ќе остане сам, бидејќи ќе нема со кого да излезе, бидејќи веќе му рекол да излезат заедно. Времето што беше мое сега е негово, а за мене само ронки останаа. Понекогаш дури и чувствувам како да не ме сака толку многу како и порано. Поради тоа и побарав совет.