Седни го, кажи му дека заради тоа и тоа се осеќаш запоставена, дека немаш лично ништо против другарот негов (ако стварно немаш), и дека сакаш малку повеќе време да поминуваш со него. Немој да му забраниш да се дружи со него, оти тогаш ти ќе извисиш, верувај. Машките не сакаат ако некоја им забранува нешто, било што.
Мојот проблем е следен....Веке цела зима и цела пролет тој многу ретко излага со мене,излагаме еднаш до два пати неделно и повеке со колата негова (откако полози не ја остави),или кај него дома ама многу ретко.Но не излага со мене ни за шетање ни за на кафе ни за вкафиќ петок сабота.Од прво работата беше дека не одел на работа немал пари,сега оди на работа и зема плата но сега постојано е уморен од работата.Не беше излезен сабота можи еден месец ни со мене ни со другариве со изговор дека нема пари.И сега кога зеде плата му реков првиот викенд излагаш со мене после со кого сакаш.И денеска ми вика ако најдиш друштво да излезиме да не излагаме сами ја и ти(оти не му се излагало само вкафиќ досадно му било) ке идел.Но немаше со кого да излезиме заедно и тој ми вика епа ја ке си одам со другариве.Јас се налутив и му реков дека не е фер од кога го молам за излагање и пак не излага.И тој ми вика многу напорна сум била од кога не бил излезен,сега кога немало со кого за со мене да излезит да си излагал со другариве и не зна што таму.Се поткаравме малце оти многу ме изнервира. Моето прашање е ваше мислење за мојов проблем,дали јас веќе сум му здосадена или како??? Иначе да напоменам одиме скоро 2 години Заборавив да дополнам мене ми дозволува да излагам секој викенд со другарки кога сакам,не ми забранува ништо
не верувам дека си му здодевна, туку едноставно настанал период на монотонија во врската....Објасни му го тоа на еден начин, не со викање туку полека и дека треба да внесете нешто ново во врската.....јас би препорачал викенд некаде сами двајцата, сега ако он несака, стварно незнам што да ти кажам....не е ништо што ние може да те советуваме...се зависи од тебе....
Период од скоро 5 месеци?Не е многу??? Ми кажуваше тој за некој планој што ги имат за нас периодов да сме оделе ваму таму,на вечера на не зна што но ни П од планот немат
многу е, што е многу - многу е....пробај со убав разговор најпрво, па после зависи од тебе какви мерки ќе преземеш
Ај молба до главните девојки да се отвори тема "Проблем со врска...Незнаете како , што , каде?..... Мистеру секогаш го има правиот одговор за вашите проблеми " и по можност паричен надоместок или парфемче од фемина бидејки дечкото сепак најмногу помогна (си фатив девојка поради него ) вреди за сите тие совети и услуги дечкото нешто да добије подарок или така натака
Мене ми личи дека имаш сериозен проблем. Штом не сака да излегува со тебе на само и бара друштво личи дека не си му претерано интересна а може и си бара подобра прилика а тебе те чува за резерва. На девојка не треба да и речеш дека е напорна не иде тоа така, тука има некоја позадина која ти мораш сама да ја откриеш. Се надевам сексот ви е редовен и квалитетен затоа што ако и тоа замрело не знам што да ти кажам... Под итно да направиш еден сериозен муабет каде сите опции ќе бидат ставени на маса (дури и најлошата) и барај конкретен одговор без мафкање. Со среќа.
