Ако ти е за околината што ќе рече, немаш проблем пошто и не си толку ниска за женско. Ако не ти се свиѓа ваков каков што е висок ко бандера, веројатно нема да ти се свиѓа ни да е 10 цм понизок. Се зависи како ти гледаш на него. Инаку, има милион причини за раскинување, не мора да е поради некоја повисока. Ако бараш совет, јас би рекол: дај му шанса на човекот
Ако ме слушаш мене не се замарај со висината,изгледот и др никогаш нека не се битни за среќна врска.Уживај и живеј си го животот како ти мислиш а не други. Прашај го дечко ти дали му пречи твојата висина,ако вистински те сака ќе ти каже НЕ поздрав.
Тој ми се допаѓа но не ми се допаѓа што сум просечно висока. Рековте дека кај нас машките се ниски но сите машки се повисоки од мене. Мислам дека повеќето машки прво ги забележуваат повисоките девојки. Кога сум во штикли сите ме забележуваат, кога сум во патики ретко ме гледаат и сфатив дека висока девојка има повеќе шанси. Јас не сакам да носам штикли но морам. Прашајте ги машките пониски од 180 и на нив повеќе им се допаѓаат високи девојки. Еднаш братучед ми ја виде пеачката Елена Ристеска и рече дека е многу убава но спомна дека е ниска и го скисели лицеот. Што да рече дечко од 190-195, cигурно ќе му биде глупаво со голема разлика во висината што е повисок од мене 25-30 сантиметри. Уф.
Глупости! Не си набивај комплекски за џабе. Сите машки се повисоки од тебе, сосема нормално, машки се. Твојата висина е некој просек, ич да не се секираш.
Tocno e sekoe mashko ke se svrti i ke pogledne devojka avion, no toa ne znaci deka sekoe ke se odluci da bide so nea. Maskite sakaat vesel duh, pocituvanje, soslushuvanje, doverba, iskrenost, sigurnost, da im se ostavi da bidat vodaci, da se osvojat so zenska mudrost....ljubov. Ako devojkata nesebicno go dava toa i go ima vo sebe, ne treba da se plasi.A za sekoe tendgerce si ima kapace.
@PeperutkiVoMene Мислам дека треба да поработеш на себе,да се ослободеш од комплексите што ги имаш. Нема ништо поубаво од самоуверена девојка. И пониски девојки од тебе можат да бидат секси и посакувани. Има и позитивна страна ова твоето,ти доколку облечеш 10-15ка штикла ќе си супер,јас ако облечам толкава штикла ќе сум како топола ... така другар ми ги вика високите и слаби девојки А ете,имаш совети од машки дека височината не е никаков проблем доколку му се допаѓаш.
Здраво, пред еден месец се запознав со еден случајно во град и разговорот беше интересен, тој ми остави добар впечаток, највероватно и јас него, па си разменавме број, иако прво ми побара фб, јас инсистирав број. По неколку дена почна да ми пишува и така неколку дена си пишувавме општи муабети и по две недели пишувања јас му предложив да одиме на кафе, онака да се подружиме. На кафе беше супер ем шеги ем серозни теми и ми се допаѓа чоеков, ама не се брзам, сакам дружба. Е сега после средбата ми пишува пак, ама никако да се сети да предложи да се видиме пак, ми доаѓа да го викнам на кино, театар или сл. прашањето до вас ми е дали јас пак прва да предложам? Дали брзам? Добредојдени се совети од машка и женска страна, фала
Јас да сум на твое место би го поканила пак прва. Ама нареден пат дефинитивно не. Не е работата само ти да го викаш нека де сети и тој. Нека докаже дека е заинтересиран за тебе и дека сака да се гледате.
Да, ќе го поканам уште еднаш и ќе видам што ќе се случи. Некако не ми е доволен доказ од него пишувајќи колку убаво си поминал со мене на кафе и колку сум била интересна личност, можеби е од култура, ама па рано е, повеќе време треба да помине изгледа, не знам. Фала за советот
На тие високите мажи од 1.90+, сите девојки им се ниски, затоа баш они помалку обрнуваат внимание на женската висина. Јас барем така имам исперцепирано. Ама пак, зависи од човек до човек, не е секој со исти преференци.
Ќе се обидам да не мислам на тоа веќе. Џабе се нервирам кога од сега не можам да растам, неколку години ја имам истата висина.
