Откажете се од врски некое време. Последен пат ме изгоре преварантка и више никад. Од сега решив да се затворам и не се заљубувам, кога ќе почнат чувства према некоја ќе се фокусирам на други ствари. Пари и кариера на прво место. Нова влада, нов живот у Македонија, нов живот и за Дарко.
Вака на пример: Абе многу жешко деновиве, леееј горешнити.. ми се допаѓаш.. каде летово? планираш нешто? Уствари не му кажувај, само гледај го во очи малку подлабоко, смешкај му се, подгризнувај ја долната усна набљудувајќи го целосно и ќе сфати... а ако не сфати, тогаш подобро е да не ти се допаѓа таа личност
Има скоро една недела дена кога се запознав со едно машко, убав,плав...Се среќаваме вчера и ми го запамтил датумот на раѓање ,дали нешто има некое димче-оганче? хаха или онака само чисто од култура ( малку глупо прашањево)
доколку не е доволно зрел не ти треба помал од тебе... безразлика дали сте 19 и 20 или 25 и 26 треба во најмала линија да биде тука некаде како тебе
Љубомора за минатото и караници од негова страна секој втор ден. Не е созреан или што? Неколку пати се обидов да зборувам со него ама за џабе.
Луѓето не се патлиџани, па да созреат. Едноставно, таков му е карактерот - ако не ти се свиѓа, бегај.
Љубомора во мала доза е потребна, впрочем така знаеш дали си му битна или воопшто не се интересира за тебе. Ако ескалира и стане секојдневие, значи дека нема да оди за долго врската.
Јас на пример созреав за 2 години и тоа многу кога ќе споредам како сум размислувала тогаш, а како сега така да ова не ми држи многу вода