Имав,ама што ако имав кога ме повредувале,тогаш го запознав овој на кој не му верував многу зошто се плашев да не ме повреди а и да да не се расипе пријателството иако го сакав со сета душа,ми кажа дека ме сака а потоа се појавија многу личности кои ни расипаа се што имавме за на крај јас да испаднам крива.Да, бев крива зошто напнував и барав да ми каже кој е проблемот.Да бев крива зошто му кажав дека го сакам.Будала сум,можеш да го кажеш и тоа не ми пречи,знам дека е така.Но се да исчезне преку нок.Последната вечер кога правевме ннормален разговор се беше во ред дури и претеравме со смеењето а утредента повеке го немаше тоа.Да криза е ама да не се исфрла на мене а со други да се смее.И заслужив одговор а не кутење па да ми пиша кога му текне.Не го барам ама сакам да ме побара да му кажам како се чуствувам.
Но ова ништо не менува околу претходното што ти го пишав. Ако ти сметаш дека си заслужила, не значи дека ќе го добиеш. Очигледно е дека се’ зависи од него, и тој ја има предноста во ситуацијава. Но дали и како тој гледа на овие работи, за жал, не можеш да дознаеш никако поинаку, освен да оставиш на времето. Се’ друго што би направила ќе те прави само нетрпелива, и може само уште толку да исфорсираш непосакувана реакција од него.
Јапмен абе кажи и јас и, „ЈАС ОДАМ И ГОТОВО!„ нејзино е понатака што ќе преземе, јас искрено не верувам дека ќе ти раскине. Само остани си цврст, ете одморот ти е година дена унапред планиран, нема да го расипуваш заради едно неразбрано девојче. Кажи и дека несакаш да ја изгубиш и да се расправаш заради 10 дена на одмор, дека и таа ти значи но другарите ти се другари и тоа е твојата одлука, кажи и дека ќе ти биде криво ако се испокарате и раскинете поради ова, но сепак избираш да одиш со друштвото, затоа што тоа си е договор, тоа е друштво, а ти си млад, ехее има време кога да се влечкаат дечковци девојки по одмори Слобода пред се
Точно но не сакам се да пукне заради (не)познати причини и да бидам крива зошто на некоја трета личност и текнало да вмеша прсти во се што имавме.Е сега или нека ми зборува како што треба ако ми пишува или воопшто да не пишува ако се однесува како да сум подоле од губре. Да се однесувам јас така ке се лути,тој да се однесува вака јас ни со прст не можам да мрднам. Па шо сака нека прави
На женско не можиш да и го објасниш тоа. Ти ако сакаш оди и со железни гаќи и со катанец таму, таа пак ќе си мисли дека ти ќе ја изневериш. Едноставно кажи и. Заедно сте, ќе мора да ти верува на збор. Ако не сака, тогаш не би требало да продолжите. Барем јас така би направил. Фејсбук не е воопшто мерило за нечиј љубовен статус. Не треба по тоа да се водиш. А за тоа што е ладен, можеби му е таков периодот, или пак полошо, повеќе не му си интересна. Според мене, искрен разговор секогаш помага. Речи му дека сакаш да знаеш на што сте, бидејќи не можеш повеќе да чекаш него да му текне на тебе.
Променлив е како времето,денес сум интересна утре не да ти кажам право ми се гади од сето тоа,сепак фала на советот
Исто би се осеќал и ти да ти кажеше она дека ќе оди 10 дена на одмор со другарките, на Закинстос на пример, кај што врие од згодни и напалени странци. И тебе нема да ти е скроз сеедно, нели? И да не покажеш љубомора, малце ќе ја има, а ако ја нема тогаш мислам дека не ти е ни битно девојчето Не сум за љубоморни сцени во никој случај, ти викам не мора да се покаже таа љубомора, ама неизбежно е да ја осетиш. Одиш во Бугарија мислам.. сите знаеме каква е атмосферата таму, плус ми се чини, како што пишаа и другите, дека сте на почеток и искрено мислам дека нема да се воздржиш. Да беше долга, сериозна врска да, ама вака тешко.. Не те осудувам, едноставно ТАКВО Е МЕСТОТО и крај. Нема право да ти забранува у никој случај, ама не можеш да и објасниш, нема начин за тоа. Признај ни ти не си 100% сигурен, барем така ми се чини.
