@"Zoki" престани да проектираш. Мене ме изреволтира тоа што наместо да дадеш мислење од машка страна зошто машкото изреагирало така, ти ја прашуваш девојката дали сите ги поминала па знае дека сите се исти? А девојчето никаде не напиша дека сите се исти и идиоти. Немој молим те немаше никаква потреба да го напишеш тоа. А кажав дека ми се повраќа од прашањето 'си ги поминала сите па знаеш', не од твојот пост. Не ме прави будала ако самиот чувствуваш вина за некои твои постапки од минатото, па сите жени ти се виновни.
Подобро да му спомнеш дека му фрлила окце, да видиш како ќе изреагира, потоа секако нека го додаде на фб.
Не сум маж ама работата е што кога ќе станат "сигурни" (т.е. тие така мислат дека се сигурни) дека сме им целосно предадени мислат дека ќе ги трпиме сите нивни испади, поточно ние сме "должни" да ги трпиме. Некои ќе останат, а некои ќе ги шутнат и ќе се лигават после по нив, ќе гледаат да ја поправат ситуацијата, ќе глумат невиност..
Ми треба совет. Вака се гледав со еден дечко година и нешто и нашиот однос беше онака насамо , ама нема врска некои другари негови знаеа за мене. И мене тоа ми пречеше и цело време се каравме за тоа бидејќи многу итро ми го избегнуваше одговорт зошто неќе јавно.И стопати ке преќинев и тој пак ме бараше, ќе се смиревме ,ама во тој поглед никакво подобрување. И една вечер ми пукна филмот и прекратив и пак ме бараше ама си стоев на моето. Е сега помина некоја пола година и тој фана женска но пред некое време пак ми се јави да се видиме и да ми мота филмови од минатото. Нормално не се согласив ,не сакам да се мешам во врска , и следната ден одма објавува слика со женската , мада е тип што не става многу такви ствари и кога гледа дека не реагирам пробува преку лајкови такви ствари да ми наговестува дека он постои. Што мислите што е причината за тоа ?
По свадба тапани ти е ова. Можеби со другата не му е погодено па решил да чепка по минатото. Остави го, штом толкав период сакал да се криете, сигурно сега нема да се предомисли. Ќе си игра со двете.
Јас мислам дека ти не треба воопшто да се оптеретуваш со минатото зошто сепак, тој не е минато без причина. Ти си обидела да ја дознаеш причината, тој не ти дал одговор кога сте биле во врска, да имало некоја ептен добра причина поради која треба да се направи исклучок ајде де, донекаде ќе сфатам. Чим не ти дал одоговор тогаш тоа не е во ред и нема потреба понатаму да се оптеретуваш со него. И мене лично би ми сметало некој да сака да ја држи врската во тајност.
Сегашниот дечко ме бакна на првиот дејт Едвај чекав Во ред е и да не те бакне, се зависи од личноста, колку го сака тоа, колку го сакаш ти тоа.
Само со усни на кратко, обично 2-3 пати и за на крај може едно MWA баш. Али тоа последното може да биде и по образ. Така мислам е по кул дека има повеќе buildup за до наредното видување, и некако повеќе ќе си го мислиш.
Сè зависи од човекот каков е. Ако е некој кој сака да ја тера полека работата тогаш не избрзувај, терај и ти пополека, чекор по чекор. Само ти можеш да го процениш тој. Дај повеќе информации, па можеби и ќе можам да ти помогнам повеќе со совет.
Па имаше бакнеж ама бакнеж во образ. Ја почувствував неговата блискост но сепак до одредена граница. Спонтано му беше однесувањето.
Чим си ја почувствувала неговата блискост до одредена граница и имало само на почетокот нормален бакнеж тогаш според мене најдобро би било да одиш пополека и да се отвораш карактерно пополека на него. Сака да те запознае од внатре каква си, јас барем така мислам. Со среќа.