Мене најважно ми е со потенцијалниот партнер да бидам на исто ниво по амбиции, а дали има факултет или не, ќе кажам само едно - факултетот во денешно време не е мерило за интелигенција, со оглед на тоа кој сè не заврши факултет...поминаа времињата кога факултет беше мерило за интелектот или што и да е. Не мора да значи дека ако нема факултет и ако работи во хотел е неамбициозен и сеедно му е. Можеби немал средства да запише факултет, а можеби едноставно сака да си работи и тоа е тоа. Јас не би се откажала ако ми оди муабетот со некој таков дечко, во денешно време ретко се наоѓаат луѓе (притоа, потенцирам - луѓе „потенцијални партнери“) со кои можеш да истераш нормален дејт проследен со фини и продуктивни разговори.
Е да си ми жива и здрава,а јас па се чудев зошто последниве две девојки толку брзо т.с одма оладија кога слушнаа што работам,добро твојов што работи во хотел чисти му се рацете,моите некогаш кога поправам нешто на работа се валкани,со маст и триста глупости па највероватно и за ова ме шутнале а јас се чудев за што добар совет е ова за сите машки. Имам многу да кажам но попаметен сум кога молчам. Да си ми жива и здрава за пишаново поздрав од радничка класа со средно И после немало машки,останаа ли машки? Биче боље еден ден.
Овој муабет ме асоцира на муабетот за тоа дали треба да му се даде шанса на маж кој физички ти е просечен и не те привлекува на "прв поглед". Прво, во нашава држава, со нашиот образовен систем, факултетот ја изгуби вредноста која ја имаше во минатото или вредноста која ја има во други држави. Факултет може да запише кој сака, на пример луѓе кои имале завршна матура запишале факултет. Штом секој може да запише, автоматски може и да го заврши. Не баш секој факултет, ама одредени смерови се "ко боза". Искрено, познавам личности кои се глуперди во вистинска смисла на зборот а имаат завршено факултет. Второ познавам многу луѓе кои имаат завршено факултет, пример еден маж има завршено ветерина а работат како авто-механичар. Познавам луѓе кои имаат мноооогу пари а работат на места кои немаат допирни точки со нивниот факултет. Но, познавам и луѓе кои имаат мноогу пари и свои бизниси, а сепак имаат само средно образование. Сума сумарум, генерализирање на ваква тема е скроз нелогично, јер секоја личност е приказна за себе. Ама, доколку тебе моментот дека типот нема факултет ти пречи - продолжи понатаму. Сум кажала и претходно, за да успее една врска, партнерите мора да се на иста бранова должина и да имаат исти амбиции. Останатото се финеси за кои може да се прави муабет и да се договориш.
Хаха, зошто би ни била битна платата ако и ние земаме висока плата? До кога ќе го поистоветувате вашиот успех/неупех кај женската популација со финансиските средства?
Во мое време, кога јас студирав се знаеше кој оди на факултет, тие што учеа. И јас тогаш мислев дека јас сум образована и дека покрај мене треба да имам образован. Но, годините минуваат не најдов таков но јас џабе имав диплома тогаш бидејќи созреав далеку подоцна. И сфатив дека дипломата не го прави човекот. Не секој со диплома знае да разговара, не секој со диплома има добро платена работа итн итн . Башка што дипломите па дури и магистерските лесно се купуваат на денешно време. Повеќе сакам да има хемија и да знае да разговара со мене.....
На мене воопшто не ми важно дали некоја има завршено факултет или не, важно ми е каква е како личност, а ако е фина, културна, интересна, симпатична, тогаш дефинитивно би и дал шанса. Јас сум донекаде сличен пример како тој дечко бидејќи после две години одење на факултет најдов работа, па затоа го префрлив факултетот вонредно и досега сеуште го немам завршено бидејќи немам многу време за спремање испити, а и не се брзам и моментално не ми е голем приоритет да го завршам бидејќи со мојот факултет можам да работам само во државна администрација, а за таму се потребни добри врски. Според мене интелектот и степенот на образование воопшто не се поврзани, баш денеска видов дека на Алфа во една емисија имаше ваква тема и сите се сложија дека е вака како што јас кажав. Има луѓе кои имаат завршено факултет ама немаат никаква култура, се однесуваат сељачки, се изразуваат вулгарно, досадни се, скоро па од ниту една област немаат општо познавање, па затоа и неможеш да направиш некој голем муабет со нив, и тн. Од друга страна пак има луѓе кои немаат факултет ама имаат општо познавање од многу области, фини се, културни, интересни, и како луѓе вредат многу повеќе од тие што имаат завршено факултет.
Душата се гледа на човек не образованието, прочитаните книги нема да се грижат за болен човек, нема да утешат нажален, нема да подржат и охрабрат несигурен. Зошто покрај сите работи не и дадеме предност на Љубовта таа може и од просјак да направи крал . Химна на љубовта Ако ги зборувам човечките и ангелските јазици, а љубов немам - тогаш сум бронза што ѕвони, или кимвал што ѕвечи; И ако имам дар за пророкување, и да ги знам сите тајни и сите знаења; и ако ја имам сета вера, така што да преместува и планини, а љубов немам - ништо не сум И ако го раздадам целиот свој имот, за да ги нахранам бедните; и ако го предадам своето тело, да биде изгорено, а љубов немам, ништо не ми ползува. Љубовта долго трпи, љубовта е милостива, лубовта не завидува, не се фали, не се вообразува не се однесува непристојно, не го бара своето, не се раздразнува. Не држи сметка за зло не и се радува на неправдата, а и се радува на вистината; сè премолчува, сè верува, на сè се надева, сè трпи. Љубовта никогаш не престанува: А другите дарби : ако се пророштва - ќе се отстранат; јазици - ќе замолкнат; ако е знаење - ќе исчезне Зашто, делумно знаеме и делумно пророкуваме, но кога ќе дојде совршеното, ќе се отстрани делумното. Кога бев дете, зборував како дете, мислев како дете, расудував како дете. А кога станав маж, го отстранив детинското. Зашто, сега гледаме како во огледало - нејасно; но тогаш: лице во лице. Сега знам делумно, но тогаш ќе сознам целосно, како што и јас бев самиот наполно познат. А сега остануваат овие три: верата, надежта и љубовта, но љубовта е најголема од нив.
Оди во теретана и пие некои си аминокиселини или нз што друго.Има слики од теретана и мускули,онака подуен целиот..го гледам и со некоја стегната во хеланки исто билдерка некоја..со мускулатура и таа