1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети од МАШКА страна за сите девојки

Дискусија во 'Сингл' започната од TheBunny, 17 септември 2010.

  1. TheBunny

    TheBunny Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2010
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    191
    AppoloN така сум навикнал т.е. секогаш е подобро да се објасни темелно за сите да разберат а и целта е девојките да се запознаат со најразлични гледишта за одредена ситуација, а моето мислење секогаш е дадено во контекст на напишаното. Инаку мислам дека неопходно е и девојките да видат како ние размислуваме и баш ми е мило што се повеќе машки членови се приклучија кон оваа тема и го дадоа своето мислење за одредени прашања. Баш и тоа ми беше целта, не само јас, туку и сите останати машки членови на форумов да дадат свое мислење, а девојките сами да проценат кое е најдобро. Btw логика исто така супер ми идеше, но никогаш не сум имал шанса да се запознаам со психологија затоа што немав таков предмет :) И да... имам една мисла за тебе:Слабоста на секој маж е жената што ја сака.... така што колку и да си лош како што велиш ти, секогаш кога си во незавидна прилика ќе подпаднеш и ќе ја признаеш грешката затоа што навистина ја сакаш неа. ;)

    Е сега е ред и на девојките да им одговорам на нивните прашања што денес повторно ги имаше во голем број.

    crazylady тоа е нередок случај(за машките буквално да се дигнат во секоја смисла од кога ќе дознаат дека на некоја девојка им се допаѓа). Искрено мислам дека така постапуваат затоа што можеби не гледаат нешто во вас во кое би се пронашле или пак по едноставно речено, можно е на него да не му се допаѓате. Ист е случајот и кога некое машко ќе сака да биде поблизок со некоја девојка, и кога тие ќе го забележат тоа, почнуваат да глумат недопириливи и слично, така што мислам дека ова е обострано и кај машките и кај женските. :!: Секоја чест на исклучоци!

    thelittle17 нормално е тоа да не можеш да не сфатиш затоа што и ние не ве сфаќаме во многу ситуации. Само на кратко би ти одговорил затоа што во претходните размислувања веќе имав напишано за гордоста, и за тоа што едно кажуваме а друго мислиме... само малку повнимателно прочитај, мислам дека ќе ги пронајдеш одговорите. А за тоа што поединци влегуваат во врска колку да се рече дека се во врска е израз на нивната несериозност, незрелост и недораснатост. Едноставно мислат дека така треба да биде и не го сфаќаат тоа сериозно. Тоа е и премногу очигледно во денешно време кога во текот на една недела/месец се менуваат партнери со “брзина на светлината“ а се е тоа резултат(пред се) на крајната невоспитаност и несериозност на поновите генерации кои очигледно дека се без контрола од дома(што, како, и со кого прават).

    crazylady пак :) ако мене ме прашуваш што помислувам кога некоја девојка ќе ми пријде би ти одговорил...Секоја чест на храброста на девојката што пред се ако ништо друго сака да си го прошири својот круг на познатсва.... потоа што ја поттикнало баш(ако се работи за поголема маса на луѓе) од толку луѓе баш одлучила со мене да се запознаe... и да... конечно девојка без предрасуди која самоиницијативно се одлучила на храбар чекор(кој е за поздравување).

    Swatkooo верувај дека постојат и такви личности кои секогаш се фини и позитивни но не си имала прилика да ги запознаеш. А инаку ако девојките не се секогаш фини и со манири кои доликуваат за една девојка не би биле девојки... т.е. би биле, но не тоа што навистина личи на една вистинска и современа девојка. Е сега не велам секогаш а дека треба да бидете со насмевка од 6 до 6 ама барем во повеќето ситуации(барем кога се запознавате со некои личности) останете позитивни :)

    skyAngel те очекувам со прашање, но само немој и ти до толку веднаш со многу прашања да ме преплавиш :P ... и јас сум човек, имај милост

    didija како што имаше размислување од страна на divi би се надоврзал на тоа дека очигледно дека нешто таквите личности имаат некои проблеми во нивната неизживеаност и пред се неморалност. Таквите се очигледно луѓе без чувства или пак од секогаш само носеле “маска“ зад која цело време се прикривале кои се навистина. Од кога ќе го направат тоа се се открива и се дознава всушност кои се тие од секогаш.

    divi браво за размислувањето, те поддржувам. Благодарам што се надоврза на темава.