Нормално е дека машките први нема започнат разговор или флерт со некоја девојка, кога веќе има такви девојки кои слободно доброволно самите се даваат (не зборам во смисол на секс)... И при тие спонзоруши, нормално е дека машките би го одбрале полесниот пат, а за тоа ние страдаме останатите девојки кои чекаме машкото да го направи првиот чекор. Секако дека нема тој да го прави првиот чекор кога има веќе готови Спојлер глупачи кои самите се нудат... Вака сакам еден искрен одговор од машките: Што попрво би одбрале - девојка која е недостапна - во смисол слободна ама не лесна, или онаа која сама ќе ти се упика, ти се тупнува на секој чекор, те дави, те замара, едноставно плаче за внимание....?
Ако сакам врска, нормално дека би ја одбрал девојката која не се дава така лесно. А за тие што гњават, брзо ќе ми се здосади. Обично и не одам по такви, освен ептен ако кризирам.
Ајде сега и за мене еден совет. Моево не е нишо сериозно, но ме интересира мислење од машка страна. Не сум била во врска една година, ниту пак сум излегла со некого, значи врска без обврска попросто речено мување. Сум имала додворувачи во теков на целава година, но не сум девојка што се добива на чинија, сакам да одбирам, имам критериуми. Подолго време ми се допаѓаше еден колега од на факултет, имаме заеднички интереси, слични размислувања, ни оди муабетот едноставно. И најмногу ми се допаѓа што е пристоен, барем така изгледа, никој не можеш да го знаеш целосно каков е. Тој е од друг град, а јас живеам тука каде што студирам, но има потекло од мојот град и летово ќе наврати. Во саботата бевме излезени сите заедно колеги и ете испадна тој да ме бакне. Но, не разговаравме за тоа, едноставно убаво беше што конечно се случи да прсне некоја искра. Само ме попрати кога си одев дома и рече дека ќе контактираме. Искрено, јас не верувам на ниту едно машко, бидејќи не сакам да се разочарувам и да си ги кревам надежите за што било. Така и со овој случај, бидејќи мислам ако тој сака да има сериозна врска, ќе каже, кога-тогаш. Макар што знам дека ако машко сака да има нешто со некоја девојка ќе ја бара, вака или онака. Јас знаев дека му се допаѓам скоро цела година, ама не презеде никаков чекор бидејќи беше фокусиран на учењето. Е сега, не се плашам дека ја направив погрешната работа што му дозволив да ме бакне, бидејќи навистина ми се допаѓа поради сите негови карактеристики, а да беше некој друг немаше да има шанса. Туку, што мислите, ќе сака подоцна нешто посериозно? Бидејќи летово, можеби, а можеби и нема да се видиме, а од саботата не ме побарал бидејќи си замина дома му. Но, има една интересна работа што укажува на тоа дека навистина ја зборувал вистината кога рече дека сака да контактира, а тоа е дека до пред некое време го деактивира профилот на Фејсбук, и вечерта рече дека ќе го активирал и навистина го имаше. Значи што да мислам?
Yipman, седни ја убаво и кажи и - злато,срце, душо како и да ја викаш итн, се однесуваш стварно несозреано...Цело друштво оди на одмор, а јас ќе бидам црно јагне кој што не го пуштаат да отиде? да бидам еден од тие кои што на крај ќе го изгубат и друштвото и се? Треба малце да ми веруваш !!!!! 10 дена се, ти да сакаш да одиш на одмор некаде со другарки јас би ти правел проблем? НЕ !!! зашто сте женско друштво, што ќе правам јас таму? за да ти сметам? затоа смири се, 10 дена се !!! Дај размисли малце... Значи нешто во тој стил....само смирено ќе и објасниш....ако разговор не помага, друго мислам дека ништо нема да помогне ...