Убав, мускулест, атлетски граден, да поминам покрај него со восхит- ќе си купам една скулптура ко тие од Микелаџело и ќе си ја чувам дома, а луѓе опседнати со својот изглед не ги сакам ниту за дружба, а камо ли за нешто повеќе
Ова е повеќе прашање до сите, и машки и женски. Дали ви е важно нивото на образование за да излезете со некого? Да му/и дадете шанса? Пред некое време запознав еден дечко, фин, културен, интересен, симпатичен, но нема завршено факултет и работи во хотел. Се додека не ми го кажа тоа, муабетот со него го правев со желба, но потоа продолжив повеќе од „култура“. Знам дека не е во ред да се делат така луѓето, но нешто длабоко во мене веднаш крева ѕид ако некој нема завршено високо образование. Не ми е воопшто важно колкава плата има, и да е во период на барање работа, битно да е образован. Дечково да имаше факултет, ќе му дадев шанса. Сега... се нечкам. Некако на тоа гледам како да не се потрудил доволно да вложи во себе и своето надоградување. Од 18 години пошол на работа и тоа е тоа. Дали некој се чувствува како мене? Дали некој успеал да го надмине ова? П.С. Ве молам потрудете се да не ме нападнете веднаш.
@littleflower Па да ти кажам еве вака. Тоа е многу погрешна поделба за да му судиш на човек дали има факултет или не. Формалното образование воопшто не е мерило за нечија образованост, капацитет, познавање, информираност. Уште одма да ти кажам дека, да не претерам ама 75%-80% што завршиле факултет се мутави највулгарно да се изразам. Ако сакаш некој начитан, прашај го колку книги прочитал надвор од факултет ( па макар и да го завршил со 10.0 просек ). Нејсе. Еве да земеме и за финансиска стабилност. Завршениот факултет не ти гарантира ништо се додека лично не си способен. Некој ако се пронаоѓа и да работи како механичар тоа е личен избор и се додека има пасија е правилната професија исто како момакот што работи во хотел. Исто така може он во себе носи некоја бизнис идеја за која му треба капитал. Он сега работи па за 5 години може ќе основа бизнис и ќе биде 4 пати побогат од сега. ( ама ти тоа не го знаеш, затоа што за идеја станува збор ) А инаку јас еве како би постапил во ваква ситуација. Јас воопшто не барам некој да има факултет или не. Секако нешто барам во умот, но тоа не е диплома. Може и имам високи критериоуми али чим некоја девојка ги испонува критериумите само по себе голема е веројатноста и паралелно како надополнување да има и факултет. Некогаш некои работи сами под рака одат. Но, и да нема факултет, уз самиот муабет проценувам до кое ниво задоволува. Што исто така значи и да има факултет, може пак нема муабет асален да сврземе и обрантно може нема факултет ама има капацитет и интелектуалена дискусија да се развие. Сето ова погоре е субјективно ПРави тоа што ти душа сака, не како општествениот критериум се залага.
Јас воопшто не би те судела. Имам слично размислување по ова прашање. Освен физички изглед кај потенцијалниот партнер ме привлекува и интелектот. Мислам дека спаѓаме во категорија sapiosexual. Се има случено да ми се допаѓа некој физички, ама ако почне да тресе некои глупости одма ми станува одбивен. Не е ароганција во прашање, едноставно сакам длабоки разговори, не површни теми. Во твојов случај, мислам дека треба да му дадаш шанса на дечкото. Барем еден дејт, ако се покаже како паметен океј, ако не, следна прилика.
Sapiosexual по дефиниција e: a person who finds intelligence sexually attractive or arousing. Така што тука му мериш според други параметри. Ама тука не пишува никаде за факултет. Така да додека гледаме кон интелигенција и интелектуален капацитет, факултетот е спореден т.е. занемарлив елемент Според примерот на @littleflower станува збор за човек со/без факултет така што според дефиницијата она не спаѓа тука. За тоа зошто и како веќе спомнав во предходното мислење. Не заборавајте дека поголемиот дел од најбогатите луге на планетава немаат завршено факултет. Ама знаете каков муабет ќе ви направат ?
Позната ми е дефиницијата, сепак фала. Немав никаква намера да навредам некој кој што нема факултет, дека е помалку интелигентен. Исто како што и оној со купена диплома, не би го класифицирала во редот на интелектуалец. Сепак, на оние кои си го завршиле високото образование со свој труд, при тешка материјална положба, јас би им оддала почит. Мое мислење е дека луѓето со факултет, се стремат кон исти цели и поради тоа би биле адекватни партнери. Ама кон секое правило има и исклучок, така да тука не би генерализирала. Во делот со материјалната положба на бизнисмените без диплома, не би дискутирала затоа што се бега од темата. А темата не беше дали не привлекуваат лица со висока материјална положба.