    Phyramide благодарам и за поддршката од твоја страна ;)

    Belen не се двоиме од своите другари затоа што со нив можеме слободно да разговараме за работи кои никогаш не би ги кажале во женско присуство. Приврзаноста би можела да произлегува и од самиот факт ако другарството е од поодамна(од мали нозе што се вели). Во предвид треба да се земе и обостраното знаење на најголемите тајни кај другарите. А нели е тоа малку чудно кога се во друштво на девојка да сакаат да бидат со своите другари. :worried: До сега со вакво нешто не сум се сретнал

    Тоа е тоа се од мене за денес...се надевам дека не ми замерувате што во поскратена верзија одговорив вечерва, но едноставно не е можно на толку прашања да се даде голем и експликативен одговор. Поздрав и добра ноќ на сите |-)
     
    На Вештица© му/ѝ се допаѓа ова.
  2. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.665
    Пол:
    Женски
    нормално е тоа да не можеш да не сфатиш затоа што и ние не ве сфаќаме во многу ситуации. Само на кратко би ти одговорил затоа што во претходните размислувања веќе имав напишано за гордоста, и за тоа што едно кажуваме а друго мислиме... само малку повнимателно прочитај, мислам дека ќе ги пронајдеш одговорите. А за тоа што поединци влегуваат во врска колку да се рече дека се во врска е израз на нивната несериозност, незрелост и недораснатост. Едноставно мислат дека така треба да биде и не го сфаќаат тоа сериозно. Тоа е и премногу очигледно во денешно време кога во текот на една недела/месец се менуваат партнери со “брзина на светлината“ а се е тоа резултат(пред се) на крајната невоспитаност и несериозност на поновите генерации кои очигледно дека се без контрола од дома(што, како, и со кого прават).

    ФАЛА НА ПРЕКРАСНИОТ ОДГОВОР ;)) !!
    НО ПАК ИМА НЕШТО НЕОБЈАЛИВ0 И СЕКОГАШ ЌЕ ИМА ... СЕКОГАШ ПОСТОЕЛА ТАА РАЗЛИКА... И ЌЕ ПОСТОИ .... :/
     
  3. DrBabl

    DrBabl Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2010
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    9
    Да надополнам: темава е супер, конечно и една ваква тема, прекрасно од машка страна.. :) :)
    И сега моеите конкретни прашања до господин зајко или некое др машко: Зошто толку лесно го одбивате огромниот вложен труд на девојката да ве освои?! Зошто сакате девојките да го направат првиот чекор Зошто сите кажувате дека сте поинакви кога на крај пак истото го правите.. кршите срца?! поздрав од мене :*
     
  4. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.074
    Допаѓања:
    6.692
    Пол:
    Женски
    Во долга врска,кога девојката е повеќе емотивна и плаче на караниците,зошто машките не го сакаат тоа плачење?И дали машките некогаш се будат со помисла денес ќе се скарам со неа,ќе ја изнервирам...


    (Често ми се случуваат овие работи,па да прашам само дали идиотот од мојот дечко ги прави овие глупости?)
     
  5. Andrijani4ka

    Andrijani4ka Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    0
    Јас сакам да ве прашам вас машките зашто секогаш паметот вие само во сексот???
     
  6. divi

    divi Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    15
    Како што можев да видам имаш 15 години, и мојот најдобар одговор би бил затоа што бркаш 15-17 годишни момци што е нормално. Еве ќе ти кажам за мене кога бев на твои години и кога стануваше збор за девојки јас се занесував многу, значи себеси се преценував, и имав многу висок критериум за девојки базиран на изглед (знам, многу плиток сум бил), па така ми се допаѓаа мал број на девојки кои неможев да ги имам, а малкуте понуди што ги имав од другите девојки ги одбивав. Е сега на 26 години имам посозреани ставови и имам исто така висок критериум ама изгледот е на последно место од тоа што го барам, а и мене ми е супер тоа затоа што приметувам дека голем број на девојки ми се допаѓаат.
    А во форумов, во некои други теми видов дека девојки спомнуваат дека ако женско се пушта изгледала како лесна девојка и затоа машките ја одбивале, што не е точно. Еве јас лично би бил поласкан ако ми се пушти девојка, што и реално ми се има случено (штета ретки се овие случаи), и бев едноставо восхитен од нејзината храброст, и нормално јас ја охрабрував во тоа, не стоев како здрвена Марија пред неа, па си разменивме контакти итн.


    Затоа што не сум Чак Норис :D
     
    На Justinna, Street.chic, TheBunny и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. skyAngel

    skyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    1.530
    Допаѓања:
    2.765
    Зекицееее :D ете ме мене да те нападнам :D
    Имам проблем со дечко ми и тоа голем , тој е таков што никому не верува ама баш никому :( се има изгорено многу во животот па сега како што викаат „Кога ќе се изгориш на млекото потоа ќе дуваш и на јогуртот“ .
    Значи како да му докажам дека него го сакам , дека за него ризикувам .Не сме од ист град и поретко се гледаме ама на телефон на секој саат се слушаме. Дај бе човече помагај !!! :?:
     
  8. TheBunny

    TheBunny Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2010
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    191
    thelittle17 нема за што... мило ми е што си задоволна од одговорт. Ако треба нешто друго да ти дообјаснам слободно пиши :)

    baguf4e мислам дека за твојата ситуација се работи за личност која е на некој начин горда за да подпадне под емоциите на една девојка. Најверојатно не ги гледа тие емотивни изрази како начин со кои би се решиле проблемите. Најверојатно функционира по принципот решени проблеми(во врската)-па потоа се останато... Мислам дека никој од сабајле не се буди со “црни“ мисли како да му го расипе денот на другиот, едноставно некогаш сами од себе се раѓаат проблемите а некои пак од недостаток на некоја посебна причина ги бараат и таму каде што ги нема.

