Оти по 7 месеци му текнало дека пак сака да 'те има'. И првата шанса кога ќе му здодееш, ќе ја искористи за повторно да те навреди.
психологија е тоа секогаш е послатко тоа што е недостижно. истото се случува и кога е во прашање нешто што е "забрането" балдска/девер или пак жена/девојка на најдобар другар/ка. мој другар беше луд по балдската и таа даваше ишарети. затоа немој одма да се отвараш биди малку онака на дистанца.
Од авион се гледа дека крие нешто.Јас не,ама имав другарка со врска на далечина.Сто посто има нешто тука верувај
Значи вака сега, скоро 2 месеци се допишуваме и се тоа супер ни идеше муабетот. Од пред 1 година се знаеме ама последниве 2 месеци секој ден се допишуваме. Месец ипол се договаравме за да искочиме, он беше иницијаторот и кога ќе дојдеше на време за да искочиме го одолговлекуваше тоа. Сеа на 2 едвај се случи да се сретнеме, разговаравме за се и сешто, додека да трепнам поминаа 2 саати. Оттогаш се слушаме на телефон и се тоа. Он е од Куманово, а јас од Скопје. Пред неколку дена ми викаше да сме гледале филм, јас да одберам неколку и после заедно да одлучиме кој да го гледаме. Не ја разгледав кино програмата бидејќи знам дека пак ќе најде изговор. Му го кажав тоа дека не е сериозен и малце се навреди дечкото, и ми вика а ко божем ти си сериозна. Не знам што му е. Од една страна вика едно, а од друга страна друго прави. Пак на 28 ќе дојде рече, ама и тоа не е сигурно. Малку ми е досадно ова со пишувањево пошто скоро секој ден истите муабети ги правиме. Што праиш, као си, шо има ново... Ми се свиѓа не е дека не, и он ми кажа дека му се допаѓам ама па шо знам. Ќе може ли да ми каже некој шо уствари сака дечково?!
Направи брутално искрен муабет со него кажи му дека ти се допаѓа и се што ти лежи на душа и што би сакала да му кажеш. Изгледа дека чекате некој прв да ги отвори картите. Само така ќе дознаеш што мисли секако доколку е искрен со тебе. Мислам дека на овој начин единствено може да ги одредите вашите позиции.
Ми кажа дека демек сум му се допаѓала и јас му признав дека го свиѓам. Кога се сретнавме на 2 го прашав зошто цело време иницира нешто што подоцна го одолговлекува. На крајот испаѓа као да не сака да искочи туку се занимава со мене чисто онака од досада. Ми кажа дека немал пари пошто не работи, не е дека не може да се снајде од некаде ама со 200 ден. не се искача. Според мене ова беше задоволителен одговор, но имам чувство дека уште нешто друго крие. Иначе фала за советот.
Следниот пат предложи му да прошетате. Не мора да одите на кафе/јадење, доволно е една прошетка во центар или парк. Колку да можете лице во лице да зборувате и да се запознаете подобро. Ако повторно одбие и оддолговлекува има и некоја друга причина. Тогаш одлучи што понатака.
Дечки имам сериозен проблем. Вака, 2 недели пишувам со еден дечко кој го знам од пред 1 год.За тие 2 недели излеговме два пати. Јас мислам дека тој болно се заљуби во мене.Значи не сме во врска ама цело време ми зборува дека ако го повредам дупло ќе ми врати, ќе ме уништи, ќе ми дојде пред врата у сред ноќ, ќе ми прави проблеми у школо.Ако сум нашла друг ќе направи се за да од срам не излезам на улица никогаш нема да се тргне од мене итн..Дури ми наредуваше да го бришам бившиот од фб како лудак е а НЕ СМЕ ЗАЕДНО. Ми раскажа дека порано имал лошо искуство ама ја не ни сакам дс бидам со него.Може ли да ми кажете како најлесно да се откачам од него без да ми прави скандали во животот, како да постапам?Многу се плашам дека е спремен се да направи а јас само сакам да се тргнамод него.Најстрашно е да не ми дојде дома.
Леле ваквите машки се тешки сељаци каде си го нашла..Нема ништо да ти направи само лечи комлекси и пумпа его пред тебе со цел тебе да те спушти он да е над тебе. Ќе му ја кажеш вистината дека не си спремна за врска и дека ти делува нападно, не сакаш да почнеш ништо..Крај краева постои и забрана за приближување.
Дали ако некој постојано ви пишува а не му враќате и ви вели дека можеби не сакал да биде со вас сакал само да се 'дружите' и нонстоп ве замара вели да излавате со него ве свиѓа? Секако дека не ме сака ама сакам да знам дали постои некоја привлечност или се е лага
Ако те замара и не враќаш на пораките, не е битно дали има привлечност. Треба е да имаш твои погледи и очекувања од личноста, односно да знаеш што сакаш.
Мислење од машка перспектива, Во врска сум некое време, али малце ни е опен рилејшншип. Комуницирав со еден тип тој ми се додворува веќе долг период знае дека имам дечко но упорно не се откажува ме вика постојано за излегување, на пораки многу често не му враќам мислејќи дека ке се оддалечи. Мислите дека е има сериозни намери бидејки искрено 7 месеци упорно пишување не знам веќе ни на што да мислам, или совет да го откачам али на некој културен начин не би сакала да се карам или слично, не ми згрешил ништо...(али би го пробала бар еднас не викам не)
Зошто машко не би му кажало на своите родители дека има женска ( не е машко има 33години...) кога го прашав се налути и ми рече шо има да знаат тие? Т.е.ни другарите ни никој не знае за мене....
колку време сте заедно, ако сте повеќе од 3 месеци, тогаш да знаеш дека нема некои сериозни намери во врска со тебе и вашата врска. Ова е мое мислење и не е во ред да те крие, тоа исто значи дека има и други некои во опција, спред мене, но не мора да значи дека се гледа и со други.
Можеби едноставно не е близок со семејството негово, не споделува се со нив. Не значи дека те крие..ако излегувате во јавност тогаш нормално дека не те крие. Но, дали гледа несериозно на врската тоа треба да го прашаш. Разговарај отворено, особено ако ти сакаш сериозна врска со него.
јавно не значи и само да одиме по кафиња, ресторани, барови, паркови, наваму натаму, а притоа да не знаат за нејзе другарите и родителите. Тоа за мене е криење, непочит спрема нејзе како личност, а после и спрема врската. Крај краева 33 годишен е, како може да не му биде мило да ја носи секаде со себеси it makes no sense
Најверојатно се уште се на почеток, можеби само сака да се осигура пред да соопшти на другите. Ако се подолго време заедно и тој не ја претставува како девојка, тогаш отворено нека разговара со него како што и посочив.