Не, за голема среќа не сум јас. Зошто ја запросил ако сака да се плеска со други? Што ако таа еден ден дознае сѐ и сѐ што граделе со години пропадне во вода? Или можеби му здосадила сите овие години, па се решил на ваков чекор ? Најверојатно и претходно ја варал со други... Јас лично, ако сакам некој толку многу, никогаш не би погледнала друг.
Она веќе и сигурно знае, ама никогаш нема да го остави. Да има и такви луѓе и мене ми беше несфатливо како можат така... ама тоа е. А ја запросил за да има пред луѓе да покажува жена, дека не е стар ерген. Луда работа знам... А да го прашаш него дали ја сака жена му тој без размислување ќе каже дека ја сака, ама плеска се живо и диво. За такви луѓе сексот си е само секс. Не се ни обидувај да сфатиш.
Па мора да се запознаеш најосновно. Каде живееш што правиш како се викаш да си размениш основни информации па после да се договориш за да се видите а и башка тоа мене ми е лична слика незнам што е толку сомнително
Искрено јас не би стапила во брак ако предвреме дознаам за неверство. И да не знае, подобро би било да биде известена за да знае со кого утре ќе биде во брак. Или пак, знае па е премногу глупава личност што премижува неверство само за да не биде сама и етикетирана како стара мома.
Ako e taka toa malce e neuctivo sto ce bidi ako se zapoznaes ako prasas kako si sto pravis ako razmenis nekoe mislenje da pies kafe. Cudo golemo nekoj ne sakal da se zapoznava po forumi. Jas ako sakam da se zapoznaam so tebe primer ti od Sk jas od Pp kako ce se zapoznaeme mora da se dogovorime da razmenime mislenje da i da se vidime na kafe.
@ELIDavor А која е потребата да се запознаваш со некого на форум? Божем во кафичи нема луѓе?! Некои си ја почитуваат анонимноста и уживаат во неа. Треба да се прифати тоа како такво.
Тоа се тоа тие сељаци што на крај ке завршат со сами , разведени , со пивски стомак , забрадени, целите смрдосани од алкохол , у некоја кафана ... Пиши пропало од вакви сељаци , но исто така и тие девојчици да им е јасно дека штом дечковците ги вараат , во брак ке бидат бетер , и ке завршат како разведена со неколку деца што ке кука дека бившиот маж не и плака алиментација . Тужна прича у сваки случај !
Зошто да е неучтиво? Како што кажа Даст, некои преферираат да бидат анономни и немаат баш желба да запознаваат други членови во живо. А тоа не треба да биде сфатено како навреда од другата страна.
Најкратко и најискрено : Да не ја изневерувал, немало ни да ја запроси. Мн често одредени „неверства“ или „бркање на страна“ (какви и да се и што и да значи тоа) се причина за опстојување на врска/брак. Сфатете го како сакате, обвинувајте и слично но лично познавам луѓе кои биле дел од вакво нешто па ја одржале/додржале врската/бракот во добра кондиција. Второ, си дознала дека ТОЈ ја изневерува што не значи дека истото не го направила или прави девојката. Тоа што не си дознала и за неа не значи дека таа е „чиста како солза“ односно дека не се дрзнала да изневери или пак ред други работи кои ја загрозуваат врската. Не верувам дека таа така слепо го сака и му верува и дека и покрај тоа што „знае“ дека ја изневерува, така на „лепе очи“ му ги прифаќа „форите“. Појавава е толку честа и распространета што е веќе секојдневие и иако е негативна луѓево си ја практикуваат од разни причини (една спомната погоре). Од толку што се практикува има доволно искуства и совети за полесно „справување“ со ова без истото да е фатално. Зошто се случува ова? - не верувам дека постои „точен“ одговор. Ако некој го прави тоа(да ја изневеруваш идната сопруга)за да биде фраер - пациент со тешка дијагноза (ги има ама со надеж сум дека се истребуваат полека) а за се останато ценете од случај до случај.
1. Биди си своја 2. Ако веќе некој ти се додворува биди искрена со него дај шанса и доколку почнува нешто да смрди седни со особата на муабет и реши го во четири очи . 3, ако сакаш маж исклучиго сексот односно одогловлекувај некое време за да: се осигураш дека си бр 1. а на ХХ р.б од некоја листа, мажот треба да е повеќе од секс тои 4. Види да не си ставила некој што ти одговара и што те свиѓал во френд зоне 5. Заради секундарни и брзо минливи задоволства не ја трампај првата и основна замисла 6. Може е последно но најважно Љуби искрено со цело срце со цела помисла но не губи глава ИСкрено ти посакувам да ти навлезе некоја личност во длабоките комори на срцето и да се раскомоти а и ти кај него.
Еднаш се запознавме,ептен случајно бевме на иста маса нс кратоко ме праша зошто не ме гледал често но неговата женска ни го прекина маабетот, тој тогаш беше во врска и баш ми беше жал баш знам дека тогаш ме додаде и на фб и толку беше ... сега после толку години е слободен и гледам дека почесто ми става лајкови но тој многу ретко објавува и на фб и на инста..... ногу ми е глупо незнам еве роденден му е наскоро па тоа е шанса