Ние се излапавме на првиот дејт и тоа од глава до пети, па ете две години врска имаме Нема врска мислењето на машкото за девојката дали е лесна или не само заради едно лапање Освен ако е некој заостанат... Ако ви се сака, лапајте се и секако ако чувствуваш нешто кон него, а не лапање ради реда
Машки па, и женски членови на форумов МИ ТРЕБА ПОМОШ. Прво - Дали е можно на некое момче да му се допаѓа девојка која е една год постара од него? И дали тоа што избегнува да ме гледа во очи, тоа што има 'smirk' секогаш кога ми зборува, што го врти моливот низ прсти кога зборуваме или кога знае дека го гледам и најважно што го слушнав како негов другар го прашува дали ме свиѓал на коешто тој потврдно одговори ЗНАЧИ ДЕКА СТВАРНО МУ СЕ ДОПАЃАМ?? Јас го свиѓам од кога го видовв прв пат, ама ме интересира зошто ако и тој ме 'свиѓа' не прави никаков чекор кога му зборувам колку би сакала да одам на кино ама немам со кој и слично, туку само нервозно се смее??
Затоа што нема искуство со девојки најверојатно, се срами или е повлечен тип. А тоа што си една година поголема сигурно го прави уште понесигурен. Штом знаеш дека му се допаѓаш зошто ти не превземеш чекор? Покани го на кафе, ете не мора сами но, кога ќе одиш со друштвото викни го и него. Комуницирај и приватно со него, пиши му, најди некој изговор и прашај го некое прашање па развијте разговор. Јас мислам дека може и не е сигурен дали тој тебе ти се допаѓа но, по пишаново мислам дека се срами и има трема пред тебе.
Фала тии многу❤️ Дефинитивно правам напори да го викнам да излеземе, само што и мене ми е срам... Ах, а има ли врска тоа што е математичар? Али онака хардкор математичар со дипломи и освоени први места
Не, нема врска тоа. Но, ми изгледа како затворен, срамежлив тип, затоа иницијативата нека биде од твоја страна, после тоа би требало да се опушти.
Годините за привлечност не играат улога,бар кај мене и многу луѓе што ги познавам,а и една година не е многу. Тоа што не те погледнува во очи може да биде како што ти пиша членката погоре. Нервозно што се смее е љубоморен на тебе,збунет е човекот незнае што да прави дали да ти каже или не,и си мисли што ако го одбиеш. И јас сум за ти да бидеш иницијаторотсрамот остави го,нека не ти е срам Ајде со среќа заљубена девојко
Ај да ги прашам машките па и женските. Ова не е проблем но имав дискусија со другарка која ме изреволтира и ме натера да прашам. Таа повредена од неколку мажи не верува повеќе никому. Ја знаете таа изреката - Ќе се изгориш од млеко па ќе дуваш и од јогурт и нормално дека ќе биде претпазлива. Во двете врски последни кои ги имала до сега имала проблем со чудни дечки. - Едниот воопшто не ја опсипувал со внимание, ја лажел, бил љубоморен, изневерувал. Ајде некако со молење, плачење ставила крај. - Другиот пак на почеток и покажувал колку ја сакал, правел заеднички планови, ама врска како врска се состои од убави и лоши моменти. Тој некако се променил, нејзе ја излудува. Ја тешам дека ниту мојата, па ниту некоја друга врска не е совршена но таа е убедена дека машките кога ќе се променат тоа според неа значи дека на типот му е здосадено од нејзините муабети, од тоа што го бара на телефон ( реално, не се слушат секој ден, ама знае да се напне кога не и се јави, или не и враќа на пораката) барале причина за кавга па и за крај на врската. Последново почна и мене да ме копка и да се запрашам што ако е во право? До кој степен на невнимание од партнерот треба да се толерира, дали игнорот од нејзина страна ќе помогне? Искрено, го поставувам прашањето бидејќи се плашам за нејзе. Една од врските и заврши лошо, беше до степен на нервен слом кога се вмешаа и други а типот постојано кон нејзе се однесуваше лошо и покрај се што и нејзините направија за него, не сакам овој пат да погреши во одлуките.
