Штo кoгa некoј ви пишувa нa фб. Здр кaкo си, кoгa си слoбoднa нa кaфе дa oдиме. Кoн штo вoди oвa т.е. oвa вaкa брзaње? Штo мислите, сaкaте,прaвите сo т0a мoмци?
Е добро де те викнал на кафе....гледам мислењава подоле...загорен или му се клецка. Дечкото пишал кафе...како вас одма ве асоцира на секс. Или нас така ни одговара и после машките биле криви. Ти ако ти се допага искочи пиј кафе....ќе видиш која е намерата.
ете, ти совети од МАЖИ, а не од МАШКИ а, во прилог нешто од мене.... Синот го прашува татко си: Тато, што е тоа вистински маж ? Вистински маж, е оној кој знае да те сака безусловно, да се грижи и да те штити. Синот: Тогаш, тато, ијас кога ќе пораснам ќе бидам вистински маж како МАМА .
Здраво, имам еден другар кој веќе некое време почнав да го гледам повеќе од другар, излегуваме во исто друштво, имаме заеднички пријатели. Е сега, лани после една пијана ноќ тој проба да ме смува, ама не знам што ми стана,се тргнав (тогаш го гледав само како другар)ми стана чудно неговото однесување, не знам дали беше од алкохолот, помислив и дека сака да ме искористи. Се оддалечивме некое време, и после пак почнавме да се дружиме, за таа случка не правиме муабет. Јас пробувам да му дадам до знаење дека ми се допаѓа, преку муабет, фб, ама некако на моменти реагира, на моменти ме игнорира. Последна случка беше пред некој ден, бевме излезени со друштво, и на крај останавме сами во кафичот. Тој сам почна муабет, како луѓето чудно не гледале дека сме сами како пар, како може муабет да ни извадат и сл. Прашањето ми е дали имам шанса покрај тоа што еднаш го откачив? благодарам Може и лп
Имаш шанса, се зависи дали тој сеуште те гледа како другарка или нешто повеќе. Сепак само ти си таа што треба некако да му даде до знаење дека го осеќаш повеќе од другар, тој е сега во недоумица дали пак би му го направила истото. Побрзај зашто за нас машките "Nije zivot jedna zena" - "sto si glavo zamisljena"
Имаш шанси, да Само повторно дај му до занење почни муабет и со среќа. Ако ,,гори,, тој по тебе че бидни работава.
Разгооварав со едно машко,другар му понудив работа и рече дека не му одговарала и го прашав а шо би му одговарало и ми се развика ми рече : А бе не знам....демек остави ме....Нз шо да мислам веќе,не можи да му се доближи човек
Кога прашувате има ли машки,останаа ли нормални машки ок ве разбирам до некаде. Кога машко ќе ви пише или покани на кафе одма е манијак,загорен,прегорен, изгорен. Поканата може да биде пријателска а и да не е тоа така сигурно нема на сепаре да ве е... Мене кога ми се е... и викам ајде до видикоец да се повозиме звезди ќе ти симнувам сакаш неќеш. Манијак јбг
Ете така.....и ние жениве не секој што ќе го викнеме на кафе....сакаме да го с......хахаха мада и што лошо има во тоа......
Па има интересен начин за да селектирате на кој му е за кафе и да ве запознае подобро, а на кој му се брза само да падне нешто.. Јас пример стварно не ги сфаќам оние машки кој при два реда муабет направен.. "Здраво, како си", "Од кај си" одма викаат на кафе. Па чеекај малку, од каде знаеш дека сакаш на кафе да одиш со мене, направи еден обичен муабет прво види дали имаме барем една заедничка тема па после викај ме на кафе. При такви ситуации јасно ми е дека на дечкото му се брза само да излезе со мене и да добие нешто, а не дека до муабет му е дојдено.. уште помалку да ме запознае подобро. Штом на фб не се замара многу и не е заинтересиран за муабет, се знае што чека кога ке излезете. Така да одма црвен картон му давам на таквите. Иначе далеку од тоа дека секој што вика на кафе е манијак запечен..факт е дека сите сакаме нешто да добиеме, ама прашање е што.
Така некој си го сватил тоа,дури и јас не знаев до скоро хахаха,но одсега повнимателен ќе бидам кого канам на кафе и кој ме кани Хахаха ти знаеше за ова братко убава тактика soryy ја открив
Пред околу две недели запознав еден дечко, 25 години има, пишавме на фб и отидовме на кафе, другарка ми и другар му се знаеја па и тие дојдоа со нас. Си поминавме убаво се муабетевме, ни беше интересно, после тоа ме донесе до дома, не проба ништо од прва и тоа мн ми се допадна.. Продолжи да ми пишува, да се слушаме, да излегуваме со другарка ми и другар му, уште 2/3 пати излеговме со нив.. И наеднаш како земја да го голтна, го снема, ниту се јавува, ниту пишува, ни ми одговара на повиците и пораките, ни на мене ни на неговиот другар.. Стварно не ми е јасно што му стана наеднаш..