    Andrijani4ka за ова прашање што го постави ти не би знаел да ти одговорам, навистина. Едноставно тоа е така од секогаш. :wasntme:

    skyAngel Кога кај една врска постои меѓусебно разбирање, толерирање и се разбира љубов едноставно сомнежот кај партнерите не би требало да постои. Тоа што тој не верува на никому може да се каже дека е негов голем проблем. На таквите луѓе колку и да им објаснуваш тие секогаш со доза на скептицизам ќе те гледаат. Мое размислување за да се надмине тоа би било да поразговарате малку посериозно и да му укажеш(ама смирено и без повишување на тонот) дека ти не треба да бидеш главната жртва(во случајов) за тоа што другите биле неодговорни и ја злоупотребиле неговата верност. Тоа што било-поминало и сега едноставно треба да се продолжи со животот(со повеќе доверба во останатите кои нешто му значат во животот) затоа што секој не е како таа/тие личност(и) што го злоупотребиле и затоа што ти најмалку си виновна(за да ја плаќаш туѓата цена) во сево ова. Доволен е фактот што се слушате на секој час и мислам дека воопшто нема простор ни за грам сомневање од негова страна(дури мислам дека е и премногу на секој час да се води разговор)
     
  9. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    8.646
    Да дадам повеќе информации требаше. :) Во исто школо учиме иста смена сме, различни класови. Значи ситуациите кога се гледаме ми се ограничени.
     
  10. pinklady

    pinklady Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2010
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    25
    hello Bunny :) Zasto za vreme na sex-ot decko mi se lapa so otvoreni oci, nekolku pati go imam zabelezano i go opomenuvam i ke prekine, ama posle pak .... poslenive nekolku pati toa se slucuva .. se cudam :^) :?:
     
  11. viku

    viku Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    157
    Многу добра идеја ви е темава. Браво за Зајко!

    Е, сега, ме интересира- Имам многу другарки кои се слободни, сакаат да направат врска, ама не им оди. Излегуваат често, многу се културни, фини, интелигентни, педантни, убавки... се е ок. Сме збореле за тоа со некои од нив и викаат:- Па чудо е ова што се случува, ние сме тука, машките таму, пијат, се глупираат, и не се заинтересирани за дружење. А и да се здружиме, по некоја случајност, ми прават муабет како да сме тинејџери, колку испиле со другар му, како кренал 150 со аудито на автопат, како е уморен оти цел ден останал да прави незнам какви операции на компјутер и на интернет(и сега ние треба да падниме на газ???)....или дофрлуваат некои секс-коментари тотално невкусни за моментот... - да не ти се верува, просто кажано нема маж во градов!

    WTF!?! Тоа им е интересно на 15 годишни девојчиња, ама не и на 27, 28, 29 годишни.

    И ај, вие машки гости на форумов изјаснете се!!!
     
    На TheBunny и LovelyGirl им се допаѓа ова.
  12. TheBunny

    TheBunny Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2010
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    191
    Waka-waka ако тој има некои другарки со кои стои добро.... како прво обиди се да се зближиш со нив...(пак полесно е да воспоставиш контаакт со девојки а ако треба измисли и изговор за да се здружиш со нив - претпоставувам на иста возраст сте па како изговор нека ти послужи да побараш некои материјали околу предметите на школо).... од кога ќе бидеш во нивно друштво многу нормално да имаш поголеми шанси и надвор од школо да се сретнеш со него и многу логички да се запознаеш со него затоа што веќе ќе бидеш во нивното друштво.
    Втор совет... ако веќе вака не се усогласуваат "картите"... АКО тој во нешто, некој предмет е навистина добар(пример да речеме општо е познато во генрација дека е најдобар по некој предмет) ништо не е невообичаено или пак чудно ако побараш совет од него за некој "проблем што ќе го имаш".
    Трет совет... СЛУЧАЈНОСТ :!: .... обично на одморите настанува голема гужва па можеш да ја искористиш таа шанса "случајно" да се подзакачите на разминување, да го чукнеш со ташна и слично(демек баш во тој момент ја ставаш на рамо :D ). Ако се работи за џентлмен многу нормално дека ќе ти се извини прв, а после и сама си знаеш(биди опуштена и направи го решавачкиот чекор)... ;) Се надевам дека некоја од ситуацииве ќе ти послужи(а ако не, слободно повторно пиши ми).Со среќа!!

