Поради лошо искуство пред неколку години, кога за малку ќе раскиневме заради тоа што бев премногу уморен (часна пионерска реч ), секогаш одбирам секс. Плус сфатив дека подобро е така. Ем задоволен јас, ем задоволна таа, ем ќе си спијам џоа бебенце So, option 2
Mоже и од женски совет..како ние би постапиле Со оглед на тоа дека би бил мртов уморен, комбинација од двете.. Се појавувам со насмевка и фрлам безброј бакнежи и прегратки Спремен пријатен амбиент со свеќички, пижамчиња под кои се крие секси долна облека...нудам топол туш и ја проценувам ситуацијата. Ако е преуморен доволен е и краток разговор, гушкање и заспивање во прегратка....ама па ако дојде до разгорување на страстите - спремна сум и ја реализирам втората замисла...
хахах дечко ме изнасмеа за раскинувањето . ама јас не се лутам за тоа сваќам повеќе од колку што треба за уморот и лолита помислив и на твојата опција обично така правиме ама сакав да го изненадам да остане со отворена вилица што би се рекло да мрдниме малку од секојдневието она знаеш како на филмовите . dont talk take off your pants хахахаха
Жоел, гласам за опција Б Уморен нека е колку што сака, ти ќе се погрижиш за се, тој не мора ништо да прави, само нека лежи и нека е...на нозе Знаеш де! Јас мислам дека ќе се возбуди толку шо сигурно уште барем некој саат време нема да ти заспие
Џоел, втората опција со тоа што тој секако ќе биде преморен и нема да му се гледа ништо освен кревет ... Ти ќе си го пречекаш само по минимална облека на тебе нели, ќе му спремиш купка, ако биде расположен по можност заедничко бањање со масажа и задоволство на квадрат ... за после да продолжите во својата спална .... Е сега ако во меѓувреме не ти закркори тогаш замислата ќе ти биде успешно реализирана
Џоел и јас сум за втората опција и тоа од искуство,дечко ми мртов уморен дојден од странство,пат долг и сето тоа,ама се беше успешно,дури ми рече е ова ми требаше да ме опушти.Така да мислам ќе ти успее и после ќе заспие како бебенце
Едно прашање. Ако сеа се видам со бившиот како да се однесувам Сакам да му покажам дека ми е онака сеедно. Машки??
Па се прашувам како би му покажала, кога вие бевте постојано заедно. Би требало доволно да те познава за да знае и сега како ти е. Не знам и зошто би му покажала дека ти е сеедно, кога раскинавте пред недела дена. Однесувај се нормално со него, не се прави тоа што не си. Ај и јас да си прашам бившиов мој ќе оди за Србија за 2,3 саати, да му се јавам да му посакам среќен пат или порака да му пратам? Се договоривме кога ќе се врати да се видиме, ама не знам дали сега да му посакам убав помин или не?
Имај го на ум тоа што ти го кажав на чет де, мислам дека за ТЕБЕ е тоа најдобро, не за него. Инаку, СМС, дефинитивно. Не, во стил „Во едно уво влегува, од друго излегува.“ Тешко е, но пробај, делува 100%.
Основни, кратки прашања и кратки отсечни одговори, без некои детали или објаснувања на било која тема за да не оставиш впечаток дека ти годи муабетот. По можност, најди начин прва да го прекинеш разговорот при средбата со некаков изговор дека мора да одиш, но оди си со насмевка и едно АЈТ ЧАО , ништо повеќе. Нормално, никакви пољупци у образ, ни другарски ни ништо. Ако барем малце му значиш, ќе се стопи од мака. Чувството дека бившата што сеуште ти значи е среќна и си го фура животот и без тебе знае да биде BITCH
Mарамче не и од мене...ништо не преземај, не пишувај, не се јавувај...ако сте се договориле да се видите кога ќе се врати држи се цврсто до договореното. Остави ја топката кај него...
Се согласувам за не јавување. Ако можеш да го најдеш филмот Two can play that game ќе ти стасне мн појасно што значи топката да е кај него.Само немој крајот на филмот да те залажува...хехех само напред
Не се работи за тоа што ќе помисли тој... Се работи за тоа што ќе го помисли таа, за нејзино добро... А знам дека доколку не преземе ништо, ќе ја копка, си ја знам другачка ми, совесна е... Вашиот совет е добар генерално земено, но во нејзиниот случај, најубаво да му пише смс само „Среќен пат!“ и да си ја заврши нејзината душевна дилема. =)
не не, НЕ се согласувам НАЈТ.....Ја знам приказната и НЕ ТРЕБА да му пише.....ВРЕМЕ Е ДА СТАВИ КРАЈ НА ТОА НЕЈЗИНО ИЗМАЧУВАЊЕ !!!!!!!
Марамче .... ти сепак ќе си направиш како што мислиш во моментот. Сите може да ти кажуваат не, да ... сепак твоја е одлуката. како ќе направиш така , твое е. Не мисли зошто, како, дали, ... како ти чувствуваш дека треба.
да, незнам како едно во друго мислење да ставам Извинете, али ако може уште малку помош околу мене Најт, не сум многу несигурна, но секако дека полесно е преку мсн отколку во живо... но сепак не сум многу мсн/чет човек, не комуницирам така многу ни со другарки, и малку ми е чудно, живо си е живо.. Викаш можам да издадам некои знаци дека ми се допага... а што и ако издадам? мислам, лошо е тоа? Јас сепак мислам ке останам на живо, бидејки едноставно не е исто како мсн... мсн, ако се знам со некој подолго, а со него немам комуницирано многу многу, и сега на кафе да го викам (што не е мала работа во случајов, со Него нели) и плус преку мсн малце е, незнам А голема е веројатноста да направам некоја глупост, као увек, али остај тоа Ако го викам, ке го викам, утре за петок или сабота (прашав во сдп, бидејки е задушница, незнам дали се излегува петок, или се седи дома, ако е второто, тогаш сабота..) Што велите? Може одговори и од машка и од женска страна. И сакам одговор и од Мистери