Мислам дека и тоа му е целта а јас не сакам никаков контакт со него повторно, затоа и го избришав од секаде.
Па само ме интересира мислење, кои би можеле да се причините. Не значи дека тоа него ќе му го поставам како прашање. Затоа прашав тука. Фала на одговорот.
Во ред ќе беше доколку дадеше некој совет пријател, а вака како што го напиша покажа непочитување и кон членката која побара совет и кон дечкото кој е вклучен во приказната. Можеби ти се шегуваше ама ова е невкусна шега. Покажи барем почитување кон членката и кон нејзиниот проблем ако веќе не можеш да и помогнеш и да и дадеш совет. Поздрав и размисли за ова што го напишав. Можеби немаше намера ама на ваков начин можеш да навредиш некого.
У право си, ама да ти кажам проблемов шо го пиша девојчето со цела почит спрема неа, не спаѓа у ниедна група на проблеми, само по себе не е проблем и неможе да биде,тргна муабетот на шала па се пошалив и јас...никаква замерка апсолутно неам спрема тебе ти си у право, ама дека е ова е проблем одговорно тврдам дека не. Сега малце другарската да ја увалиме...ај молим те кажи како би и ти помогнал околу овој да кажеме тежок проблем? се кул се океј нема од мене фрка уопште
Инаку ова беше добронамерно кажано не сакав да се правам паметен и да те оцрнувам пред останатите. Можеби за мене и тебе не е проблем. Но девојката можеби се чувствува вознемирено . Од каде да знаеме ние што се случувало помеѓу нив двајца. За секого неговите проблеми се најтешки пријател. И се надевам дека не ми се налути. Инаку доколку не сака да има ништо со него повторно нека го игнорира.
Воопшто не се лутам, убаво постапи тука сме и да си помогнеме и скроз разбирам и нема никакво лутиш него напротив вадам гајба грч ладно пиво и ајде бујрум сите ве чекам
Здраво,мислам прв пат пишувам во темава и тоа со причина.Имам 22 години ми се здосади се буквално,журки,забави,другарки,се се и сакам да имам дечко.Многу сум срамежлива неможам да му се приближам на некој во живо,тоа никако.Барам помош како да се опуштам барем да почнам да му пишувам на некој,да имам поголема самодоверба искрено не можам да поверувам самата на себе дека некој би се заљубил во мене.Како да стекнам поголема самодоверба,што да променам?Како да се облекувам,провокативно?Да ставам такви слики на инста?Што би ми помогнало?Поради една тешка невозвратена љубов испадна вака,да не се сакам самата себеси,ама тоа е ќе помине.Како да започнам разговор со некој?Да му лајкнувам или детстко е?...
Со тоа што нема да очекуваш ништо и со тоа што ќе ги доживуваш сите околу тебе, како рамни на тебе. Што може најлошо/најстрашно да ти се случи? Да те исмее? Да те одбие? Замисли го како врши голема нужда на шоља, и ќе видиш колку сите сме ... обични
Да не се менуваш за ништо и за никој, само да поработиш на самодовербата. Какви што сакаш ти слики ставај, како што сакаш ти облекувај се, каде што сакаш ти лаковај без да се стресираш убаво рече Wild сите сме луѓе. Тој што ќе те прифати таква како што си само тој и те заслужува.
Прашањево е малку необично... Дали би заминале да работите надвор од Мк или би и се придружиле на девојката да живеете со нејзе во главниот град? Со се обезбедено: работа и смештај. Знам дека е индивидуално, но ми треба мислење, може и лп.