    pinklady да ти кажам исрено и јас се чудам како да ти одговорам на прашањево. Едноставно не знам. Да бев јас и да ме прашаше можеби и ќе знаев да ти одговорам, а вака ништо. :|

    viku не знам навистина, можам да се согласам со тебе затоа што во повеќето случаи е така. Е вака сега... според мене тоа е се склоп на околности: некоја чашка повеќе, балкански менталитет, не знаење да се отвори примерна тема за разговор како за почеток и што уште не... кога веќе може да се рече дека тоа е неизбежно за вас во повеќето ситуации-едноставно оставете ги да се изнакажат се што имаат колку да видите до каде ќе одат со тој разговор... ако навистина почнува да станува монотоно и досадно вие бидете тие што ќе пресечете и почнете некој разговор што навистина прилега на приликата. Би требало да биде тоа како гром од ведро небо за нив за да подразмислат малку дека не е се во тоа што тие направиле(возеле 150 или што уште не..). И ако и после ова нема некоја реакција :fubar: ... just leave 'em.... А ако кај некој се покажуваат какви-такви "светли моменти" дека знаат да бидат покултурни и да водат некој разговор на ниво, обидете се и дај те им шанса да го докажат тоа(предложете некое групно кафе со повеќе познаници колку да се види дали и понатаму се истите фалбаџии или пак се обидуваат да променат нешто во своето однесување). Ако имаш некое поконкретно прашање околу ова или пак што било друго, стојам на располагање ;)

    И да... се надевам дека нема да ми замерите што "малку" каснам со размислувањата... ама тоа е.. мора и да се одвои време и за кариера :angel:
     
  13. LovelyGirl

    LovelyGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    1.551
    Допаѓања:
    291
    Пол:
    Женски
    Итно ми треба одговор од било кој...Зајкоо..или пак било кое машко...или девојче...еве вака ме покани бившиот на роденден...а исто така ја вика и мојата “другарка“ која ми го презема и сега незнам дали сеуште се заедно...да одам ли...што мислите вие или?...ајјј незнам што да правам... :(
     
  14. AppoloN

    AppoloN Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2010
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    132

    Мој конечен одговор- HE!
     
    На kuchka и Lisaa им се допаѓа ова.
  15. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.297
    Пол:
    Женски
    Јас ќе ти кажам од искуство. Дотерај се најубаво што можеш, оригинален подарок, другарките со тебе и право на роденденот. Насмевка на лице и танцувај цела вечер ко да не ти е гајле. За на таа чотра што ти го презела да и биде кошмарна вечер.
    Ете така, кога таа немала респект кон тебе немој ни ти кон неа. ]:)
     
    На SunshineI, maa, LovelyGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. viku

    viku Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    157
    Се сложвам!
     
  17. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    840
    Допаѓања:
    1.223
    Пол:
    Женски
  18. LovelyGirl

    LovelyGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    1.551
    Допаѓања:
    291
    Пол:
    Женски
    Ај колку ме охрабри....незнам до вечер има време...ама кога ке ги видам како се лигават... :^) нз...али сепак фала на подршката.. :)
     
  19. free-bird

    free-bird Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    7
    Хмм, баш ми се свиѓа темава :). Туку сакав да ве прашам еве вас посилниот пол дали се уште важи тој стереотип или како и да го наречам дека додека сте помлади, во тинејџерските години повеќе ги сакате оние физички поатрактивните девојки, послободните оние кои знаат да се "забавуваат", а потоа кога сте за нешто посеризно им доаѓа време на оние другите потивките, поповлечените, не толку популарните...
    Сега во овој период си го имам тој проблем ако е и проблем (не го доживувам веќе ова толку трагично како порано :D) па затоа прашувам :)
     
    На TheCandy880 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. divi

    divi Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    15
    LovelyGirl - Би ти кажал да отидеш и да се забавуваш и да не се зарамаш воопшто за бившиот и твојата „другарка“. Ти посакувам убаво да си поминеш, доколку се одлучиш да одиш :)

    free-bird - Мислам дека ова е индивидуално од машко до машко, а за мене можам да ти кажам дека тоа што го напиша е точно. Сега кога сум постар и размислувам за сериозна врска баш ми се допаѓаат срамежливите девојки. А ти ако си поповлечена не би го нарекол тоа проблем, туку едноставно дел од твојот карактер. Па неможеме сите да бидеме џамбази :)
     
    На TheBunny и LovelyGirl им се допаѓа ова.