@Justicija, два месеца не се баш малку, особено ако имате секс. Би ти дала совет ти да ја почнеш темата, и тоа што поскоро зошто вака може да терате уште долго време за на крај да те пресече со зборовите „Ама ние само се дружевме, се забавувавме!“. И нема да е првиот што се понел така педерски.
Се гледам со едно момче некое време , убаво ни е некако ми дава сигнали дека е накај посериозно , но последниве ден два некако едвај ми враќа на пораки , предходно 24 саата комунициравме, има seen нема да врати , па повторно му пишувам нешто рандом враќа , или нема ни да види и ќе го снема наеднаш.Кога сме заедно дечково е залепен за мене ме гушка ме гњави сето тоа , последен пат кога се видовме одоколу свртев на што сме дали само се гледаме, никаков одговор не добив само насмевка а постапките негови друго ми кажуваат.Не се гледа со друга тоа знам , на работа сменски оди, да напоменам возрасни сме јас 27 тој 31 година.Тотално сум збунета , најмногу се нервирам бидејќи многу сум заинтересирана за детево ептен ни тргна. Незнам што да правам и како да постапам ?
@black-angel, истото важи и за тебе тоа што го пишав погоре- инсистирај на одговор. За жал, неговото намерно премолчување кажува многу.
Јас ова си го перцепирам како ај ќе сфати сама дека не треба да ме замара и ќе се повлечам. Ми е гајле, нема ни да му пишам. Имав ист случај абе ѕвезди ми симњаше типот и на крај мисли дека се оправда со зборовите 'многу работам срце' а е 24/7 уклучен. И го баталив.
Не се срамежливи воопшто, само се плашат да ризикуваат. Некои од нив сметаат дека ако отворено флертуваат со девојка, можат лесно да бидат одбиени. Имаат мало, фрагилно его (иако го глумат обратното), и таквото одбивање за нив може да биде болно. Да сумирам, комплекси се во прашање т.е ниска самодоверба.
Како да му се доближам на дечко кој ми има признаено дека бил многу повреден во минатото и има раскрстено со врски? Патем, другари сме, т.е. со тек на време стануваме. Инаку 35 год возраст...
Тешко. Мн тешко. Биди му другарка, не инсистирај на нешто повеќе. Дозволи му сам да развие чувства. После ќе му ја мислиш.
Чувстуваш дека има некоја взаемна привлечност, некој барем мал флерт? Некакво ласкање од негова страна?
Паднавме муабет со пријателка како машките ги толкуваат смајлињата? Поточно кога на некоја девојка и се допаѓате и вратите со смајли Што значи смајлито?
Хмм, Според мене нема. Освен стандардно пријателско однесување. Но, нема ни од моја страна. Премногу е затворен и не сум се осмелила да се обидам... Не дека ме бива за флерт, но ете...
Па пополека можеш да му се доближеш, некој индиректни знаци би го опуштиле. Ако не пробаш нема ни да знаеш, а ти се свиѓа.
Хмм, ако збориш за ситуации каде не се знаете (пример се гледате у диско и слично) неретко се случува да е трема. Ама онака скроз рандом и кога почнуваш така да се осеќаш тапа ти е да и пријдеш зошто има голем ризик да делуваш глупо при такви емоции (во смисла да ти е тивок гласот, да избегнуваш гледање во очи, трепет, мало дткање и сл.), Тоа 99% од времето се избегнува ако се запознаете преку некој или под изговор од типот на барање упаљач (или алкохол како најчест 'лек'). Ама кога треба она апла директно стварно знае да е тапа. Така да не го сфаќај лично или како страв да не го одбиеш, туку повеќе ко некоја глупа рефлексна реакција. Кај девојки мислам истото се слчува непосредно пред секс или ако работите почнат да идат побрзо од очекуваното. Таква некоја рандом трема.
Па не знам баш дали кај сите е рандом трема или постои општо познат страв од одбивање. Заклучоков го имам донесено од разговор со другари, како и со бивши дечко. Ми се допаѓа што во тој поглед машките знаат да бидат поотворени, особено ако се познавате долго време. И двајцата ми имаа признато дека ретко приоѓаат на девојка, т.е оставаат на неа да преземи некој вид иницијатива, баш од горе наведената причина. Бившиот ми призна дека одолговлекувал да ме викне на дејт, затоа што не бил сигурен дали ќе прифатам. Така да, можеби не е единствената причина зошто машко не приоѓа, но дефинитивно има добар број на случаеви. Кај мене се јавувала трема ако осетам дека флертува некој кој баш ми се допаѓа физички. Макар што, ми имаат кажано дека делувало кјут. Од друга страна, сексот со нов партнер секогаш предизвикува непријатност. А најмногу ако не се познавате доволно и не сте опуштени еден со друг.
Хаха, види дефинитивно држи вода се' што пиша. Ама и тешко е да знаеме што е причина што последица :/ Пример иам другар што вика еј со онаа се гледаме ама од кај ја знам ако и се ставам може ќе ме кикне и демек го гледала само за да го 'намами'. Ја чисто сумњам дека тоа е така, ама и да е пак е претпоставка и он прво треба да отиде па после да коментира. Вака ми делува на изговор за да не и пријде. (Некои па приоѓаат без проблем и немаат гајле. Али пак мислам дека најголем дел од времето запознавањето е преку некого или пак во средини како исто работно место или факултет.) Така да не знам, најверојатно се пропуштаат огромен број на шанси меѓу луѓе што топ би си одговорале и се тоа ради (грешни) претпоставки и слично. Ама да се надеваме дека на секој ќе му се погоди евентуално .