Никогаш не сум вртел по телефон на бивши девојки доколку во тој момент сум во врска. Ако сме се виделе у град онака на поминување случајно,а не сум бил во врска во тој момент, обично сме оделе на по една пијачка,онака чисто другарски.Тоа што не ни било пишано не значи дека треба да се однесуваме како комплетни странци,нормално во зависност од тоа на кој начин сме раскинале и генерално какво мислење имам за неа. Во твојов конкретен случај можам да ти кажам дека или дечкото до уши е заљубен у тебе,или те гледа комплетно другарски.Муабетов ми е, нема измеѓу.Ако добиваш впечаток дека можеби е малце заљубен во тебе,малце као другарски се однесува би ти рекол не биди во заблуда.Во вакви ситуации нема пола вино,пола вода.Машко што е во врска со друга девојка,за да дигне телефон на бивша девојка,треба прво да си го проголта сопственото его.Зошто би го направил тоа? Затоа што има многу високо мислење за тебе,и спремен е да се издигне над одредени "суптилни отерувања у курац" од твоја страна.
Кое е најдоброто однесување во случај на блиска средба со бившиот, онака да му дадеш до знаење дека си потполно рамнодушна и незаинтересирана
Убаво така ама... кога тој ќе ти пријде за муабет изгледај како стварно да те интересира, и после коа ќе стартува со муабетот на сред пресечи го и, кажи му дека мораш да одиш, или дека те чекаат другарките, итн итн...и си заминуваш без никаков поздрав, само чао и крај...
Не паѓај на ѕвезди... И самата го кажа твоето мислење дека нема поента после толку време пак да сте заедно...Мене лично ми се случувало многу пати, меѓутоа само за кратко... тоа што ти го чувствуваш се спомените од поминатото време заедно(барем мое мислење)... иако сеуште помислата пробудува некои чувства, продолжи и не се врти назад... ако требало нешто да се случи би се случило многу порано, никој не би чекал 9 месеци доколку е сериозен...
Зошто со сите машки со кои се мувам една или две вечери веќе на наредната мислат на секс со мене? Само за тоа сум?? Во мене е проблемот, или? Од тоа неможам дечко да си најдам, од тој глупав секс аман веќе
Па ти на што сакаш да мислат откако ќе се "муваш" со нив за една вечер Ако сакаш да имаш сериозна врска да ти кажам дека ретко кој ја почнал со мување за една вечер, почекај, убавината е во тоа да почуствуваш дека во некого си навистина заљубена па полека и внимателно да го освоиш, да направиш да му се допаѓаш и накрај да ги запознае и твоите "други" квалитети како личност која вреди и заслужува да биде покрај него
Дубоко се извињавам ама ме интересира,дали ако ја играш истата игра со оној кој ти се допага дека си незаинтересиран пали?каков против отров треба да направиш е потребно за вакво однесување?
ако он стварно не е заинтересован - не пали !!!!! хмммм....што треба да направиш.....а малце повеќе детаљи да ни кажеш? знае дека ти се допаѓа, знаеш дека е заинтересиран за тебе? дај малце позадина па ќе најдеме ПРОТИВ ОТРОВ
Па вака.Имав со него мување,само на тоа останавме ама јас го засакав премногу имавме неколку расправии ама јас му ветив дека ке се изменам заради мене и заради него зошто му пречи мојата агресија.Знае дека го сакам и ми рече дека не е за мене зошто би можел да ме повреди(што е и вистина ме повреди пред некој период)секогаш кога му пишам знае да ме откачи по што кога ме нема да му се јавам ме бара последните два дена ми кажа дека е зафатен со учење.Океј не го барав тој период но кога ми се јави последен пат беше ладнокрвен кон мене а јас бев онака секогаш спремна за разговор.Некогаш делува заинтересиран некогаш не,а тоа многу ме буни.Јас ако се однесувам ко него ке се налути.Пред некој период имавме одличен однос ама не бива ако не се замеша трета личност.Тоа веке речиси и во секоја врска го има во последно време.Сето тоа згасна.Сакам да го вратам тој период и да го имам како пријател значи не сакам да го загубам не мора да ми биде дечко.Го сакам стариот период кога ме бараше и ми се јавуваше.Мене искрено почнува да ме фака страв да го побарам онака за разговор.
Саја, можда оној погоре одговорот повеќе да ти се свиѓа, ама сори ова е тоа тоа од искуство единствена причина поради која некој со кого си била претходно те побарал е 1. те видел некаде со актуелниот дечко, па проработило егото 2. просто да чул нешто негде за тебе или нешто се случило што го потсетило .... 3. го оставиле и се случило нешто од овие двеве други нешта или просто бе го оставиле, а ти си му највеча љубав . Али верувај нешто што се завршило пред толку време и имало некој измеѓу... многу веројатно е дека сега му треба некој за лечење рани, пошто тој да, си мисли дека ти си најдоброто нешто во неговиот живот.... отсекогаш си била, ама еееее во заблуда моментално. Убеден е и ќе те убедува дека не е така, пошто во главата му е некако поинаку сето тоа, дека ти си девојката што ја сакал најмногу, што е нормално пошто пукнала онаа врска, нема нешто друго битно, а ти си била вистина најбитното до моментов во неговиот живот, па се преиспитувал дрн дрн....али е само заблуда! Па ќе биде прашањето кој од вас прв ќе сфати дека е заблуда и кој кого ќе повреди овој пат.