Yipman има некои девојки кои едноставно не сфаќаат. На мој близок роднина девојка му отиде со него на одмор со плус 7,8 момци. Значи единствено девојче беше, само да не ја изневери. Јас би играла вака- Како планираш јас и ти да бидеме заедно во иднина, ако ти сега ми покажуваш недоверба? Дали јас секогаш ќе морам да се двојам од друштвото за ти да не се плашиш дека ќе бидеш изневерена? Ако толку не ми веруваш ајде ќе раскинеме. Знам дека не сакаш да раскинете ама верувам ова ќе ја подзамисли, па ќе те остави на раат. Иако биди спремен од кога ќе се вратиш до детељ дека ќе треба да раскажеш се. Само немој да ти прави мака и да те спречува таа. Оди си со другарите на одмор зошто ако останеш со дотичнава ќе треба другата година да си правиш планови со неа.
Јипман, прво не и давај на знаење дека ако треба да бираш ќе ги одбереш другарите, зашто ќе збесне и ќе ја навредиш.Второ, објасни и дека ова бил план уште пред вие да сте заедно и не можеш сега да ги откачиш другарите заради нејзината недоверба.Речи и да се стави на твое место, како она би се осеќала ако ти така и забрануваш одмор со другарки што толку долго го планирала. Се фино, ја разбирам, ама за 5 месеци врска малку го претерува...малку повеќе.
Јас сум женско но морам да се вмешам..Слушај другар оди си ти на одмор па и да ја изневериш голема работа колку знам девојки што ги изневериле своите течковци па што тие и не знаат...А од друга стр.од кај знаеш дека таа ке ти остане верна додека ти си на одмор??? Затоа мој совет ти е да одиш и да си поминеш cool.. ,а фала му нагоспод има и др.девојки па и да ти се налути ке си најдеш другаа..поззз и убав проводд
Па мене прво што ми падна в очи во врска со дечкото е дека не е некој несериозен,по самото тоа што го исполнува тоа што го кажува....Е сега дали ке сака нешто посериозно,тоа не можиме ние да го знаеме Најдобро е ти да си направиш муабет со него и некако индиректно да му дадеш дознаење дека сакаш да имаш нешто повеке со него,па макар и да не е сериозна врска...Лето е ,мора некоја авантуричка да падни..Така да ,не губиш ништо Со срека
Интересно, наброја 3 причини зашто не би изневерил, а ниту една не е поврзана со девојката. Знаеш нешто од типот: ја сакам, не сум таков човек, не би ја повредил, ми значи бла бла бла.... Ако и неа вакви мубаети смешни и правиш, тогаш ја сфаќам. Дечко ми да ми рече: Абе злато уживај, во бугарија има болести, а јас сакам незаштитен секс.....тогаш во маало нема да го пуштам сам. Ќе си го пазам ко детенце да не направи беља Јас сум против забранување. Секој нека си прави како што му одговара, посебно во вака кратка врска. Moите дома не ми забраниле, а од нив сум зависна, а не пак некој друг да слушам. Ама прво треба да сте созреани и двајца и да се има доверба А не вака, ти - глупи муабети, она - изливи на недоверба = fail
Можно ли е да те сака а да молчи?Инаку цело време се смешка кога ке ме виде,поминува покрај мене цело време , ме гледа(понекогаш не) и сл. Ве молам за совет што да направам!!! Ви благодарам однапред!!!
Сакам да ве прашам како да му дадам дознаење на дечкото дека сум подготвена за секс ? Бидејќи договорот беше да кажам кога ќе сметам дека е време ( пред околу 10 месеци беше тоа ), но мене ми е малце безвезе туку-така да му речам.., повеќе би сакала некако да му покажам или да му посочам на тоа.. што мислите вие ?
Не ми е јасно колку простор има за срам/осеќање безвеза кон човек со кој ќе ја доживееш крајната интимност. По лично и интимно искуство од тоа нема, плус тоа штом ќе ти биде прв пат, ќе ти остане посебен белег (да се надеваме пропратен со убави сеќавања), така да .... Али ок, еве вака би можело да изгледа во физичкиот свет. Почни да му го бакнуваш вратот, стегни за газето, полека, но само малку почни да му ја раскочуваш кошулата, или стави рака под маица и гребни со ноктињата (ако има барем мал фетиш за нокти, со ова погодуваш центар)...Стварно би требало да свати кон што целиш. Во случај да не свати, златна програма MS PowerPoint, ќе му направиш фино лепо една колор презентација...