2 години немаш контакт со некој сакаш да го побараш ама не можеш + заљубен е во друга, постои ли некое решение?
Знам како е... ама тоа што не си нашла нов, значи само дека не си нашла некој што ти одговара, а не дека само тој од пред две години чини. И јас имав таков период. Не сакав некој, сите ми беа одмилени. Излегував со дечки, не да не... ама не можев со никој ништо повеќе од еден бакнеж... Додека не ти влета некој па да го фатиш да го искиниш со заби
Глупаво ли би било да го побарам? Еве не знам имам некој инат и гордост и не ми дава... Си викам ќе изгледам патетично, немој не се погазувај не ти личи...
А мислам и ништо нема ни да добие. Сите сме имале вакви ситуации ама мораш да се воздржиш. Џабе го бараш, океј ке го слушниш само уште повеќе ќе се измачиш и да си дадеш некоја бледа лажна надеж. Јас да сум на твое место не би се јавила
Па може нема дирекно да ја одбие, ама ако му речеш да се видите може филмови да ти прави зафатен е, обрски има и сл. И на крај да испаднеш понижена. Не го заслужуваш тоа верувај
Ако не се видите, а вети.. ќе знаеш 'колку е саатот' . Додуша.. јас зборувам за луѓе во кои не сум заљубена... туку ми се 'за занимација'.... Може ако е поинаку и тешко да биде ... во право си...
Малце се збунив, женските кога одбиваат машките треба само да се откажат, но кога машките одбиваат нешто не е во ред со нив? Едноставно е, и женското и машкото има право да не свиѓа некој/а како што има и право да биде упорен но не и напорен. Само мое мислење (иако сум женско ).
Секое мислење би било добредојдено. Дали би искачале со познаник на ваш бивши партнер? Неодамна искочив со дечко кој што се знае со мојот бивши со кој што идевме прилично долго.Тој самиот беше иницијатор на тоа да искочиме прв пат иако знаеше дека сум му бивша на негов пријател. Вчера дечкото ми пиша дали сакам да искочиме да пиеме кафе, му реков може но сега се двоумам.Искрена да бидам дечкото ми се допаѓа но не би сакала да испаднам идиотка спрема бившиот и несакам да бидам погрешно сватена во ничиј очи.За жал откако ја прекинав врската со кој и да искочам се знае со мојот бивши и малце ми е непријатно поради тоа па се одалечувам од луѓето и неможам да стапам во врска бидејќи се осеќам како обележана кај и да идам ме познаваат по него.. ( скоро 1 ипол год.сум сама) како млада девојка имам потреба за љубов но ете...
Па што ако го знае. Да живееш во мал град секој со секого се знае, тоа не значи дека треба да се преселиш. Тој знае дека ти си била со бившиот и сака да излезете, значи не му значи ништо тоа. А и не треба да му значи, секој има свое минато. Ако ти се допаѓа дај му шанса, па види како ќе се одвива работата.
Дали некој може да ми го објасни следното? Дали е до денешницава, 21 век, дали е до мажите или до жените. 6 месечна врска заврши пред еден месец, не жалам ама се семам на причината. Досадно му било. -Што е тоа што женскиот пол треба да го прави во врската за да не е досадно и да не е доста?? Да издава циркус? - Што го прави еден маж да го привлекува една жена? Велат колку понедостижна толку позалетан тој за неа. Ја пробав така а бившиот ми вели не бива со тебе сериозна врска ???? Мислам што? Да застанам на глава?? - Се допишувам со еден дечко од друг град и поради некои причини не можам константно да враќам или да зборам на тел тој кога сака, прво се лутепе не знаж што мене ми годеше тоа а сега го снема чивекот се изгуби вп денот 2 пати враќа. Ало човеку што да направам за тебе? Што е со маживе. 20 години еден маж не успеав да сфанам. Како слепа за стап. Прашањата од типот како да знам дали ме сака, дали е заинтересиран, дане сум досадна дане не сум се е тоа пренапорно. Не знам стварно како да се успее во една врска, а пред да се успее како да најдеш машко што ќе го освоиш. Како???? Без минич и деколте?