Искрено не знам како би го шармирала, нз со што! Сугрно нема да направиш „тројно салто на назад“ !!!! Започни обичен нормален разговор, кажи му дека му пишуваш на ФБ од причина што „немало прилика“ до сеа да се запознаете во живо. Некој спомна погоре хумор, можеш „на кратко“ да се насмееш за нешто „на твоја сметка“ и ќе терате после. Ќе видиш како ќе реагира типот па ќе знаеш дали, кога и колку да продолжиш со разговорот.
Зависи колку добра другарка ми е. Кога ќе сте малце повозрасни, ќе видите дека имате се помалце и помалце другарки (другарките од средно, 99% ќе ви бидат туѓинци) така да не гледам дека тоа би било некој проблем. Доколку сте средно, евентуално прва факс може да ви биде чудно, па леле што како. Ако има нешто меѓу вас, другарството (онакво какво што било претходно) сигурно дека ќе го нема. Ама од друга страна имајте на ум дека таквото свиѓање, ако е од вистински другар/ка, е право свиѓање. Истото важи и доколку се работи за љубов Евентуално двете доколку не им смета Шала на страна, најверојатно првата.
Мислам дека на светот му требаат повеќе такви девојки. Добро е кога девојката е нежна и изјавува емоции, само да не го прави тоа на секој саат пошто во тој случај преминува во патетика и инвазија на приватен простор, што се вика не ти дава да мрднеш и те опсипува со љубов во секоја секунда од денот. На крајот на денот е најубаво да се изјави љубов пошто нели пред спиење секогаш помислуваме на оние кои најмногу ги сакаме и ни значат. Добар и точен одговор. Која има поголеми шанси зависи индивидуално. Самодоверба е ок, но премногу самодоверба не е баш добра, не остава простор за мистика и спонтано запознавање, така што првата дама делува како да се наметнува. Јас лично би и дал шанса на втората дама баш заради тоа што нејзиниот поглед и гестикулации кажуваат повеќе отколку нејзините зборови. Ствара интрига и желба да дознаам повеќе за неа. Освен нели... ако не ме засенат градите на првата дама.
Зошто толку геј мажи зјапаат во женски гради и задници како да се хетеро? Ако не ми е за тука прашањето, не ми текнува во која тема да го поставам.
Ги знам. Не лепам етикети од памет, таман работа. А и нели многу хомосексуалци се женат и имаат деца... Да, притисок од околината и сето тоа, ама си размислувам, ако им е одбивно да бидат со жена, како издржуваат?
И те зјапаат тебе баш таму ли. Може би си им ок во тие делови очи се за гледање нели. Или реклама сакаше да си направиш хахаха (зезам за последново)
Hehehehehe пред да се правиш интересен, прочитај убаво што сум пишала. Јас немам повеќе задници, еден е. Немам ни очи на тил да видам кој ми го гледа задникот. Ако си егзибициониста и мислиш дека да бидеш зјапан било каде е пријатно и нешто за реклама, твој проблем.
Женска смири се дечкото само се зезаше , овде сме сите за да се зезаме не си ставај многу на срце , релакс ..
Анаконда , од каде ти тебе дека не сум смирена и дека нешто си ставам на срце? И не сме овде за да се зезаме, Хумор или Насмевка да не пишува над насловот случајно?
Не и никој идеален на светов не сме сите исти,неколку пати имам пишано на форумов. Некој ако имал лошо искуство со некој не значи дека сите се исти било машко или женско.
Не би навлегол повеќе доволно умна прво со првиот коментар па сега со ова еве само еденаплауз за муабетов ќе ти дадам оти толку ти доликува
Добро, ти и онака пред да навлегуваш во дискусии, треба да научиш да ги распоредуваш буквите во еден пост, па мило ми е што не би навлегувал повеќе.
Во предходните врски што ги имав,како што пиша погоре девојките ме сакаа искрено но јас бев мајмун си признавам но последниве две мувања што ги имав ми го дотераа паметот така убаво ме лупнаа од земја,што ми дојде паметот така и ми требаше.Како да беа двете договорени. Е тоа е Зоки во тоа поле не ми оди бегав од вистинските. Но сите не се исти како Зоки. И сите девојки не се исти како овие две па им било срам што некој нивни другар/ка можел/а де ме види во радничко одело. Друго...
Ма ако се срами од тебе не ти треба бре.... мада мислам дека им е само изговор Со среќа да си најдеш брат некоја што ќе и бидеш и ќе ти биде се