Преведено од една Српска изрека: на килав ку.ац влакната му се виновни, или со др. зборови, кој не сака, само изговори ќе вади. Ако сака да те види ќе има и за еден пијалак во кафуле, а како што опиша, не сака веќе сами да излегувате, ами со друштво. Не знае веќе што да ти каже, па му требаат и дури ликови за да го убие времето?? Со кола има повеќе слобода и не може точно да се утврди што му се врти во глава (иде и лето плус, очекувањата се менуваат), ама моја претпоставка е дека не си му ќејф како што (претпоставувам) си му била порано. 5 месеци? Seriously? Стави го на жешкото столче, гледај да извадиш конкретни одговори на прашањата што те мачат и нека менува однесување оти никој не е должен да го трпи, најмалку ти, кога веќе тоа што го нудиш во таа врска е (повторно претпоставувам) искрено. Забелешка: колку повеќе му го толерираш ова негово однесување, со неговите изговори, се помалку ќе те цени. На добар пат си да станеш тотално инфериорниот играч во вашата врска, ама според твојот опис, за 5 месеци веројатно си стасала таму... Општо земено така, не знам колку изгледаат применливи и разумни моите совети на овие теми, но јас како нетолерантен карактер, не промовирам многу толеранција во моите мислења. Кога во врска има проблем, се седнува и се разговара, нештата ИМА ДА СЕ РАСЧИСТАТ за да знам на што сум! Никој не е должен да трпи туѓо беснило. Со среќа и не ни исчезнувај после серијава совети, пиши што си направила и како се одвивало, барем во кратки црти. Советиве тука фрчат затоа што ние машките се грижиме за вас
Момци фала ви на советите.Прво да кажам вчера тој ме побара за излегување и бевме заедно цела ден.Ми рече сега повеќе ке излегуваме бидејќи земал плата.Ако продолжи и покрај тоа со истото дефинитивно ке ги применам вашите совети и ке го седнам на жешкото столче како што кажа EleMental.Фала ви на сите па ке пишам за скоро како се одвиваат работите и што се десило
Не сум знаела дека момци делат совети овде..... Ајде и јас да си ја кажам мојата приказна Пред три години се фативме, одевме едно 5 месеца и раскинавме .. и од тогаш постојано бевме раскини- поврни.... мене ми се смрачи искрено, сега моментално не сме заедно, но јас сеуште мислам на него. Едноставно неможам да продолжам напред со друг, се плашам да не мислам на него и да ми се уништи врската. Тоа се случи веќе еднаш, одев со еден дечко но набрзо раскинав заради него, и повторно со него и повторно неуспешно .. Пред неколку недели цело време комунициравме, по телефон, се гледавме, но ништо не се случи мегу нас, ниту се смувавме ниту се поврнавме, ништо, и потоа одеднаш го снема, ни звони ни пишува ништо, го нема едноставно, пропадна.... А цело време велеше колку ме сака, колку неможе да поднесе да ме гледа со некој друг, дека сум само негова ... незнам едноставно, многу време помина а јас сакам само да продолжам напред, да го заборавам веќе еднаш
Па пријателке, сама си го кажуваш решението... Тоа што сакаш да го направиш (да продолжиш напред), направи го... Да, потребна е сила, можеби и повеќе обиди, дај си шанса да продолжиш и без него, па и во туѓа прегратка... Ќе видиш, со текот на време, и да не успееш, секој нов обид ќе биде малку по малку полесен, и ќе те води кон конечната цел, наречена „ново либенце“. Ајде, само храбро, и среќно!
Пет години гњавење, влечкање и толку неуспешни обиди и сеуште не ти влегува во глава дека можеби...само можеби, не сте еден за друг? Стапни на кочниците за момент и прашај се што точно те влече кај него. И одговори како ОЧИТЕ, ПОГЛЕДОТ, СИЛНИ РАЦЕ, ХУМОРИСТИЧЕН/ХАРИЗМАТИЧЕН не се доволни во овој случај затоа што премногу време и нерви се изгубени до сега. Одлично ти е тоа што имаш желба да го заборавиш, за разлика од некои што во животот се колнат дека ТОЈ Е ВИСТИНСКИОТ, единствен, незаменлив и незаборавен...заеби тие детски работи. Човек што стварно не може без тебе, што не сака да те гледа со друг и ред др работи, нема да ти исчезне. Дури и ако има проблем, и сака малку време на само, да си ги избистри мислите, сепак може да ти го каже тоа, тоа се неколку реченици, не треба да напише магистратура на крај краева. Ако веруваш во судбина, тогаш гледај на ова како судбината веќе 5 години ти покажува дека не си одговарате. Не е ни прв ни последен. Вози и не се врти назад.
Знам знам колку сте во право, но еве стојам во место целоо време, ви благодарам многу за советите, ќе се обидам да продолжам напред....
