Фала ти на одговорот навистина ми значи. Во право си се си доаѓа во свое време може нашето уште не дошло, затоа што се уште не сме ја пронашле вистинската личност.
Бев излезена на кафе со едно машко. Почнавме муабет за тема мажи /жени. Рече дека секој маж можел да живее без жена, а жената не можела без маж..... Јас, цела прашалници....
Голем егоист. Запознај го подобро може сакал само фраер да се направи, ама сепак лош прв впечаток оставил. На која возраст е?
Како не може жена да живее без маж кога има илјадници жени кои се сами, исто како што има мажи-самци. Овај дечко или сака да се прави некој и нешто, или пак е никој и ништо. Обичен недоквакан мангуп на 26 години, а не е богами ни мал за да има такви размислувања. Батали такви типови со вакви леви размислувања.
Ме интересира какво мислење имаат машките во врска со : Да се гледат со девојка што има 20-21 год и да дознаат дека сеуште немалаа односи односно сеуште е невина,со оглед на тоа дека живееме во 21 век и уште на 15 16 години стапуваат во интимни односи како машки така и женски.
Па богами ако е паметен ќе го цени тоа. Сепак си поразлична од многу други и не се даваш така лесно. Чекај го вистинскиот момент. И сепак пази се, пошо има и такви кои само ќе бидат со тебе колку да го добијат тоа и да се фалат на страна каоо јас и бев прв бла бла...
Одма викам келнер сметка, оставам пари и не чекам кусур. На 21 година и се уште невина? Добро не ти е срам така невина да се шеташ низ град у 21ви век? Се мислам како ли ги избегнуваш осудувачките погледи од луѓето или едноставно ги игнорираш? Резил човече. Ја би шетал со главата надоле. И од школо би се префрлил вонредно да учам само да не го трпам тој срам.
Хахахах да не биде грешка сфатено,нигден не реков дека е срам туку можам да кажам и дека е гордост барем кај мене со тоа што наоколу сите си се е*** со кој стигнат прашањето ми беше какво мислење имат кога ќе чујат за тоа, дали си велат е оваа ќе си ја чувам или оваа не е искусна бла бла бла
Јас би се срамела да сум на твое место. Не затоа што си невина, туку затоа што си толку плитка да ги осудуваш другите дали ја чувале или изгубиле невиноста.
Невина, не невина се додека размислуваш вака нема да најдеш некој кој вистински ќе го цени тоа што ти бараш да го цени.
Никој не осудувам за тоа дали си ја чуват невиноста или не,секој си знае самиот за себе кај мене само не дошла до ситуација и прилика да имам однос со некој што ќе сакам и ќе ми биде убаво
Ако те сака ќе те чува и вака и онака. А ако сака само да те плесне, исто така сеедно ќе му биде. Иначе за машко не е проблем ако девојката нема искуство. Имам многу другари, дури и такви што од викенд за викенд гледаат да смуваат некоја и никој не ми се пожалил затоа што налетал на некоја неискусна или девица. Напротив, некои ми се фалеле дека и биле први на некоја (ај да не го кажам урганиот збор).
Што има да се правдаш си кажа што мислеше и готово. Ќе им се правдам тука зошто и како. Терај си со животот , тоа е твоја одлука што ќе правиш во животот.
Прво помислив дека е нешто под 20, ај нормално е тогаш е сеуште во тинејџерски филм. Ама на 26 ваков муабет не ќе е на добро, подобро оддалечи се додека е време