Сигурно се срами. Па мене еден дечко 90 годиште ми пиша на инстаграм. А пред тоа го приметив кога бев излезена ме гледаше цело време. Ми пиша дека му било срам тогаш да дојде да се запознаеме па следниот пат кога ќе дошол демек. Случајно со другарка ми седнавме на една клупа пред зграда. Кога си дојдов дома пак гледам ми пишал на инстаграм кога ќе седам пред неговата зграда пак на таа клупа ќе дошол да ми свари кафе. Кога го прашав зашто не се симнал да ни се придружи ми кажа да не сметал. Во живо ги нема нигде само на фб или инстаграм
Дали ви смета многу доколку вашата девојка секогаш касни најмалку 10 минути , а претходно имала 2 часа да се спреми ?
Да, смета. Пред се, некултурно е да доцниш на унапред договорено и тоа неколку часа. Друго, никој не е должен да чека зашо ти си влечка и не успеваш да се спремиш. Јас како женско, не чекам никого повеќе од 5мин. Ако може едниот да биде точен може и другиот.
Зависи колкава комфор зона имаме меѓусебно развиено. Општо, во почетоците на врската секој се труди што поточен да биде за да остави подобар впечаток. Подоцна се` зависи како се развиваат работите. Рецимо ако таа знае апсолутно секогаш да ми го разубави „состанокот“, тогаш секое доцнење се компензира со погорно споменатото. Во превод - може мајки и шајки да си спомнувам дур ја чекам, ако после тоа ми е убаво со неа, нема тука пречка. Но никогаш не може да биде совршено... Така да...
Дали ако девојка ви каже дека ве сака, одма на почеток ќе го смените ли мислењето за неа? Ќе почнете да ја избегнувате?
А за што да те избегнува некој ако му кажеш дека го сакаш?Не гледам никаква причина бар јас имам такво мислење најбитна ствар е од срце да го кажеш тоа,ако е ради реда подобро не го кажувај е сега кој како сака нека регира после тоа ти е гајле,слушај срцето што кажува не другите
Не се срaми си тепa дoсaдa нa фб!!! Бaтaли гo . Знaм декa не е ибaвo oвa штo ти гo кaжaв ,a и oвa штo ќе ти гo кaжaм нo, aкo сaкaл нештo сo тебе ќе те викнaл нa кaфе или прoшеткa и дa ,не му е срaм дa пише нa фб,a срaм му билo дa кaже здрaвo aбе aјдее кретен.
Јас го баталив уште кога почна да ми пишува на фб. Само сакав коментар за однесувањето. За жал, повеќето се такви. Претпоставувам за ниска самодоверба се работи. Мене ми изгледа дека дечкиве што манијачат на фб, најверојатно во реален живот имаат мала или никаква интеракција со девојки. Па затоа и го користат фб и сега кога ќе се случи виртуелното да се претвори во реалност, не знаат како да реагираат. Ние што сме генерација 93/94, а и покасно сме генерација за жалење. Социјалниве мрежи можеби малку помагаат за повлечените, ама во глобала повеќе има штета отколку корист.
Дa и јaс сум 94 и бaш имaм приметенo мaшкиве oд нaшa генерaцијa слaбo се пуштaaт вo живo. Амa зaтoa oвие пoмaли и вo живo и нa нет ми прaвaт муaбет
Зошто ти на пример би ја одбегнувал? Кога девојката што ти значи ти рече дека те сака, нема ли да ти годи тоа ?
Повеќе нема да годи, ќе влее сумја дека и се брза нешто, дека планира нешто. Сепак после извесно време поминато, во ред е да кажеш те сакам, и да има доза љубомора, не е лошо од обете страни.
Зборот те сакам не е ист со зборот те посакувам. Прерано кажаниот збор те сакам е погрешно протолкуван и од двајцата.
Муабетот беше за - те сакам. Ама па и ти какво толкување и сваќање .Да ја ставиш на полиграф најсигурно ти е .
Немој жити бога, ако не стават сите овде од форумов на полиграфот, гарантирам дека на ниеден член нема да му излезе како што треба