Ајде еве и мојата приказна Го шмекам дечкото... мислам и он мене.. и си се шмекаме шала на страна , го сфигам него така повеке, он мене можеби,незнам, но некои искри сигурно има... имаме нормален муабет... Сакам да го канам на кафе, очигледно он и не прави многу е сега тоа канење да не биде офишл како состанок нели, туку онака..кафе де, обично па сега се мислам дали преку мсн или живо... ке го видам тек во четврток.. другарка ме советуваше дека е сеедно дали преку мсн или живо...али стварно незнам, ако е толку сеедно можам по мсн уште утре, ако не е, тогаш у чет.. што викате вие? пуцајте момци и девојки едит. знам дека не е нешто којзнае што прашањево, али сепак...
Бидејќи телесниот говор издава многу, а ти делуваш како несигурна околу викањето, подобро викни го по мсн, во спротивно може да издадеш некои знаци дека ти се допаѓа, се срамиш, несигурна си итн... Онака, утре почни некоја тема на дискусија, и среде разговор речи нешто во стилот „Ај ако не, ова да го продолжиме утре на кафица/сокица таму и таму.“ Ем ќе го постигнеш истиот ефект (покана), ем нема да делуваш пренападно. Среќно!
значи мојата приказна... пред некое време го напишав на форумов во темата КАКО ДА ДОЗНААМ ДАЛИ МЕ ИЗНЕВЕРУВА мојот проблем... овде ке го пофторам за продолзението од тој дел да биде појасен и да ја даде целосната слика на состојбава! ова е тоа со го писав во таа тема (што ако еден ден , случајно отидете кај него , и дознаете дека тој веке 2 недели си прави муабети и тоа долги муабети во сред нок до 3 саат и од сабајле и во текот на денот со друго девој4е со го запознал бас пред 3 недели ? и наеднаш ви се поклопуваат работите и свакате каде мистериозно исчезнувал неговиот кредит во последнов време и го прасувате шо е работата и добивате одговор као демек тоа се другарски муабети она ми е другарка неам нисо со неа....) а ова е продолзението на приказнава продолзивме да идеме , паднав на зборовите - јас те сакам тебе не неа , тоа беа навистина другарски муабети еве ке престанам , и го иззбриса бројот од телефон , почна малце болје да се понаша од порано барем додека сме заедно , у стилот никоас нема да ти раскниам немозам да ти раскинам , јас и ти сме премногу долго заедно , никоас со неа нема ннисо да напраам ниту со некоја друга и слични други лигавења и проблемот е после недела или 2 минутите бесплатни од вип , пак половина ги снема , а се колне не зборувал со неа , незнам дали може да се извади на при пејд на вип детална сметка за кај е вртено и се ...и незнам незнам дали да верувам или не незнам што да правам , нмз да раскинам незнам засто идеме веке 2 ипол години и тоа за мене е долг временски период во кој ако нисо друго се навикнувас на човекот со кој сто си ....Да раскинам? да продолзам? да верувам ли ?
Колку е матен типот, не е могуче . Не би ти препорачал да бараш детални извештаи од ВИП или да му го копаш телефонот за некои нови броеви или женски имиња бидејќи довербата и без тоа е разнишана. Не ти требаат такви испади. Финална препорака - раскини му барем привремено. Ако му напати душичката, нема да престане да те бара. Ако не му трепне око, тогаш што ќе ти е таков? Знам...нема да биде лесно, но после две ипол години било какво разнишување е болно, тоа си иде со времето.
и јас барам совет од машките членови на форумот. значи размислете и ставете се во ситуација и после одговарајте не се водите од првите мисли замислете ја ситуацијава: после едно неделно одсуство заради работа се враќате дома кај вашата љубена, 7 напорни дена со состаноци, саеми и чуда, последниот ден ви следи долг лет и уште подолго возење до дома. стигнувате касно навечер мртви уморни и едвај чекате да си ја видите љубената. звоните на звонче и што би сакале да видите: a) вашата драга со поспано лице и насмевка ви се фрла неколку реда муабет бакнежи, туш и одите во кревет на спиење или б) вашата драга во секси долга облека, свеќи спремен кревет топол туш, она која ве посакува и која ви вели дека немора вие ништо да правите бидејќи сте прреморени туку само да уживате во она што ќе ви го приреди. што би одбрале? имајте во предвид дека сте преморени и дека е касно навечер. Би сакала да си го пречекам љубениот на вториот начин но незнам како би реагирал доколку не му е до секс туку само до кревет и му е незгодно да ме одбие не сакам он да се почуствува глупаво. ајде кажувајте што да правам