Мој совет од машка страна за женските би бил да ги охрабрат оние машки кои немаат храброст први да и пријдат на жената,а им се допаѓа.Дајте им некој знак дека сте заинтересирани за нив,а ако и тоа сигнализирање не помага поради преголема срамежливост на машкото бидете уште поотворени во обидот да му помогнете.Зошто има машки кои ептен се кукавици па им треба сигурен доказ дека ви се допаѓаат,а и од неискуство можеби не умеат да ги процитаат ишаретите и знаците.Дајте му шанса и на таков ут без разлика колку има години..Подајте му рака или поканете го на пијалок,било што или кажете му дека ви се допаѓа или дека сакате да бидете пар.Тоа нема да биде знак дека вие сте зависни од него и не можете без негово внимание туку начин како да го опуштите,да го ослободите од стравовите.Знам во традиционално општество како нашето правило е машкото да ја преземе иницијативата и ако не го стори тоа ќе го етикетираат мнозинството како слабак и ќе резонираат ако овој нема храброст за ваква ситница да биде похрабар што станува за посериозни работи во животот кои би требало да ги преодолее.Ако го охрабрите преземајќи го првиот чекор сигурен сум дека ќе бидете наградени со ретка љубов која постои само во бајките,ќе го преврти светот за вас.Откаде знаете,можеби грдото пајче ќе се претвори во лебед после охрабрувањето.
Колку и да ми се допаѓа, не ми треба маж во животов кој е кукавица да ми пријде. Ако нема храброст за тоа, што останува за останатите животни предизвици?
Дури и ако во животот не ни допрел девојка? Мислам не држел девојка ни за рака а камоли да ја баци...Ако и за таков човек се придржуваш до истото мислење тогаш ти си жестока и сурова што не го разбираш сензибилитетот на таквата душа...Сети се какви ти биле чувствата кога првпат си фатила некого за рака или си се бацила...Или ти си претставник на помлада,побесчувствителна фаст-фуд генерација која не ја интересира што се случува во душата на таков човек,стравот да не погрешиво нешто,дали се ке биде во ред...Страшно...Немам зборови,жал ми е што морам да го кажам тоа.
Ич не сум принцеза. Сум давала знаци, сум пишувала прва. Ама ако треба уште и да го запросам, ноу тенкс. Пошо ќе треба после и венчаница место костум да облече и може поубав од мене да е на свадбата и нема да бидам “центар пажња”.
Чим си приоѓала прва, не знам зошто го напиша првиот пост воопшто? И зошто да не го запросиш ти? Или запросување за тебе е исклучиво да клекне некој на колено и да извади прстен? Многу ми сте чудни за некои работи...
Зашто дечкото пред мене напиша дека и да пријдеш прва, и пак да пријдеш, и директно да му кажеш дека ти се допаѓа и да го прашаш дали би сакал да сте пар?! Е ова ми е ту мач. А за запросуввањето да, тоа е за мене да клекне и да извади прстен. Се друго е ствар на договор и не го сметам за запросување. И btw, јас прва приоѓам ако мене ми се допаѓа.А ако јас му се допаѓам некому и тој не покажува, како побогу јас да знам дека му се допаѓам и да го охрабрувам?
Би го прашала, ако сакам нешто. Е видиш, јас сакам бракот да биде договор. Ние се договоривме, па си купивме прстени еден на друг. После клекна на колено, ама чиста формалност беше тоа.. и во приватност. Само ние двајца. Да ми се појави со прстен, на недоговорено, па уште и да е на јавно место, ќе си отидам. Мажење е една од најголемите одлуки во животот, без договор... нема шанси.
Супер девојко,ти многу далеку отиде со женачкава...Никој не спомна ништо такво...Или ти мислиш дека работите би се развивале по такво сценарио? Не си ласкај толку...А ако веќе станете пар и дојде до тоа работата зошто мислиш дека дечкото веќе не ги надминал стравовите и дека нема сам без проблем да те запроси?
Затоа што ако до таа возраст за да ми стане мене партнер не ги надминал, тешко за понатака. Немам јас 15 години, па да се работи за тинејџерски стравови, зборувам за оформени личности.
Па ако навистина така мислиш,твое право.Не сакам ни да го оспорувам ни да пишувам уште аргументи зошто не си во право зошто видов веќе колку е саатот и што и да напишам понатака ќе биде залудно.Колку луѓе толку и мненија.Секој си има свој агол на гледање на работите и го почитувам тоа,а за тоа што сметам дека е плиткоумно расудување токму поради таа причина не сакам повеќе да пишувам и затоа ти викам,ваја кон Диос.
Не е важно кој ќе пријде прв. Јас никогаш не сум собрал храброст да го превземам првиот чекор, ниту пак сум бил во ситуација некоја девојка да ми пријде. Така да џабе млатиме празна слама. Или знаеш да се додворуваш или не, имаш храброст или немаш храброст, имаш самодоверба или немаш самодоверба- трето нема.
Ајде машки ми треба ваше мислење...ако некое машко е воркохолик дали и ако му се допаѓа некоја девојка нема ништо да превземе околу тоа и сеуште ќе си ја гледа само работата или сепак би направил нешто за да и го покаже тоа?
Јас се гледав со таков , верувај на 3 места работеше и пак наоѓаше време за да пиеме кафе барем еднаш во неделата. Зависи и од причината која го натерала на тоа. Али сепак стави се на негово место , ако некој ти значи ќе одвоиш време барем и 5 минути.
Здраво.Јас воопшто немам среќа во љубовта.Знам дека сум млада имам само 19 години,али ете кога станува збор за ЉУБОВ јас ич немам среќа.Ми пишуваат многу ама никој не ми се допаѓа.Имам излезено само со двајца кои баш ми се допаѓаа али излезе дека тие се bad boys.И сега ми се допаѓаше еден шо ми праќаше слики,ми лајкнуваше нон стоп па и комплименти ми даваше али пред некој ден го видов како оди на дејт со една девојка.До кога веќе вака ?
Те читам од пред некое време. Повеќе пати имаш пишано дека немаш љубов. Така лесно не се наоѓа љубовта, остави сама да те пронајде. Секој кој ти лајкува/коментира не го гледај како потенцијален дечко. Со тие што ќе ти се погоди енергијата, излези, дружи се, без големи очекувања. Ако прерасне дружбата во љубов, супер, ако не, продолжуваш понатака дури не пронајдеш некој со кој ќе се поклопуваш на секое поле. Сигурно си искусила она кога бараш нешто а не можеш никако да го најдеш е веќе кога ќе престанеш да го бараш само ќе се појави од некаде. Така и со љубовта.
Ок барам мислење за мојава ситуација. Пред неполн месец летово, се запознав со дечко од странство, имавме преубава вечер заедничка, за жал утредента си одеше. Многу забавно си помианвме, со муабети и разменување по некоја нежност. После тоа си пишувавме недела дена и муабетот заврши (тој беше на ред да врати, последно го прашав како си поминал во х град). Имавме правено муабети јас да го посетам, да земам карти за нареден месец итн. Не сум нешто потресена или залетена, не сум тинејџерка и имам поминато доста работи, но сепак ќе ми беше мило да продолжевме контакт, па и да му појдев на гости (ако ништо друго ќе се прошетав хах). Од тогаш поминаа скоро 3 недели. Дали тоа е тоа и да баталам се околу дечково или да пишам. И ако пишам, што би пишала?