@JustFun Нема потреба да не верува повеќе на никого. Но ќе се однесува во иднина како нејзините партнери што прават спрема нејзе, нека не дава дознаење на машко дека трча по него,а мислам и нема потреба да доживува нервен слом,или солзи за некој што не му значиш ништо. Не вреди за некој да плаче. А инаку игнор со игнор се возвраќа ако не и се јави нека чека тој да се јави и сл.. А ова со телефонот што не се јавува искрено има моменти кога човек не може да разговара,на работа е или не е во состојба да одговори на повик. А упорноста на другиот му ствара нервоза. Само лагано другарката нека не се впушта одма во емоции инаку ќе си пати. И со телефоните еднаш нека ѕвони ако не и се јави нека не биде упорна
Се согласувам со @"Zoki". И јас многи мразам ако не кренам одма некој упорно да ѕвони. Значи имам моментално некоја работа и не можам да кренам. Голема грешка ви е што ни малце не сте недостижни за маживи. Па барем глумете по ладно и понедостапно, никој не сака лесен плен. Мислам барем и кај мене е така, не сакам дечко и кој цело време ќе ми оди по кејф. И да ќе свртам ама ако не ми крене не вртам додека не се јави он. Се што е нападно е одбивно.
Јас мислам да... битно е. Мене ова би ми било знак дека нешто не штима. Треба да направи отворен муабет да провери до кај им е врската, Во однос на стравот ...мора да го редефинираме начинот на кој ги гледаме врските. Не секој ќе има можност во животот да има една долга совршена врска. Некој нема да има воопшто. Може другаркати е таква. Тоа не е ништо лошо. Нема што да се плашиш од тоа. Нема грешка во тоа што си дала шанса да искуси нешто подобро од предходното. Грешка е ако остане во врска што повеќе не ја исполнува. Можеби се разишле, можеби згасала љубовта... се е можно. Во тој случај глава горе и се тера далје.
Koga masko samo ti redi pogledi,a ne prezema nisto okolu tebe,kazete toa kako da go svatam,neznaes dali e zaenterisirsn ili ne.
Вака: има еден тип кој ме знае од кога постојам. Родителите ни беа (далечно минато најдобри пријатели сега немаат баш добар однос). Мене он ми се свиѓаше од мала прва симпатија Сега по 23 години се наоѓавме на социјалните мрежи и оп привлечност, него го фасцинираше ја како сум изгледала дури и беше позитивно мноооогу изненаден ..Типот е постар од мене 10 години, разговараме веќе 1 година он ми кажуваше дека имал 7 годишна врска па сега ужива во слободата со останати девојки кои исто сакаат само провод и секс,а му имам напоменато дека тој начин на живот не е во мој фазон. Од тие причини ја избегавам дејт со него, али сега и него му здосади само провод, забава, секс итн.. Секој сака некој да погали, да спие, да се разбудва со него, филм..романтика па кај ме најде мене, Не велам дека сум цвеќе за мирисање флертувам и то како и сакам и то како но од друга страна се плашам да одам на ризик, каде, како, што..па да не се јават некои емоции, а верувајте не сум во состојба да кинам живци. Што би направиле?
Баш разговаравме на таа тема пред некој ден, он започна како би сакал да си сега овде итн.. па јас и што , што ќе правевме? - Он: па ќе се гушкавме, гледавме филм, возевме..ќе правевме се што сакаш да правиме. - Јас : а пријателките?? - Он епа тогаш нема да има веќе пријателки, а и онака не осеќам ништо кон нив, да осеќав сега би бил во врска.
Значи сака врска, односно би сакал да проба со тебе. Ако и ти чувствуваш барем најмала привлечност пробај, можеби нешто убаво ќе испадне.
Секако дека чувстувам, но не сакам да идам на ризик. Перфекционст сум ваљда тоа мие најголема мана, а и што ако од таа привлечност се појават емоции...Ти би идела на ризик и покрај тоа што сега знаеш дека е со некоја друга и прави кој знае што? Заборавив да напомен дека почнува да искажува некоја доза на љубомора и заинтересираност пример дали само со него пишувам.