Се плашам дека после ова никој дечко не би сакал да биде со мене дека истото ке се слуучува со секој следен кога ќе му кажам...
Кога ќе бидеш во можност да се видите повторно, пробај да извлечеш некои работи за него. Убаво е тоа што си била искрена, зависи од него дали ќе може тоа да го сомеле у глава. Најдобро пред се е да помине време од признанието, тој и понатака посекако ќе те мерка онака оддалеку. Прашувај повеќе отколку да даваш одговори. Така ќе дознеш нешто и за него.
Нема, ќе имаш и личност која ќе премине преку тоа и ќе ја цени твојата искреност. Грешката си ја направила и поминала, ја признаваш и продолжуваш напред. Оптимизам ајде малце
Па да, оптимизам, и јас као машко би ја ценел твојата искреност , искрено. И посекако би ти дал шанса во секој случај.
Епа тука лежи зајакот. Сите бараат некоја искреност и кога ќе ја добијат не им чини. Според мене, ок е што си му кажала на почеток. Бар гледаш и ти со кого си имаш работа. Очегледно типот се исплашил, мисли дека ќе му донесеш проблеми итн. Секој заслужува шанса и никогаш не е касно за нов почеток. Ќе си најдеш и ти некој кој ќе те прифати со сите доблести, маани, минато јер, нели, не се родивме вчера
Ау епa ништo гoлемa си. Викни гo нa кaфе, гaрaнт ќе те прифaти, a и дa не испaдне нештo кaкo штo требa oд рaзлични грaдoви сте, немa дa гo сретнеш никaде зa глупo дa ти биде.
Речи му никогаш јас вака не сум правела само да пишувам со некого, секогаш сакам да ја запознам личноста, реален разговор да биде. Па би требало да спомне тој да се видите.
Па ако сакате да отидете чекор понапред едниот ќе мора да пропатува 3 саати. Ако не па сварете си кафе по дома и пуштете камера и така..
Кој те сака ќе те прифати таква каква што си со сите доблести и маани.Ти си можела да сокриеш и да прикажуваш нешто што не си,ама си испаднала човек и искрено си му раскажала за се’.На него е дали знае да цени искреноста и тоа ќе ти покаже каков е навистина.
Твоето минато со албанецот и целиот тој случај гледам дека многу ти ја разнишала самодовербата. Затоа девојче прерано се, стрпи се нека помине некое време не можеш туку така да влегуваш од врска во врска. Не сме никои да ти судиме, твој живот, сите правише грешки ама ти кажав и порано си направила најглупавата грешка што може било која девојка да ја направи. Сеедно јас мислам дека секој заслужува друга шанса. Само треба да помине некое време, работите ќе се средат. И добро бе луѓе, она што мене најмногу ме иритира, од каде таа потреба да им се правдате на мажите? Да, ако не му кажеш ти ќе му каже некој друг ама и затоа ти го дадов советот погоре да чекаш да стивнат, да се смират работите секој трач за 3 дена, се се заборава. И да, едноставно немаш потреба на било кој маж да му се правдаш за твоето минато. Ако и пред него си реагирала како тука на форумот, без навреда ама по малку делува очајно. А на овој од факултетот не го барај повеќе. Вистинскиот маж нема да го интересира твоето минато, туку иднината.
Денеска симпатијата ме сретна додека разговарав на телефон и јас коа го видов се пренесов во него набрзина и исклучив на другарка ми, се гушнавме и тој ми вели:”сериозно исклучи за да збориш со мене” демек очекувал само да го поздравам и ја мртва ладна”да нормално”.Се сврте и ми вика “ооо дооообро” ама рекацијата беше суперрр.Многу е фин и е како дете,но не е глупав,што сакаше да ми каже со муабетов шо го потенцираше?
Зашто немам среќа? Машкиве ми велат не сум сипатична воопшто, порано кога бев помала ме зезаа дека сум машко, сум личела на машко, грда сум била. Какви девојки сакате? Заради изгледот мислам дека не ми се пуштаат машките. Висока сум, слаба, но тело немам.Ме зезаа и ме викаа кривата,Ова ми го имаат неколку машки кажано, дека не личам на девојче.Немам гради, буквално сум рамна,и бев за потсмев, освен тоа ми имаат неколку машки кажано, а и женски дека и лицето не ми е баш убаво, што до негде може и е така, или бившиот како што често знаеше да каже-не си ни во просечна, ниту топ 10. Имам машки црти на лицето, не ми се баш убаво распоредени, забите ми се раздвоени, чуден нос, и дупки по лицето, го средував ама џабе Ми велат, немаш ти мило и убаво нежно лице Многу ме навредуваа, ме споредуваа со разни ликови. Истиве овие машки сакаат убави девојки, немам финансии убаво да се носам и најчесто носам фармерки, имам еден пар, хеланки, маички ништо посебно. Дали според вас ова е причината што не ми се пушта никој? Некако како жалче да ме гледаат така се осеќам.Имам само средно 3 години, не знам кај згрешив, но како сите да се тргаат од мене. Многу ме здоболе, момче што го свиѓав, ме адд на фб, збориме вика мести ми ја другарка ти преубава е.. Ми се има случено бившиот шетаме и да загледува др поубави и да коментира. И сам кажа, нема работа за тебе не си убава, секој убавина сака, ти немаш воопшто...
Зошто и самата придаваш значење толку на физички карактеристики,надворешен изглед...не треба воопшто да се замараш со тоа ти си таква каква што си и не можеш да се смениш како и сите ние освен да легнеш под нож и со пластични операции да добиеш лик што би им изгледал како лесно дофатлив плен на сите тие плитки момци со кои до сега си се занимавала.Биди позитивна,не им придавај многу значење на туѓите коментари,луѓето секако ќе зборуваат јас за разлика од тебе сум “надарена” со облини лице и сето тоа ама оние на кои им сметаат твоите внатрешни карактеристики и предности ќе најдат начин да те огрднуваат за да ти се намали самодовербата што гледам според муабетов дека ти е сведена на нула.Затоа глава горе,опкружисе со луѓе што ќе те ценат каква си навистина а не колкави ти се градите или дали носиш брендирана облека па така ќе си најдеш и паметен дечко.
Фала ти многу на советот, инаку и девојчиња ми имаат кажано дека не сум ништо посебно, сега тоа е. Имаше едно момче таман го бендисав, ајде на фб и ме видел на слика со другарка, вика мести ми ја се заљуби во нејзе. Карактерно верувај ми не сум дигната или идиот за да ме мразат, не знам што им згрешив и зашто вака се однесуваат со мене.
Му го имам најдено крајот Беше многу дигнат и недостапен,се расправам долго време со него,во последно забележувам позитивни знаци.Фалаа на советот
Јас цел живот патам од женски, и од глупави “машки” ако може така да се наречат а да не го навредам машкиот род.Гледај поинаку на нештата,можеби во моментот те повредува тоа што конкретно тој што ти се свиѓал се заљубил во другарката но кога ќе гледаш од друга страна тој се заљубил во слика а не во некој што го знае и комуницира.Така да,не им се радувај многу на тие минливи работи,туку бииди среќна што не те гледаат како предмет што треба да го уживаат и да го баталат кога ќе им текне.Колку години имаш?