Па незнам колкав е точниот процент ама ни во лудило не би помислил дека е 90%. Во поглед на ова прашање веќе имам дадено мислење во една друга тема, па затоа овде само ќе го копирам мислењето. Факт е дека неверства постојат, и во брак, и во врска, ама колкав процент се тие во цела Македонија и пошироко, тоа ама баш никој не може да го знае, секој може само да си нагаѓа. Еве еден податок кој вика дека само во 2015 година во Македонија се склучени 14 186 бракови, па сега нека се запраша секој/а поединечно колку луѓе познава кои се во врска/брак и за колку од тие што ги познава знае дека го имаат изневерено својот партнер, па потоа нека се запраша која е логиката на основа на тие неверства за кои тој/таа знае дека се случиле, да говори дека толкав е процентот и во цела Македонија.
За жал јас со здрав разум мислам дека е тука некаде точен процентот. Секој од нас изварал, или ќе извара или бил изваран.... а и знам многу кој се во брак и варат.
Абре @Sashko1992 вадиш дури и статистички бројки за склучени бракови, од кај ти се? Од Државен Завод за Статистика официјални? Експерт си за се и сешто: За невини девојки, врски, секс, религија, брак, политика, економија... Те читам и си мислам шо не отвориш една емисија на ТВ СОНЦЕ да те гледам наполноќ пред да заспијам, обично заспивав порано со ТВ Сонце го имаше Илчо Захариев (сега градоначалник на Штип) по планини шеташе човекот собираше билки за чај и збореше со саати... P.S. Имаш дарба за зборење ИСКОРИСТИ ЈА!
Официјални се, имам јас податоци за се што ме интересира, а и не е тешко да се најдат некои податоци, и не сум експерт за се и сешто, ама имам добри познавања за доста работи, а најдобри за спорт . Инаку на ТВ Сонце се најголемите глупани од новинари, посебно оној ,,античкиот Македонец'', Дардан мислам дека се викаше, човекот е тотално мрднат од умот. А за Илчо знам , ама тоа одамна беше, сега е во фотеља човекот, ги батали билките и чајот .
@Captain-Omni де кажи некој од твоите издржливи другари што си го имате "на ти го - дај ми го", за другарка прашувам
Морав да се навратам 3 страни наназад за да видам за што уствари се праи муабет, пошто у темава се измеша Завод за статистика, ТВ Сонце и еволуција, за да на крај конечно сфатам дека муабетот бил „Дали маж би ја посакувал женската на својот брат?“ Секогаш ми е интересно кога некое сомнително специфично прашање ќе се постави во општ облик, како да е нешто со што сите ние секојдневно се соочуваме. Алба, што не си напишеш „Дечко ми ја мерка женската на брат му“ или „Братот на дечко ми ме манијачи со поглед“, па фино лепо сите да знаеме на што сме. Ако се работи за вториов случај, барем ќе знаеме дека ти си таа со раскошни облини. Али океј, пошто прашањево е поставено како хипотетичко, еве ти хипотетички одговор од мене. Хипотетички, пошто немам брат, де. Не би рекол дека ова е некоја којзнае колку честа и широко распространета фантазија кај мажите, дури не би рекол ни дека влага у топ 20 сексуални фантазии. Не би се сложил ни со тоа дека „забранетото е најслатко“ – и инцестот е забранет, и педофилијата е забранета, па уопште не се толку слатки – освен за многу мала група на луѓе. На страна од ова, знам за случај кога девојка одеше со едниот брат, а потоа со другиот, за кој и се омажи. Е сега, кој кого меркал у случајов – дали братот девојката на братот или девојката братот на дечкото – и кој на кого му бил ултимативна и забранета фантазија, не можеме да кажеме. Али, пошто збориме хипотетички, може и да е обратна ситуацијата. У секој случај, оваа појава не е толку честа за да може да се направи некаква генерализација или да се даде општ одговор на прашањево. У однос на верноста, човекот у суштина не е моногамно суштество – ако ги погледнеме животните најблиски до нас, приматите, тие функционираат на принципот на алфа-мажјак, кој има свој сопствен харем од женки – и, од биолошки аспект, нема причина зошто ние би биле поинакви. Од социјален аспект, моногамијата кај луѓето е општествено прифатена норма, но многу е тешко да се каже колкав процент од луѓето навистина успева во тоа да ја одржи. Статистиката вика дека 30-60% од луѓето барем еднаш во животот биле неверни, а бројката на склучени бракови и разводи има многу мала поврзаност со неверството, бидејќи наспроти тоа што повеќето тврдат дека неверство не би простиле, многумина простуваат или едноставно, никогаш не дознаваат за него. Да сумирам, моногамијата не е невозможен, ама е тешко остварлив концепт за луѓето. У однос на сексот, факт е дека мажите и жените имаат различна перцепција за него. Што не значи дека мажите повеќе сексот го сакаат од жените или дека мажите се неспособни за љубов или нешто повеќе од секс, за разлика од жените.
