Ти лајкнува пошо сака и ти да му лајкнуваш т.е за да има повеќе лајккчина, не те сака зошто не си му физички атрактивна или барем другарите негови мисла дека не си и постојано е во твоја близина за да му се фали на другарите демек гледајте како ја вртам оваа. А можи исто така и да е екстремно закочено бате со очајни обиди за флерт. 95 % од машките мислат дека девојката е луда по него и први пишуваат така да нема потреба девојката да пишува, а паметните 5 % сфаќаат дека жените се во глобала попаметни и дека имаат виши цели како на пример добивање на популарност. Очаен е затоа што останал сам и нема веќе опции или пак затоа што смета дека ти си му сеуште достапна и си далеку подобра опција од моменталната негова состојба. Кратко и јасно. Моментално е напален и дава до знаење дека сака секс. До некаде си во право да ти кажам оти ко шо гледам досега сите мажи на форумов се или закочени или геј. Тие што не приоѓаат обично се машки што немаат големо искуство со жените па во случај да бидат корпосани ( шансите за тоа се околу 80 %) би западнале во кратка депресија од неколку недели. Во спротивно пишувањето на фб е полесно за оние кои би замрзнале доколку комуницираат во живо (околу 90 % од машката популација). Игнорирањето на пораките е лош начин за да му се даде на некој до знаење дека нема интерес бидејќи се случува девојката навистина да ја нема видено пораката и да не врати па така машките како дотичниот тука влечата инспирација од овие случки. Најдобра опција е разговор во кој девојката директно му кажува дека има дечко и дека не е заинтересирана (не е важно дали има или не), или пак доколку дечкото е сеуште упорен бидејќи слушал за легенди каде што некој типац упорно и пишувал на девојката 2 години и таа го засакала, во тој случај може да се уфрли и некоја полесна навреда со цел оддалечување од типацот. Не ама се стекнуваат чувства евентуално поради големата желба на мажите за влегување во филм (Friends with benefits, no strings attached, etc...). Многу порничи гледање не е на арно бабоо. Проверува дали има кариес. Не мора да одиш до таму за да се сфати дечкото дека го бендисуваш, доста е да го поканиш да излезите некогаш и ако е бистро типче ќе му светни како ден.
Ако не инсистира на средба значи само ја тестира девојката, да види дали сеуште пати по него и дали сеуште го сака. Обично вака прават да си го нахранат егото, особено ако знае дека девојката стварно го сакала. Во нивните глави се врти 'Еј брат, почекај да проверам дали Маре сеуште ме сака. Онака да ја збунам, да и пуштам малку водичка- може ќе се најде во кризен период кога нема која да ебам' Или ако му здосадила сегашната девојка. Кратко и јасно ако бившиот инсистира на средба после некое време- сака да ебе, ако не инсистира- значи сака да си го нахрани егото и да ве чува како резерва. Ако тој навистина сака да е со вас повторно тоа самите ќе го осетите и нема да има потреба да прашувате на форум зошто ви пишал. Не знам до колку сум во право за оваа филозофија, маживе на форумов може слободно да ме корегираат ако не е така.
А чекај малце таа уште ги чита разговорите што тој после тоа ќе и пиши или ќе се напали и ќе му обрни внимание на таквите муабети. Абре аман да не се најдува таа на пуст остров, нема потреба таа да обрнува внимание на таквите муабети, едноставно тоа било поминало. А тоа дали сака тој да ја плесни или легни после тоа односно штом се разделиле, па тој имал прилика нонстоп да ја легнува сега од ко се разделиле ќе ја легнува пффф нелогички јас како машко не би направил таков чекор или можеби па јас сум ограничен од кај да знам ?
Да ве прашам за мислење. Го следам еден дечко на инстаграм, и тој мене. Си лајкнуваме понекогаш. Мислам дека го знам во живо ама не сум сигурна. Знам дека учи на ист универзитет како мене. Мислам дека го имам запознаето така во друштво ама не ми текнува баш најдобро. Нејсе, го имав на инстаграм некој период и денес ми прати покана за пријателство на фб, но сеуште ми нема ништо пишано, дали се познаваме и сл. Се мислам дали само така пријателски праќа по толкав период и на фб пријателство или има нешто повеќе позади тоа. Што мислите вие?
Тебе ти се свиѓа чим олку ја тупиш за еден френд риквест. Ако е дотолку пиши му и ќе ти стане јасно зошто те аднал.
Јас не ја тупам, само барам мислење од машките на форумов затоа што после одреден период ме адднува, нели и за тоа е темава. Тоа е се. Фала што издвои време за коментарот.
Јас мислам дека тој те додал за пријателка на Facebook зошто ти му се допаѓаш на него но се плаши од твојата реакција. Е сега, сигурен сум дека не јадеш луѓe и би ти препорачал да му дадеш до знаење дека не треба да се плаши и дека теренот му е слободен, ако ти се допаѓа нормално. Другите горе-доле ти го дадоа одговорот јас само сакав да ти укажам зошто досега не ти пишал. Има малку страв, али тоа е нормално.
Чујте и почујте! Можеби ова ќе ви звучи детски но ми треба помош. Утре пред да искачи цело мое друштво ќе биде собрано кај бившиот. Тој лично не ме покани но другите инсистираат да одам. Океј е ќе одам. Таму ќе биде и неговата симпатија! Што да правам како да се поставам. Голем предизвик ми е тоа ко на тапет да сум пред цело друштво. Помагајте ајде.
Душо непоканет гостин зад врата седи . Не си поканета , а и глупо ке се осекаш ако одиш , како 13 прасе ... Како си сакаш , ама мој совет е да не одиш .... Излези си со другарка на некое друго место.
И тогаш имаше и јас имам и така тоа не е проблемот. Проблемот е мојот став кон тоа како да се поставам.
И јас ќе ти речам да не одиш, тој може дошол кај тебе на роденден но ете не сте се смириле после тоа. И двајцата сте тргнале по друг пат. Ако сакаш да му честиташ роденден направи го тоа сама, ако сакаш да одиш тогаш ајде што не си поканета можеш и него да му ја расипеш работата со новата симпатија.