Па не само машки другари, туку и женски другарки исто би направиле. Ако ми пише бивш на другарка ми нормално ќе го одјебам, па и најубав да е, нема да помислам да се плеткам со него... Многу ниско ми изгледа. Или нема воопшто да го прифатам на фб или не му правам муабет....посебно ако знам дека ја изневерил другарка ми. Едноставно нема што да барам со него при толку други машки. И во право бил дечкото, само ти малку си се понижила.... Но заборави го, и продолжи.
Реакцијата те изненади? Сфати го ова дел од животната лекција... чим си го изневерила неговиот најдобар другар (твојот бивши) рачунај дека овој сеа све знае за тебе, и кој број на долна облека носиш. Ние машките (повеќето) сме тешки озборувачи, посебно коа доаѓа до ваков момент со сега веќе бившиот. Овој отпиши го јер индиректно и кај него си влезена во црната книга. Најди некој друг. И со исаф следен пат околу изневерувањето.
Искрено и треба така да се осеќаш. Не го кажувам ова за да ти биде полошо туку баш спротивно. Погрешен лик си додала за пријател според мене. Има типови на кои не им смета да имаат девојка што некој друг нивен другар ја имал (ваљда не се најинтелигентни тие типови), ама според мене тоа е глупа ситуација, посебно ако уште се другари. Е сега замисли ситуација ти се муваш или го фаќаш типов за дечко и неизбежно е да дојдеш во контакт со другар му (твојот бивши)... можеш да им растуриш пријателство така. А зашто? Ваљда за да си докажеш на самата себе си дека си посакувана и дека нема маж кој не може да ти одолее. Кога тогаш ќе налеташ на тврд орев кој ќе те приземји... ете си налетала, а сега... уживај и фати си некој од додворувачите. Лепа си и млада така тврдиш, можеш да бираш. Не ја нуди љубовта и лепотата таму кај што не ти е прифатена. Move on girl. Има многу риби во морето и по некоја ајкула... пази кај пливаш да не нае*еш. Spoiler Затоа што длабоко во себе имаме перверзна имагинација и очекуваме 18+ фотки во четот, слики кои сигурно нема да стојат на профилот. Во превод: од тебе се очекуваат пожешки слики во четот.
со дечко ми идеме пола година ,се караме за се и сешто а не можеме еден без друг. Различни карактери сме; тој ке се налути и до вечер му проаѓа а јас не можам така ке се лутам со денови. Ми буричкал по фб и нашол некој чет со тип со кој немав ништо само пишувавме бидејќи беше од друг град...тоа беше глупост со него , тепање време. Сеа на дечко ми му смета што не сум толку мила и емотивна како со типот. А тоа беше лани. Не можам после секоја караница јас да бидам мила. Него тоа премногу му смета ама колку и да објаснувам за типот од минатото тој мисли дека е нешто повеќе од него и дека само го исмејубам. Не знам на дечко ми му смета што не ги употребувам истите зборови и не сум толку емотивна .Не знам што да правам повеќе
Не мораш апла голи слики, ама нешто провокативноооооооооооо што ќе генерира интерес за уште повеќе слики и уште поголи. Пази какви слики праќаш на твоја одговорност е тоа, немој после да се вадиш на фемина си прочитала. Пошто е лето, можеш да праќаш жешки слики. Имаш перфектен изговор дека е лето и затоа си се разголила. Spoiler Алтернативно, и многу поawesome solution е да ги блокираш таквите машки што ти бараат слики во чет или да ги оставиш на seen и д*кање. Подобро така отколку да се најдеш на 18+ сајт со твоја фоткица или во нечија приватна порно колекција. Знам дека си паметна и како ќе постапиш, ама советов е за други цуркици кои сметаат дека мора со голото тело да докажат убавина. Не е така, a woman can be beautiful in many ways. Ете тоа би било продолжение на мојот совет.
Спојлерот ти е топ.. Никогаш досега не сум праќала такви слики, и ако пратам тоа се секогаш онака нормални без голотии.. Но тие се палат и на тие нормалните хахахах
Мое лично мислење, иако сум женско е дека сметаат ако е помала нема многу искуство, што значи дека полесно би потпаднала под нивно влијание. Некои мажи сакаат да бидат доминантни во врска и затоа бараат пасивни девојки. Се разбира, таков однос не е здрав и се ќе експллодира по некое време, ама тоа е друга тема.
Не само мажите што бираат помлади туку и ние жените бираме повозрасни партнери. Јас лично бирам така. Имам видено како е со врсник и уште еднаш, не фала. 7-8 години разлика ми е идеално за здрав и нормален однос.
Имам еден другар, подолго се дружиме. Пред година-две, тој сакаше да сме заедно, но јас имав лични проблеми и неможев да се впуштам во врска. Сега јас сакам да сме заедно, но тој ми рече дека ме преболел. Настрана сево ова, се дружиме редовно, си се разбираме, све ни оди супер. Но, во последно време му се свиѓа една девојка за која бараше совет од мене како да постапи, како да и пријде. Стиснав заби, насмеана се тоа му дадов совети, после што се изнаплакав, мој проблем. Но, многу ми беше чудно што додека ги опишуваше нејзините особини кои му се допаѓаат, ги споредуваше со мене. Ми вели - слуша музика како тебе, се облекува како тебе, во насмевката е слична како тебе, кога зборува ме потсеќа на тебе итн. Тоа што не ми е јасно е, ако нему му се допаѓа некоја како мене, зошто не е со мене? Многу ме интересираат мислења и од машки и од женски.