Ми се свиѓа другар на бившиот знам дека е погрешно ама утре да ми дојде би се смувала со него типот се ми лајкнува има некоја хемија меѓу нас и сеа нз што да правам се гледаме на искачања малце да се напијам знам дека ке се смувам со него а мислам фека и он сака со мене ....ме кочи тоа што знам дека бившиот ќе ме мрази ако го направам тоа а не сакам да го повредам ниту сакам да ги скарам ...аххх зашоо секад јас си патам ....
Ситуација "олелемајко" ако речам да си гледаш тебе како ти е најубаво ќе звучи и делува многу себично, ноо што од тоа ако гледаш да угодиш на бившиот, баш ништо тој и онака е бивши завршил неговиот мандат, но за сето тоа да биде помеко ако толку многу има некоја искра меѓу вас двајца можеби треба да пробате нешто немора да е така јавно паа ако ви оди све убаво може на најфин начин да му кажете на бившиот иако не верувам дека ќе разбере и ќе останат другари и понатаму...
Фала на одговор ама си се знам себеси нз ни зашто прашував кога нема ништо да направам стварно ќе биде глупо
Искрено немам никогаш предрасуди во животов за ништо.....не сум од тие шо солат памет на никој....може затоа што и јас многу пати сум направила нешто што е забрането. Така да ако мислиш дека никој нема да е повреден пробај....
Не треба да ти биде гајле поготово бившиот да не си го повредела или да не те замрзел?!? Не разбирам сеуште имаш чуства кон него затоа не сакаш да го повредиш? Живеј си и гледај за себе и не биди до толку сензитивна. Бившиот твој како машко пеца на страна (sorry на изразот) А тоа дали ќе се скараат мислам...види после 24-25 година нема вистинско другарство, тоест има другарство АМА од интерес. секој/а си ја гледа само девојката/дечкото.
Јас сум таа бујната. Се зезам бе. Бев "испровоцирана" од тоа што некој наведе секс со две близначки како ултимејт фантазија кое ми делуваше делумно инцестуално, а некаде имав прочитано и дека една од фантазиите кои се вбројувале како најчести меѓу машката популација бил и сексот со згодната сестра на девојката па оттаму и моите прашања како би било да е обратна ситуацијата, нели примерот со девојката на братот. Па успат се' собравме и еволуција и тв сонце и тако даље.
Ми треба посебно совет од машка страна. Се видов со дечкото 4пати...пред Нг, дента на Нг и вечерта (оваа вечер за прв пат ме баци) и еден ден после Нг. Пред тоа пишувавме пола месец. Претпоследниот пат ми рече дека сум му мн.мила, многу ме гушкаше, и ми рече дека заслужувам многу, многу повеќе внимание. Иако кратко време беше, тој со некои изрази искажуваше дека сака да имаме нешто повеќе. Како на пр.дека обожавам да ги јадам тие слатки, рече заедно ќе одиме, или дека го обожавам филмот, дека ќе ме носи да го гледаме заедно. Откако се видовме последниот пат дечково не ми пиша, и му пишав јас после еден ден како е, а тој враќаше мн.ладно.. Не го замарав, не го прашував, сепак си дојде на одмор и не сакав да го напнувам. Тоа траеше цела недела,и јас и тој во нашето гратче а од него никаков глас, денот кога јас си отидов за Ск(тој знаеше дека полагам ама истиот ден се враќам дома) и тој си отиде на работа во Ск и ми пиша што направив, како ништо да не било. Имав и др.проблеми не сакав да се расправам зашто ипак не ми е дечко, му вратив скрос нормално, ми рече ако остануваш во Ск, ако се предомислиш пиши ми. А тој знаеше како едвај чекам да се вратам дома и да се одморам, дека нема шанси да останам во СК, зашто и немав услови. Јас се вратив дома, тој на работа....ни трага ни глас од нас... пред 8 дена му беше роденден. Јас ништо не направив зашто немавме 20 дена никаква комуникација..иако моите ме советуваа да му пишам..јас се осетив мн.никакво, зашто чуствувам дека сакал да ме оддалечи као демек далечината е проблем, а онаа цела недела кога можевме да бевме заедно не бевме. Јас веќе претпоставувам дека не е заинтерисирна, но ме интересира машко мислење..Дали требаше да бидам можеби по упорна или сепак тој едноставно не е заинтересиран доволно за да продолжи со комуникацијата? Можете да бидете скрос искрени, веќе и онака сум навикната..
Боже алоо??? Дали би била во врска со некој што пие аналгин? Па уште и коментаров погоре....дека луѓето што пијат АД се ментални. Секако дека ако особата ми се допаѓа ќе бидам....дури би му била и подршка во надминување на проблемот.