Дали вие машките додека сте во врска одите и по други или се фокусирате на таа женска со која што сте? Оти еден другар има женска и ми бара број од една другарка.
Ова со кафето ми е ЕДНА од широката палета на тактики за заведување женски. Дали вие женските додека сте во врска одите и по други или се фокусирате на тоа машко што сте? Оти ЈАС познавам другарка има дечко а бара друг.
Има такви и машки и женски. Тип уфилман, мисли има женска и можи и секој друга да ја има. Ех од такви личности без јас и своја вредност да бега човек.
Јас конкретно не сакам вакво брзање, посигурно ми е да си терам муабет па по некое време да падне кафе. Ама па никад не знаеш, баш пред еден месец ме викна еден на кафе после 2 дена пишување пошто испадна дека сме комшии излеговме тука у маалски кафиќ и најнормално се одвиваше муабетот, никакви намери никакви скокотливи прашања и муабети, и сега само од време на време пишуваме. Отиди на кафе така најубаво ке го оцениш.
имам неколку мисли и прашање што ми се вртат низ глава па до сега со другарки што сум се консултирала тие се во фазон на горди девојки, дрски итн. ме разбирате нели.Додека јас сум отворена и директна и немам гордост кога е во прашање љубов.Сега имам некои ограничувања во типот на "кој како заслужил, зависи од негово понашање спрема мене".... ако претера во однесување неможеш и ти да останеш добра, фина девојка се мењаш 365 степени... мене што ме интересира е : Дали вие машките би сакале девојка која не ја познавате да дојде и да ви каже дека ве свиѓа? Како би изреагирале од ваша гледна точка?Би ја мислеле ли за луда? Или можеби ги цените поише оние девојки што не ве забележуваат, па вие сакате малце да се помачите по нив?
Првин би те прашал, што точно подразбираш под овој дел, девојќа која не ја познавате? Дали е тоа, седи машко во кафич, ти го гледаш за апсолутно првпат во твојот живот, и му приоѓаш, или е случај кај што работите во иста зграда, се гледате секој ден у лифт и на пауза, а не сте си кажале ниеден збор никогаш? Како и да е, и во 2та случаја, реакцијата на машкото може да варира од - екстрем до + екстрем, се во зависност од тоа за каков тип на човек се работи, во каков момент од денот му припѓате, колку е расположен тој ден (момент) и ред други околности кои вие лично не постои можност да ги знаете со оглед на тоа дека не знаете ништо за него. Може да ве отера кај што не треба, а може и да ве викне да искочите или сл.
Значи вака идеме заедно на приватни часови и нормално си ги знаеме имињата сме седеле и заедно но ми изгледа како затворен тип до сега со сите сум разменила два-три збора од таму само он како настрана со никој не збори.И јас размислував пред часот да му кажам ама на момент ме фаќа некоја трема иако иам преголема самодоверба, но еден дел од мене има страв баш од таа причина да не бидам испратена каде што не треба.
Како гром од ведро небо „те сакам“... не оди искрено. Почни муабет. Флертувај, дај некој комплимент. Види дали е слободен или не... Покани го на кафе. Процени од реакцијата. Има интерес за тебе или нема. Во секој случај, не се кажува дека свиѓаш некого со зборови. Се кажува со дела, се кажува со говор на тело... итн.
Тоа докажување со дела кај мене во категорија спаѓа ,,со тек на време " , ,,кој кога и како заслужил за да му се придава толкаво значење" .Можеби поинаку ги гледаме работите.До сега никој не се солгласувал со мене на оваа тема па не очекувам ни ти да ме разбереш. А и немаме простор со него да се зближиме освен глупите осмооделенски постопаки ,,ги реши ли задачите?'' Зашто би го прашувала него кога гледа дека се знам и со други деца неможам да ги побарам од нив?Пак ке му биде очигледно да сфати само што за мене тоа победно одколку директно да се каже....Реално немам што да изгубам.
Сечии совети се добредојдени. Се дружев со едно девојче и таа ме запозна со дечково за кој станува збор. Почнавме да играме друштвени игри во кафичот кај што работат двајцата. Потоа почнав да ги викам и дома. Така се зближив и со него. Од него барав совети и за велосипедот бидејки тој со тоа се занимава. Секогаш ми помагаше. Па почнавме да уплаќаме спортска заедно и нонстоп сме во контакт ради ливчињата. Во меѓувреме јас прекинав да се дружам со девојчето и поретко одам кај што работат. Но со него контактирам редовно. Сега имам приметено ми пишува и за др работи, кафиња, излегувања и сл. Ме вика кога е на работа да одам таму. Почна да ми лајкнува се, на речиси секое стори ми реплицира. Инаку, дечково не е лош и може да се каже дека би била со него. Но, како да се понашам? Дали да иницирам нешто или да почекам? Јас имам 21 год тој мислам 23.
Ме интересира машко мислење, затоа што сите мои другарки ми го кажаа нивното мислење дека тој ГЛУМИ и се ПРЕПРАВА. Се работи за моето бившо момче. Бевме заедно пред две години. Не бевме долго во врска околу два месеца. Јас направив една грешка тогаш, му пратив слики од мене. До сега такво нешто не сум праќала ниту сакам да праќам, но тој ме убеди ми велеше да му верувам. Откако раскинавме почна да ме уценува и цела година тоа траеше. Велеше дека ќе дојде дома да ги покаже на моите. Ми велеше дека ова го прави затоа што еднаш ме тераше да имаме односи и јас му кажав да најде некоја курва ако му е само за секс и тоа многу го повредило. Прати една слика на еден мој пријател и еден колега од факултет. Јас прифатив со него да се видам за да престане со тоа. Ме тераше да правиме глупости , што јас не сакав ама ги направив за да ги избрише сликите. Не прифатив само една работа да направам. Го немаше пола година и пак почна да ми ѕвони за да ја завршам и таа работа а ако не ја завршам ќе ми го уништел животот. Кога се видовме пак јас почнав да плачам, тој ме прегрна и тој почна да плаче ( не знам зошто...) и ми вети дека ќе избрише се. И од тогаш е сменет. Ме молеше да бидеме пак заедно, дури и ми прати слики од него како има секс со некоја, ако ме пак уценувал да ги објавам тие неговите, само да бидам со него. Јас го игнорирав и се одалечив полека од него. Пред некоја недела го сретнав и тој цело време се вртеше по мене кога се разминавме. Ми пиша пак порака, сега прифати и пријатели да бидеме само да излезам со него. Кај сум сакала таму ќе сме оделе. Кога го прашав зошто ми го направи сето тоа ми кажа дека не сум сакала да бидам интимна со него... Ама веќе е сменет и тоа не му е важно сака да има озбилна врска.
Девојче ако сакаш да бидеш со умоболен тип слободно продолжи викаш те уценувал дрн,дрн извини вака што пишав но тој или е манијак или му фали даска во глава,се сменил МОЖЕБИ но кај е тоа што ти го направил го заборави ти тоа. А утре може и видео ќе сними недај боже бери памет.