Е и јас ја имам таа дилема ахаххахах. Ќе излегуваме,ќе се дружиме со другарки и ќе бидеме трпеливи. Тоа што треба да си дојде ќе си дојде кога ќе му биде време. Не се брзај, не е тоа се на светот. Побитно е да се пронајдеш себе си. Колку повеќе сакаш одма дечко можеби ќе брзаш и ќе најдеш некој кој не треба и нема да бидеш среќна. Почекај додека не запознаеш некој кој ќе предизвика убави чувства во тебе.
Нее, го викам на вечера, па го гребам, и на крај уште и ми се жали јако сум гризала. Све лигуши бре! Едит: Само од мужи примам совети. Од жени само тролање може, као @Dust што ме ребра.
И доаѓа келнерот на @Gosh и и вика: Дечконо од шанкот прашува што пиеш? Гош: Крв * И после зошто немала дечко
Секој е способен сам да си фати дечко, нема некој друг да го фати за тебе. Ако некој ти се приближи поразговарај,ако е ок можеби ќе биде нешто повеќе. Ако не ти се свиѓа воопшто, немој да се фаќаш со некој само за да имаш дечко! Ако пак тебе некој ти се свиѓа ти си таа која прва ќе се приближиш, ќе направиш контакт со очите, ќе се насмевнеш и ќе се охрабриш да поразговараш. Можеби е срамежлив не губи одма надеж. И најбитно од се: Да се биде сингл не е болест, ако се сите во врска не значи дека мораш и ти. Затоа немој со било кого ради реда, биди со некој кој еден ден ќе го сакаш.
ЈАКООООООООООООООООООООО е ова...леле ке пукнам..хаххаххахаа... Убаво ми почна утрово, со смеење од срце
Здравооо на сите. Од скоро во нашето друштво се приклучи еден тип, и тој почна да излегува со нас секаде да оди, инаку брачед на другаркава. Јас ептен се заимав со него. И кога не сме излезени сите заедно јас и тој обавезно се слушаме барем еднаш во денот, си пишуваме и така натаму. Мене тој почна многу да ми се свиѓа, и сумм многу приметлива мислам дека тој тоа го има забележано но ништо не кажува. Но не мислам дека и јас нему му се свиѓам бидејќи не покажал такво нешто, но имам забележано дека многу се лути за ситници, на пример ако не му се јавам ако не му пишам и послее со денови го нема , многу долго држи лутина во себе. А тоа време баш би можеле да го искористиме да бидеме заедно ако има интерес и кај двајцата ( од моја страна веќе има ) , а не да се лути за ситници. Како би го сватиле ова?
Плачи за внимание типот. Ајде женско така да се однесуваше ќе разберев, макар што претерана е таа лутина која нема основа, бидејќи не сте заедно. А замисли да започнете нешто, тој штом е таков за се ќе се лути. Секако, се надевам и ти не враќаш на пораките многу касно па да се чувствува одбиен. Сепак, дали само лутината е тука во прашање или можеби е зафатен па касно ти враќа? Но, штом се слушате и надвор од друштвото сигурно има нешто во работава.
Не е зафатен, лутина е во прашање. Имам чувство како да сака стално да бидам достапна за него, а јас не сум, не ретко се случува касно да му враќам на пораки, да не му се јавам во денот да не му пишам, и баш поради тоа што и јас како тебе ја сметам таа лутина како неоснована , бидејќи нит ми е дечко , ниту ми покажал дека му се допаѓам, а се лути ???
Објасни му дека си зафатена и дека не е намерно тоа што враќаш касно. Нека не го зема тоа за зло, знаеме дека не можеме 24/7 да сме онлајн или телефонот да ни е во рака секој миг. Ако сакаш да започнеш нешто со него мора да си иницијатор според мене. Можеби тој мисли дека не сакаш нешто со него па остава да сте пријатели. Викаш се приметува дека ти се допаѓа, во тој случај можеби само дава време да се запознаете подобро.
Приметливо е многу убаво дека го свиѓам и дека сакам нешто повеќе со него. Лут е само кога прави така, а кога ќе се слушнеме се однесува како ништо да не е/ни да е било.
Дечкото може и да не плаче за внимание. Мене ми изгледа дека и ти му се допаѓаш на него. Како и да е факт е дека дечкото е уште и како да кажам незрел и можно е ти да си му прва. Разговарај со него и објасни му дека не можеш секогаш да бидеш достапна зошто си зафатена, биди искрена и замоли го да најде разбирање.
Јас можам да кажам дека еднаш се осмелив на такво нешти и неуспешно беше.Имаше еден дечко, секое сабајле се возевме во ист автобус и толку многу ми се свиѓаше , што кога ќе се качеше во автобусот , мене нозете ми се тресеа.И некако го начекав, го пресретнав на враќање накај дома( и тоа научив, кога се враќа, каде се симнува ) и го застанав на сред улица и му реков здраво - здраво ми рече......да се запознаеме може?....Може... , ми се претстави како се вика и јас му се претставив и си замина.Толку! И си реков од тогаш, не се летам по ниедно машко, некој нека се полета по мене(па и поубаво е чувството кога знаеш дека некој е заинтересиран за тебе).