Земи ја другарка ти и нека му рече, дечко дојди другарка ми сака да ти подари ружа Барем ќе се изнасмее Така се упознавме со една далечната 2012 Друга опција, гледај да го начекаш како гледа у билборд политички и речи му "И ти ли се смееш на политичариве". Заедно смеј се со него и погледите нека ви се сретнат Ама ова тешко ќе ти упали, пошо не сме 2014 и на билборд го нема Ѓорѓе Иванов на кој пишува храбро, сигурно и борбено
треба да искочам со еден до сега се знаевме ама не сме имале ништо ова ќе ни биде прв дејт.јас имам 19 тој 21,но ми има кажано дека уште на првиот дејт сака секс,а мн ми се свиѓа и сакам да искочиме.некој советт?
Очигледно е дека на типот му е дојдено само до тоа да има секс со тебе и ништо повеќе. Барем бил директен и без заобиколување ти го кажал тоа но ако планираш да градиш сериозна врска тогаш ти препорачувам да си бараш друг и да го заборавиш овој зошто има во план само да те третира како секс-играчка и ништо повеќе. Барај си човек кој има намера да не те третира како секс-играчка.
Никогаш не сум и раскажувал на некоја за бивши. Се случило ако сум запрашан да и одговорам со краток и искрен одговор. Има еден куп теми за муабетење кој се многу по добри за врската од муабет за бивши.
Вака дечки во една друга тема имав пишано дека мис е допаѓа дечко кој има 30 години, а јас имам 19. Му пуштив понуда на фб, ме прифати, му лајкнав неколку слики и му пратив смајли на чат. Ми врати, започнавме разговор се покажа како доста фин и културен дечко. Муабетот ни одеше навистина добро, се испостави дека имаме доста заеднички теми и слично размислуваме. Ми рече дека можеме да се напиеме кафе следната недела ама од тогаш минаа 3 недели и него никаде го нема, ниту ми има пишано ниту ништо. Дали е во ред да му пишам уште еднаш прва или сепак не? Не сакам да излезам лесна досадна и напорна женска Што мислите вие?
Штом не ти пишал претпоставувавм дека се предомислил. Да чека на тебе да му пишеш не верувам, би требало да е доволно зрел. Но, ако те копка која е причината можеш само да му напишеш те поздравувавм само, долго не сме пишале, се надевам добро си. Ако сака средба сам ќе ти напише. (Советов од женска страна. )
Lets just put this in here. Имаш празен период кај што никој околу тебе не ти се свиѓа. Тој период трае прилично долго. Конечно решаваш да си дозволиш самата на себе да засвиѓаш некој, се разбира наоѓаш и тој : - е педер - има девојка - уште ја сака бившата - само што излегол од долгогодишна врска и не сака ништо сериозно - е женкар - не е заинтересиран - помлад е 10 години - постар е 15 години - пред женење е и т.н. И ти си ко кај ги наоѓам јас се ваквите. Мислам дека е ретко да се најде некој што ќе биде исто заинтересиран колку што сте и вие. Timing is everything.
Здраво порано пишував овде, прашањето ми бесе дали вие посилните би излегувале со девојка која е поголема 3 години. Имаше одговори од стилот -да, зошто да не,поубаво е со постара/поискусна/повозрасна. Е сега, ситуацијата е ваква: Пред да замине во Австрија, се смувавме. Ми пиша дека стигнале, и секој ден си пишуваме. Ако го оставам на сеен или не му вратам 8-10 часа-додека сум на раб. како и да е, ми пишува веднаш сеен,или што ми се лутиш. Бев нешто изнервирана од работата и ми вели сакаш да те расположам, си доаѓам на 10 дена во Јануари. Па не сум се израдувала...Симпатичен е да. Не можам да го проценам уствари што сака/планира. Во саботата ми пишува добра ноч, и ми прача слики како оваа и се искл. Може му се ебка...хаха. Сепак ја не сакам секс,барем сега за сега со него. Некој совет. Затоа го остава на сеен малку на игнор. Тогаш од шминкава му останала мала флека, и ми ја споменуваше, па потоа знае дека обожавам мартини,лајкот од фб го смени така. Што мислите?
тој 21 ти 24 и ти си многу зрела ... па искрено да ти кажам и тој и било кој односно и ти да си во австралија или било каде подалеку небаре би одрзувала врска на далечина, јас мислам дека минаа тие времиња на таква лојалност на дечково му е за кога ќе си дојде да има занимација и да си поминува убаво
Абе сеа мал незрел. Имам една другарка почна врска на истиве години (тој 21 таа 24) од различни градови се, па ене ги година и нешто функционираат. Мене помалите потенцијални ми се погодиле се некои незрели дечиња и не ни давам шанса особено не на 3 год помали. Конкретно за тебе, не очекувај мн од него. Ве дели далечината и различен начин на живот. Ете тие 10 дена во јануари уживајте. Ама не се заљубувај и не очекувај ништо од него за да не се разочараш.