хмммм....вака....не му звони прва...штом после одредено време знае да те побара, кога ќе те побара, договори се да се видите....кога ќе се видите види на почеток како ќе реагира он и како ќе се однесува, важно како и да е мислам дека треба да разговарате отворено...не му кажувај по телефон дека сакаш да разговарате, туку едноставно договорете се за на кафе и тоа е тоа...од кога ќе седнете на кафе, веќе ќе видиш според неговото однесување како да постапиш...важно разговарајте отворено
Благодарам Мистери за советот,ке те послушам,само не знам дали овој пат ке ме побара и како ке се однесува,не знам.По некогаш посакувам да исчезнам од неговиот живот.Да го заборавам, данајдам друг ама еве го сакам и тешко ми е кога се однесува вака ама веке доволно дозволував.
Прво,не знаеме што биднало т.е. поради кои причини раскинале,и кој го потегнал првиот потег,и што бил мотивот за тоа,дали вистинска друга љубов или пак психолошки игри и играрии од двете страни(ќе си фатам друга девојка да ја направам љубоморна,ќе си фатам друг дечко за да го направам љубоморен). Ако Saya има друг дечко во моментов,тогаш само едно можам да кажам,а тоа е и двајцата многу брзо си нашле нови врски,и уште побрзо изгубиле интерес за истите или пак не се пронаоѓаат.Муабетов ми е,работава ми мириса на врска во која двајцата се белосветски инаети, и никој не попушта.Еден од нив го потегнал првиот потег за играрииве,незнаеме кој. Ако Saya има друг дечко во моментов,тогаш ако вистински го сака новиот дечко,не гледам како е можно да излегува на пиво со бившиот.Очигледно е дека Saya има чувства за бившиот.Дополнителна поткрепа за тоа се деловите "јас пак во недоумица", "бивш(најголема љубов до сега)",и делот "искрено, не ми е сеедно". Како е можно Saya да има силни чувства за бившиот,а да не го исконтактира бившиот, во период од 9 месеци? E,гледаме дека е можно.Истото може да важи и за бившиот. Кога се луѓе во прашање,се е можно.
Тоа што сакаат секс со тебе е прекрасно значи си им сексуално привлечна и те сметаат за згодна (освен ако немаш ептен „отворено“ понашање па да сакаат само да искористат прилика). Престани да се муваш туку ако некој стварно те заинтересира иди на побавен начин со удварање, кафе , шетања во парк итн. Пополека со мувањето и запамти ти имаш контрола и ќе имате секс кога двајцата сакате ама ако сте заљубени ќе ви дојде спонтано .
ајде мажи помагате дали можам да му верувам на дечко ми кој за жал не е во македонија ,вака сега малку по детално веке сме две години во во врска во која што веке три месеци беше во германија ,после тоа беше еден месец во финска па беше во норвешка 4 месеци нормално со доаганје тука на неколку месеци па оденје и сл и секогаш бев 100% сигурна дека не ме вара дека никогас не би отишол со друга ,но веке две недели е повторно во норвешка и ке остане една година ,незнам дали самата помисла дека толку дого ке го нема ме прави несигурна или пак можеби е некое чуство од внатре .казете ми вие кога би биле една година толку далеку дали би направиле некоја си глупост или пак би и останале верни на девојката и дали има шанси овој пат да се слуцни такво нешто .совет!!!
Ajде ако може совет за мојов проблем. Почнавме чисто случајно да се дружиме со колега од факултет. Бевме заедно на еден проект и сфативме дека супер ни оди муабетот имаме многу заеднички работи. Искочивме два-три пати во друштво и супер поминавме. Проектот заврши и сега чат пат правиме муабет на фејсбоок, али онака зафрканции. Не можам никако да го оддредам типов дали ме свиѓа или чисто другарска е целава работа.
Секој маж е различен и може да ти каже само он што би направил така да универзално правило НЕМА. Јас не би изварал девојка која премногу ја сакам и со која имам сериозни планови но познавам повеќе кои би изварале кога би знаеле дека она нема никогаш да дознае. Зависи од маж до маж. Така да следи си ја интуицијата и реагирај сходно на неа но немој однапред да го обвинуваш затоа што е можно воопшто да не му паѓа на памет да те вара посебно ако е многу заљубен во тебе . Ако те свиѓал би требало веќе одамна да те поканел да излезете на кафе така да може и да нема таква намера и да те гледа повеќе другарски. Сепак за мир во душа тестирај го, спомни на следен муабет дека ти се оди на кафе, концерт, изложба и дека ти треба друштво (ќе ти текне нешто верувам) и види како ќе реагира. Ако не реагира најверојатно не планира ништо сериозно а ако се понуди за друштво нема да дозволиш да се разделите без да откриеш што понатаму, се осеќаат такви работи па ќе си знаеш на што си . Помисли дали ти спомнува други девојки или не, и тоа е еден знак дали можеби сепак има чувства за тебе. Јас на пример ако свиѓам типка никогаш не и спомнувам за други а ако спомнам и давам знак дека ја сакам само за другарка. Прејди во акција и дознај си, храброста е доблест .
Машки дај те ми некоја идеја за поклон ?!.. Што вие би сакале да добиете или нешто слично ?! Фала однапред..
Зборуваме за поелегантни поклони, со повод? Рачен часовник, кошула, поскапа колекција, кожен каиш (доколку носи често)...