Ооо, па види, целото мое мислење се базираше на претпоставката дека ти си несигурна во себе... Доколку не е така, заборави се’ што ти пишав, и само напред, избаци му се и покани го во живо! (само во меѓувреме пази да не се сопнеш пред него )
Name искрено не е важно како ќе го повикаш, т.е. преку кој вид на комуникација, туку поважен е начинот на кој што ќе го повикаш, т.е. зборовите што ќе му ѓи кажеш....Ќе гледаш да не е онака ептен официјален ДЕЈТ, туку баш онака кафица за да се зезате....Еве да речеме на мсн, си пишувате нешто и само му викаш, ејјј ми се пие кафе....ајде ако си за.....значи едноставно тоа.....истото можеш да го употребиш и во живо....леле цел ден неам пиено кафе, ајде ако си за.....толку....баш е спонтано, невино, не покажува никакви намери за состанок ....
Како боли помалце...."Ти раскинувам зашто те изварав и жал ми е" или "Нешто е сменето, не сум сигурна што сакам и осеќам, па подобро да не се гледаме, заслужуваш повеќе"..?
првото - ИСКРЕНО Е, НЕ Е ЛАГА !!!!!! Со второто му даваш надеж !!!!! Повеќе ќе те цени ако му ја кажеш вистинската причина, од колку дека не си сигурна што осеќаш и такви сра.а
Не е веќе прашањето која е поболна, туку е ти да испаднеш морална личност што колку толку на еден начин ќе си го зачува интегритетот што си искрена со него...!!!
Најверојатно и двата начина ќе бидат доста болни, така да можеш да си останеш искрена и да си признаеш. Само не му почнувај со нешто како "јас не те заслужувам, премногу си добар за мене бидејќи те варав, дрн дрн..." оф топик: еееј глеаш сега што ќе направиш за една размена на лиги? цц ц ц цц
Да најверојатно така би било подобро, барем ќе си знае на што е и нема да се мисли што тргнало на лошо што напраил он за ја да не знам што осеќам ..добро фала И да гледам што направив, што е најбитно типот не вредеше, се залетав ко мало дете по бомбонче
Јас пак не се согласувам. Кога веќе си решила да ставиш крај и не очекуваш прошка тогаш немора целата вистина. Ајде да речеме дека сакаш да продолжите натаму, онака од почеток тогаш нормално - вистината, па ако биде да биде ко што треба. Вака секако е крај, барем направи го побезболен. Со јасен крај, дека нема надеж И нема да те цени повеќе ако дознае дека си го изварала, отколку да му раскинеш зашто не идела работата. Кој би ценел некого ако бил изваран од таа особа? Мистери, ќе зачувува морал откако изварала? Мислам дека е малку доцна за ова
Јас сепак гледам од машка гледна точка....Тоа " незнам што сакам, ми треба време, незнам што чувствувам", се работи кои што секое машко ги мрази, зашто длабоко во себе ќе се надева дека ќе се смират....Му дава лажна надеж со овие зборови...затоа јас лично не ѓи оправдувам
AlicaInWonderland и јас вака размислував, ама очигледно на тој начин само ние жените гледаме. Затоа што од сите другарки ист совет добив (не му признавај во никој случај) , па ме интересираше машко мислење. И стварно за морал дека ќе зачувам, ќе зачувам ако бидам фер и му раскинам, затоа што секако си имав дилеми и пред тоа, па се идеше накај ова... а од друга страна сфаќам Mistery што сакаш да кажеш, сфаќам дека звучи како "блаблабла сакам да раскинеме" , исто како да не сум му дала причина. Во секој случај ги ценам вашите мислења фала на совет.
Сакам да прашам како според вас треба да се пднесува девојка за повторно да го повеќе да го привлече вниманието од дечкото, да биде повеќе посакувана.. едноставно да му биде на прво место?
да го почувствува твоето отсуство и индиферентност !!!!! и да те види со некој друг !!!!!! тоа ти е...ако он сака да си му на прво место, ќе напраи се што треба за да го знаеш ти тоа....а ако несака едноставно нема да му е гајле...
Јааооо somebody stab me, нема да се оддалечи, ако му значиш нема да биде ладнокрвен, ќе сака да те врати назад. Ама ако не му значиш ништо тогаш со предложениот тест само ќе го откриеш тоа. Никогаш да не се плашиш да ги тестираш луѓето што ти значат. Секогаш мора да знаеш каде стоиш кај нив и што се спремни да направат за тебе. Во спротивно може да завршиш во некој свој филм...и повредена
Ако му значиш ќе се потруди, па макар и тебе ти било сеедно за него. Бившиот мој дозна дека сакам со друг и оп, оп си свитка опашката се јави.
Ви благодарам за советите. Ќе го направам ова секако, па ќе ви пишам што било. Знам дека ќе биде друго ако го сменам понашањето, бидејќи еднаш го имам направено тоа, но штом ќе почни и тој да се однесува прекрасно ( а тоа е веднаш, бидејќи многу добро ме познава ), јас повторно си се понашам по старо.